Дијаспора

ДЕЛ ОД ПЕЧАЛБАРСТВОТО НА ЧЛЕНОВИ НА СЕМЕЈСТВОТО ЈАНОВСКИ (11)

4cup

4cupCo стапувањето во брак на Толе со Доста Јановска, семејството се проширило со уште два члена, со синот Ѓорѓи и ќерката Фанка, Нивниот татко Толе е роден во 1867 година во Велушина, а починал во 1952 година. Во текот на својот живот, за време на Првата светска војна, бил на печалба во Америка, каде останал неколку години, а потоа се вратил во селото.

За време на војната, Диме, внукот на Јован од првиот братучед Ѓорѓи, исто така, заминал преку Грција на печалба во Америка. Тоа Диме го направил за да ја избегне воената обврска, бидејќи постоела опасност да загине вo војната. На овој чекор се решил откако неколку месеци веќе учествувал вo воените операции кај Вишеград.

Го искористил добиеното отсуство. се вратил дома и набрзо ја минал грчката граница, од каде се префрлил вo Америка. Ho, и таму судбината не му била наклонета: по извесно време, во 1918 година во САД се појавила опасна епидемија на грип, од која Диме се разболел и истата годинз, и покрај сите напори на лекарите – починал.

Кога Толе се вратил од Америка, ја презел врз себе грижата не само за своето семејство, туку и за семејството на Диме, чија сопруга и двете деца останале без татковска грижа. Според кажувањата на Илинка – сопругата на Диме, Толе кон нив се однесувал со најголема почит, така што таа и нејзините деца никогаш не го виделе смуртен или налутен кон нив. Соседите го паметат како голем човек, за кого грижата за семејството е света работа, бидејќи со еднакво внимание и одговорност и грижа се однесувал кон сите во заедничкото семејство.

Ѓорѓи – синот на Толе е роден 1907 година во Велушина, a се оженил во 1925/26 година со Фанка Размовска, од семејството кое во селото било познато како Размојчини – од Долна Маала. Во нивниот среќен брак се родиле три сина: Васил, Марко и Петар и две ќерки, кои подоцна починале.

5cup

Ѓорѓи со фамилијата на Васил

Таткото Ѓорѓи Јановски пред Втората светска војна заминал на печалба во Франција и таму останал повеќе од десет години, Во неговиот печалбарски живот го доживеал најголемиот удар – парите што ги спечалил, no завршувањето на војната, ја загубиле својата вредност, така што ефектите од неговата десетгодишна работа биле сосема девалвирана,

Како најстар од браќата, Васил бил прв вклучен во земјоделските работи. На помошта од својот  внук најмногу се радувал неговиот дедо Толе, кој по тој повод  често повторувал дека веќе „пристигнала неговата замена од подмладокот”, зашто во тоа време татко му на Васил бил на печалба во Франција. Заради тоа, во тој период, речиси сите полски работи во Велушина ги извршувал дедото Толе, па помошта од Васил му дошла како големо олеснување. И не само тоа, внукот работните обврски ги извршувал брзо и квалитетно.

По завршуаањето на Втора-та светска војна и ослободувањето на земјата, Васил, како полнолетен маж, решил да си најде животна п р идруж н и чка.  Изборот паднал на Донка од селото Драгош. Свадбата што била направена долго ќе се памети како богата и раскошна. Сватовите качени на убаво украсени коњи отишле по невестата во Драгош, до самата грчка граница, откаде поворката тргнала кон Велушина со музика и песни. Зад веселата колона се движел пајтонот во кој седеле Васил и Донка, фатени за раце. како неразделни гулаби.

Цели два дена јачела Велушина од свирките на оваа свадба, на која се јадело и пиело без престан, имало убаво испечено јунешко и јагнешко месо, со сите други мезелаци што обично одат со тоа. Амбиентот го краселе неколку котли во кои се готвеле убави јадења. а виното и ракијата се точеле како потоци, кои не пресушуваат. Пред да се ожени, Васил го отслужил воениот  рок во траење од три години. Co женидбата, Васил отворил нова страница на својот живот кој, како што покажало времето, бил динамичен и бурен.

6cup

Ѓорѓи со семејството на Марко

Вториот брат Марко, по отслужувањето на воениот рок од три години во бившата ЈНА, се вратил дома. во Велушина, со обврска да се грижи за семејното стадо овци. Мојот соговорник Алексо истакнува дека тој со големо задоволство ги извршувал работите поврзани со развојот на стадото, Во тоа му „помагало“ и убавото расно куче, кое Марко го дресирал да се  грижи за стадото, да го собира и заштитува. Фотографија од него и денес чува во фабриката „Јановски“ во Канада, да го потсетува на незаборавните денови во Велушина.

За разлика од Васил, Марко, како и говеќето неговм врсници од селото, заминал во Битола на изучување дограмаџиски занает, за изработка на елементи за кујни и креденци, Ваквата работа барала смирени, трпеливи луѓе, со чувство за естетика, каков што бил и Марко. „Најдобра потврда за тоа е она што го постигна во Канада“, вели Алексо. По завршувањето на занаетакото училиште, се оженил за Даница Шајковска, од Горна Маала, во Велушина.

Неговата свадба била празник за селото. Цело попладне свирачите, меѓу кои и Алексо, со свирка и песна оделе од куќа до куќа, да ги канат  луѓето да дојдат на свадбата. Бројот на гостите, на роднините и пријателите бил толку голем што долго ќе се памети. Два дена се јадело, се пиело и се играло. Токму онака како што бара старата македонска традиција, чии верни приврзаници беа и останатите Јановци.

Продолжува 

1slave 1Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Дијаспора

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

To top