Дијаспора

НА 7 АВГУСТ 1962 ГОДИНА СЕ ОСТВАРИ ИДЕЈАТА ЗА СВОЈА ЦРКВА ВО ТОРОНТО – ДЕЛ I (10)

1dositej

1ob

Во ова продолжение за читателите на порталот „Македонска нација“ ќе претставиме дел од висината за првата македонска православна црква “Свети Климент Охридски“ во Канада, стожерот на најголемиот број активности што Македонците ги развиваат во Торонто, која оваа година слави 55 години од постоењето 

Имено, идејата на “Обединетите Македонци” полека но сигурно, станува стварност. Првиот чекор е направен 1962 година На големиот и славен ден Илинден, се одржува состанок во хотелот “Кинг Едвард” во Торонто, кога на општо задоволство на сите присутни е донесена одлуката, што израсна како круна на заедничкиот договор и на решеноста за изградба на прва Македонска православна црква во Онтарио, во Канада, што ќе го носи името на учителот, просветителот и светецот Климент Охридски.

Оваа одлука ги сплоти патриотските срца да чукаат во еден ритам Оние четириесеттината што ја имаа ретката прилика во хотелот “Кинг Едвард” да кренат два прста за градба на црквата “Свети Климент Охридски” беа гласот на народот. И претходница на она што допрва ќе следи. Тие честити синови знаеја дека само сите заедно ќе може да го градат и изградат, и да му се радуваат на светиот дом, што ќе никне набргу во пазувите на престолнината на онтариската провинција – Торонто.

Радосниот миг на состанокот кога се донесе значајната одлука го сподели и првата делегација на обновената Македонска православна црква, предводена од неговото високопре-освештенство, митрополитот Злетовско-струмички господин Наум од протаставрофорот Кирил Стојановски и од г-дин Ванчо Андонов. Беа договорени најважните работи околу МПЦ “Свети Климент”, a сите заминаа со ветувањето таа да биде што побргу подигната и д се вишнее во демократска Канада.

2obНабргу потоа, следеа писма, преписки, барања и извештаи на црковното настојателство, со кое тоа информираше за преземените работи и за постигнатите резултати кои беа се повидливи, безмалку, со секој нов и со секој изминат ден. Луѓето постојано се интересираа кога ќе може и тие да го дадат својот лридонес за црквата, бидејќи неизмерна е радоста што ќе ја градат сите заедно.

На четвртиот илинденски пикник, на тоа големо традицио-нално заедничко прославување на големиот национален и верски празник во организација на “Обединети Македонци” се собраа илјадници луѓе, за да се веселат и да ги видат најблиските луѓе, да ги видат роднините, далечните, пријателите и да ја поздрават високата црковна делегација од стариот крај.

Преосвештениот владика, дедото Наум со свештеникот Стојановски најпрво одржа панихида за паднатите храбри борци во илинденската епопеја, а потоа, владиката Наум пред насобраниот свет го прочита писмото што го испрати Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква и одржа беседа која со огроино внимание беше проследена од страна на сите што дојдоа на пикникот. Притоа, силно одекнаа зборовите: 

„Вие сте достојни да му изградите на Бога храм во Торонто”, порака што ги разбранува душите кај присутните и ја зацврсти решеноста да се оди неотстапно до крајот и, да се оствари целосно Света е како што е света идејата и како што е неотстапна одлуката која на собирот на 29 јули 1962 година беше едногласно одобрена Силни, многу силни аплаузи се разлеаја од Македонците, кога ја соопштија одлуката говорителите, оиие што излегоа на бината за да го поздрават насобраниот народ.

3obКинг Едвард хотел во Торонто

Ha 7 август, 1962 година како што рековме, се одржа основачкото Црковно-народно собрание во хотелот “Кинг Едвард”. Тоа што го предложија присутните, донесувањето решение за формирање на Македонска православна црква на илинденскиот пикник, тука беше со најискрено воодушевување прифатено и поздравено. Меѓу најважното, беше решено: новиот духовен храм да биде составен дел и под јурисдикција на Македонската православна црква.

Довербата во првото раководно настојателство ја добија: претседател Спиро Сандерс од Желево, Леринско, потпретседател Коста Ендрус од Граешница, Битолско и Павле Базел од Ошчима, Леринско, свештеник е Кирил Стојановски, а секретар Дан Папас. Собранието го усвои и правилникот на црквата според кој, таа е дел од Македонската православна црква и е под нејзината закрила и припадност.

Првата   богослужба   на   новоснованата Македонска православна црква што ја  богослужеше владиката дедо Наум, како популарно го викаа, се одржа на 12 август 1962 година во Желевската сала. Повеќе од 400 души дојдоја да присуствуваат на тој толку долгочекан настан, кој веќе се вброи во оние најважните од црковниот живот на Македонците во Торонто.

