Дијаспора

КОРЕНИТЕ НА СЕМЕЈСТВОТО ЈАНОВСКИ ОД ВЕЛУШИНА (10)

4.0.3

11jov

Монографијата „Јановски“ е дело за познатото семејство од Канада, чиј дедовски корени се од селото Велушина, Битолско. Таа е издание на книгоиздателството „Македонска искра“ од Скопје, отпечатена во 2002, на 226 страници, на македонски и англиски, чиј автор е публицистот Славе Николовски-Катин. Монографијата е документ за потеклото, животот и судбината на семејството Јановци, во Мзкедонија и во Канада. Таа опфаќа три генерации: постарага (родителите), средната (браќата) и најмладата (нивиите потомци)

Поширокото семејство на Jaновци го сочинуваат над сто члена, од кои повеќе од половината се наоѓаат надвор од земјата, иселени, главно, во Канада, Австралија и Франција, Co еден збор, цело едно племе со строго утврдена хиерархи a во кое владејат правилата напатријархатот, во духот на старата македонска традиција. Меѓутоа, во оваа семејна монографија предмет на разгледување е семејството на Горги и Фанка, нивните наследници, синовите Васил, Марко иПетре и нивните семејстѕа. сопругите. децата и внучињата.

Најподатлив соговорник на оваа тема ми беше господинот Алексо Јановски, близок роднина на Ѓорѓи, кој живее во Битола, Овој способен, чесен и скромен човек ме дочека во Битола со една срдечност и топлинаг каква што може да се најде уште кај добрите домаќини. He ja криеше среќата и радоста што подготвувам монографија за семејството Јановци, така што без збор се согласи да ме одведе во Велушина (а селото го посетив повеќе пати) на лице место да се запознаам со семејната куќа на Ѓорѓи и Фанка и нивните синови, да го доживеам амбиентот во кој тие живееле и работеле пред заминувањето од Македонија. 

111jovДел од куќата на Јановци во Велушина

211jov

Алексо и Катин

Според кажувањето на мојот домаќин Алексо, се претпоставува дека презимето Јановци настанало со доаѓањето на Јане и неговото семејство во селото Велушина (негде кон крајот на XVIII век) од гратчето Прмет, кое се наоѓа близу Корча во Албанија. Велувци во почетокот семејството на Јане го викале „арнаутите”, иако по вера биле православни, што во тоа време било и разбирливо, бидејќи дошле од Албанија, од населба so која главно живееле Албанци – Арнаути.

Овој прекар и денес се’ уште може да се сретне кај некои жители од селото Велушина. Меѓутоа, постепено, со текот на времето, жителите од селото, куќата и семејството на новодоселениот Јане, загочнале да ги викаат Јановци, така што тоа презиме е задржано до денес. Освен синот Митре, Јане имал и ќерки, но нема податоци за нив, колку биле и каде биле омажени.

Како што може да се види од приложените шеми на семејното стебло, синот на Јане – Ми-тре се оженил и добил два сина: едниот се викал Наум, а другиот Ристе. Кога синовите на Митре се ожениле, лозата на семејството на Јане се проширипа. Но, и покрај тоа, браќата Наум и Ристе продолжиле да живеат во заедница. Изградиле заедничка нова куќа, која се сметала за една од помодерните во селото. Дел од таа куќа и денес постои, но само половината, додека другата половина е урната во 1945 година, поради изградбата на новата куќа.

Синот на Наум, кој се викал Јован, имал само едно женско дете no име Доста, Co оглед на тоа што немал машка челад, Јован за Доста си земал домазет, по име Толе, кој потекнувал од фамилијата Талевци. Тие живееле во Долна Маала во Велушина и биле познати како угледно семејство. Кога Толе се оженил за Доста и влегол во семејството на Јановци, го променил своето презиме, а го променил презимето на Јановци. Самиот тој факт го потврдува големиот авторитет на Јановци во селото.

Слоред кажувањата на постарите, Јован, таткого на Доста, бил мирен и умен човек, добар домаќин, така што карактерите на еден од браќата – Петре, се споредува со оној на неговиот прадедо. Кога Толе дошол во куќата на Јановци како домазет, сакал да се покаже како способен човек, кој умее за релативно кусо време да го подобри животниот стандард на семејството. Во тоа и успеал, како што успеал иако немал образование и да научи да пишува и да чита.

1111jovСтарата работилница на Марко

Тоа му овозможило, по напорната полска работа, во вечерните часови да чита ккиги и весници, под светлината на газиената ламба. Толе бил искрен и правичен човек, кој не поднесувал неправди, заради што и остро реагирал. Кај месното населеиие се здобил со авторитет, заради што од жителите на Велушина бмл избран за кмет на селото. Оваа функција ја вршел со голем успех, тој бил почитуван и ценет од сите во селото.

Во Велушина имало околу 14 воденици за мелење жито, така што луѓето од повеќе полски села доаѓале наесен со воловски коли да сомелат брашно за леб за себе и крма за стоката, Своја воденица имала и јановската фамилија со капацитет од една четвртина во однос на другите три четвртини на ортачките семејства. Од воденицата се добивал голем приход во жито, бидејќи таа се наоѓала на добра позиција во селото, што овозможувало и поголема клиентела, во однос на другите воденици.

Од разговорите со Алексо, Марко, Петре и Васил добив бројни лодатоци за семејството Јановски, меѓу кои се следнцте:

Првиот братучед на Јован, од Ѓорѓи Јановски, уште во својата рана младост, кон крајот на XIX век бил убиен од Албанци (арнаути) од селото Острец, Целта на овој злостор била да се приграби една од ливадите на Јановци, која се наоѓала покра] Велушката Река, на половина пат помеѓу Велушина и Острец. Поради тоа, семејството на Ѓорѓи останало без заштита. Така, децата на Ѓорѓи Јановски: Диме, Петра и Гела, останале без еден родител. Неговиот прв братучед Јован ја презел целата грижа за семејството на починатиот Ѓорѓи, Интересно е да се истакне дека семејствата на Јован и Ѓорѓи Јановски живееле во заедница, односно во една куќа неподелени, што е уште еден доказ за цврстината на семејните врски наЈановци.

Од друга страна, пак, Ѓорѓи, внукот на Митрета од синот Ристе, бил толку правичен човек што упорно се залагал за вистинско решавање на селските проблеми, особено во доменот на нивните односи со Албанците од Острец. Во сите етнички спорови на овој план бил непопустлив и бескомпромисен, Неговото решително спротивставување во решавањето на споровите била една од причините за неговото убиство од албанските качачки банди.

Продолжува

1slave 6Пишува: СЛАВЕ  КАТИН

Најново од: Дијаспора

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

Академик Ферид Мурат – американски нобеловец и пријател и Македонија

Академикот Ферид Мурат е познат лекар и фармацевт во Соединетите Американски Држави. Најголемиот дострел на полето на науката го постигнал во 1998 година, кога ја добил Нобеловата награда за физиологија и медицина. Тој е роден во Вајтинг, Индијана, мајка му е Американка родена во Алтон, Илиноис, а татко му е Албанец од село Лакавица, Гостиварско. […]

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

To top