Дијаспора

ОСВЕТУВАЊЕ НА ПРВИОТ ГОЛЕМ ДУХОВЕН МАКЕДОНСКИ ДОМ НА СИТЕ МАКЕДОНЦИ ВО ТОРОНТО (13)

1pop

1pop

Во ова продолжение за читателите на порталот „Македонска нација“ ќе претставиме дел од висината за првата македонска православна црква “Свети Климент Охридски“ во Канада, стожерот на најголемиот број активности што Македонците ги развиваат во Торонто, која оваа година слави 55 години од постоењето, за која до]де мигот кој спага во оние најсвечените, вековните, историските, кога се отворија светите порти.

Се беше подготвено, се беше завршено. Луѓето го исчекуваа, веруваа и го дочекаа тој ден, имајќи со што да се гордеат, за што да наздрават и да прослават, за што заеднички да ја споделат големата радост.

За таа пригода специјално од Република Македонија допатува највисока делегација на Македонската православна црква, предводена од блаженопочинатиот архиепископ Охридски и Македонски господин господин Доситеј, која беше толку срдечно пречекана од страна на многу верници и активисти кои дојдоа на аеродромот за да го поздрават Неговото блаженство г.г. Доситеј со неговите соработници. По величественото добредојде, беше упатен заеднички апел, во кого се повикуваат сите Македонци и Македонки, граѓани на демократска Канада, на 18 април 1965 годинада да присуствуваат на осветувањето, на евангелисувањето на МПЦ “Св. Климент Охридски”, со што, уште еднаш, како што беше речено, ќе ја докажат својата љубов и приврзаност кон мајката Македонска православна црква во мултикултурна Канада.

И осамна тој долгоочекуван ден – 18 април 1965 година, кога и конечно се предадоа клучевите и се отворија светите лорти за сите верници, за сите добронамерници и љубители на правдата, верата и вистината. Тогаш негово блаженство архиелископот Охридски и Македонски господин господин Доситеј во придружба на неговото високопреосвештенство митрополитот Злетовско-струмички Наум, на протаставрофорите Нестор Поповски и Атанас Попов, протаѓакон Стојан Јанковски и архиѓаконот Кирил Поповски, пред сиот тој насобран народ кој специјално за оваа пригода од многу страни доЈде да го види на дело трудот на своите собраќа, ја осветија новата црква.

2pop

Момент од осветувањето на цркаата “Св. Клнмент Охридски”

Чудесна беше глетката кога по благословот народот си подаваше раце, си честиташе, се бакнуваше, и се прегрнуваше, посакувајќи долговечна мисија и голема радост непрестајно да се излева во него Во тие моменти кон народот свој македонски и кон многуте гости се обрати неговото Блаженство г.г. Доситеј, кој меѓу другото. рече:

Драги сонародници, возљубени чеда на Господа,

Прекусо е времето и прејаки се чувствата за да се зборува, уште повеќе да се даде оценка на големината на делото што денес го извршивме, во спава на Господ Бог, со негова и со помошта на св. Климента, Наума и другите наши светители. Само историјата ќе може да го каже својот збор и да го одреди местото на големото и на Бога угодно дело остварено низ светите молитви, принесени на жртвеникот Божји при осветувањето на храмот “Св. Климент Охридски”, во убавото Торонто, во прекрасната и благородна канадска земја. Големината на светиот чин што денес го завршивме се состои во   тоа   што е  изграден и осветен уште еден храм во кој ќе се слави името Божјо. 

Оваа црква е паметник на првоапостолот и патронот на Македонската православна црква, ученикот на светите браќа Кирил и Методиј. светителот и просветителот Св. Климент Охридски Чудотворец, што е создадено свето катче, сврзано со мајката црква и мајката земја. бидејќи во денес осветениот храм Божји е вѕидана – земја од црквата “Св. Климент Охридски“ од Охрид, и во ова катче од денес, на мајчиниот македонски јазик ќе се слави името Божјо, и најпосле што е храмот “Св. Климвнт Охридски” вo Торонто?

Тој е неразделен дел од обновената Охридска архиепископија, Македонската Светиклиментова лравославна црква. Новиот монументален храм, издигајќи ја славата на Македонска православна црква, пред овие и идните поколенија, едновремено ќе биде сведоштво и благодарност за љубовта и за трудот што нашите сонародници кои го изградија и се вградија во Божјиот овој храм. 

3pop

Од пречекот на поглаварот на МПЦ г.г. Доситеј со делегацијата во Торонто

Мили мои чеда во Господа,

Осветувајќи го својот храм Божји, во кој од денес на родниот мајчин македонски јазик ќе се молите, ќе се слави името Божјо, вие не можете, а да не им заблагодарите и на сите оние при кои досега ctq ги задоволувале вашите духовни потреби. Признанието и благодарноста се одлики на нас Македонците. Co изградувањето и осветувањето на нашата Македонска православна црква во Торонто вие исполнивте само еден долг пред вашите дедовци и татковци, пред црковната и националната историја на македонскиот народ, Пазувите на обновената Светиклиментова Охридска архиепископија се широко отворени за да ги примат и да ги прегрнат сите Македонци. 

Осветениот храм Божји, нека внесе мир, љубов и единство меѓу сите сонародници – Македонци, нека низ искрените молитви кон Бога лродолжи духот на св. Климент и нашите дедовци кај сите вас, наши мили сонародници. Денешниов ден и светиов чин на осветувањето на македонската црква, длабоко верувам, ќе биде забележан со златни букви во нашата историја. Тоа е големо дело што ќе служи на чест и слава”, рече во својот говор г.г, Досиетеј.

Солзи радосници се лиеја по образите, а прегрнати и среќни луѓето си заветуваа дека ќе сторат се да придонесат пред се за свое добро и за иднината на своите дечиња. Во името на генерациите цјто доаѓаат, сите заедно се заколнија дека ќе го чуваат овој храм како најсакан дар, а кој отсега, па во иднина ќе биде незаобиколното место на нивното секојдневие. Тука ќе се развива еден широк, богат, значаен и потребен духовен културно-просветен, образовен и друг живот.

Тука ќе се внесе дух старокрајски кој во еден спој со новото, тукашното – канадското, ќе значи ем врска и незаборав на корените и македонското потекло, ем еден голем центар во кој ќе доаѓаат луѓе од сите возрасти и генерации, на свој начин ќе се прави спојот меѓу двете татковини – Македонија и Канада.

Продолжува 

1slave 1 
Пишува: СЛАВЕ  КАТИН

Најново од: Дијаспора

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

To top