Свеченоста го збогати и со првата крштевка што ја изврши отецот Кирил Стојановски. Една недела подоцна на 19 август 1962 година, за иакедонските и за англиканските верници се одржа заедничка богослужба во една од најголемите англиски цркви “Ст. Клемент”, на која служеа и македонски и англиски наши и нивни свештени лица, следени од повеќе од 900 припадници на двете цркви.. Големо внимание предизвика беседата што ја одржа македонскиот владика Наум, а воопшто целата церемонија остави силен впечаток.

Веќе на 9 септември во “Паладиум хол” се организира банкет со учество на повеќе угледни имиња од јавниот живот на канадската државата, претставници на Англиканската црква кои подадоа рака за формирање на македонската црква и нлд 300 Македонци што дојдоа таа вечер да прослават но. и даријл пари за новата црква. Никој не остана а да не го одврзи кесето. Од првиот повик за доброволно дарување. па се до кра|от, се инкасираа 50 илјади долари, што мора да се признае декп беше една импозантна бројка.

Продолжува 

1Slave Katin 3 Пишува: СЛАВЕ  КАТИН

Најново од: Дијаспора

Гордана Димовска: Клучни информации за гласањето во Викторија

Денес, сабота, 28 ноември 2026 година, се одржуваат редовните  шеесет и први државни избори во сојузната држава, Викторија. Се одржуваат континуирано од 1856 година, кога Викторија воспоставила дводомен парламент со одговорна влада. Тие доаѓаат по изборите во ноември 2022 година (60-ти парламент), а новоизбраните 88 пратеници во Долниот дом и 40 членови во Горниот дом […]

Македонскиот фестивал на културата во Williamstown ги обедини Македонците во Викторија

Како што е познато во Австралија секоја година се одржуваат фестивали на храната и масовно се прифатени од Македонската заедница во било кој град да се одржуваат. Во Викторија, Фестивалот на македонската култура во Вилиамстеон е секогаш со радост дочекуван затоа што е место каде се слави нашата култура, традиција, јазик, оро и песна. Токму […]

Друштва и асоцијации на македонските иселеници во САД од 2000 година до денес

Македонците во Соединетите Американски Држави се организирани во македонските православни цркви и во различни друштва и асоцијации. Така, според делото „Македонците во САД и во Канада“ од авторот на овие редови, во период од 2000 –та година до денес се формирани голем број македонски друштва и друг вид асоцијации во САД. Овие значајни македонски асоцијации […]

Илјадници наши иселеници летово во Македонија

Фиданка Танаскова Посети и дружење за незаборав Д-р Ицо Најдовски Перин од Мелбурн помина два месеца во родната земја, исполнети со средби, патувања и дружење. Летово, во своја Македонија, на балканската крстосница во јужниот дел на Европа, допатуваа илјадници наши сонародници од различни генерации, кои низ годините заминале на разни страни од светот. Оживеаја многу […]

Градот Мелбурн им се извини на Македонците

Градскиот совет ги покани македонските играорци повторно да настапат на парадата Мумба во 2027 година, со дозвола да го истакнат знамето со Ѕвездата од Кутлеш.   Градот Мелбурн на 16 ноември 2026 година официјално ѝ се извини на македонско-австралиската заедница поради одлуката со која во март на македонските учесници на парадата Мумба им беше забрането […]

Мито Алексовски од Полска во 2010 година: Името Македонија му припаѓа на македонскиот народ

Името и другите државни вредности на Македонија не се приватни сопствености на политичарите а, ни на било која партија. Тоа се сопствености на целиот македонски народ. Исто така тоа не е стока за продавање и не постои  начин не можат да бидат тема на политички разговори или дипломатски трговии. Кој го прави тоа е предавник […]

Се одржа Јубилејна „Егејска вечер“ и семакедонската средба во Штип

Јубилејната „Егејска вечер“ и семакедонската средба во Штип ги собраа Македонците од Грција, Бугарија и Албанија, како и Македонците од Егејска Македонија кои денес живеат во Република Македонија. Од средбата беше упатена порака за зачувување на македонскиот идентитет, поцврсти врски меѓу заедниците и поголемо внимание од институциите кон нивните права. Едмонд Темелко, поранешен градоначалник на […]

Апел на Друштвото на Македонците во Полска од 28 мај 1994 година

Друштво на Македонците во Полска Гдањск, 28 мај 1994 година До Претседателот, Владата и Парламентот на Република Македонија АПЕЛ Ние, Македонци – бегалци од егејскиот дел на Македонија, здружени во Друштвото на Македонците во Полска, апелираме до Претседателот, Владата и Парламентот на Република Македонија да не се откажуваат од името „Република Македонија“, знамето, сонцето – […]

To top