Дијаспора

БОГАТ ЦРКОВЕН И МАКЕДОНСКО – НАЦИОНАЛЕН ЖИВОТ ВО ТОРОНТО (14)

1crk

1crk

Во ова продолжение за читателите на порталот „Македонска нација“ ќе претставиме дел од висината за првата македонска православна црква “Свети Климент Охридски“ во Канада, која постојано опсипувана со братската љубов на македонскиот народ, почна да го живее својот црковен живот.

Секоја година се побогат, се поразновиден и секоја година се позначаен, самосвесен и попривлечен. Доаѓаа Македонци од сите делови на Торонто за да се помолат пред олтарот на Господа за здравје и живот, за успех и среќа. Богослужбите се следат секогаш од многу народ, а венчавките и крштевките ги облагородуваат душите и се најдобриот показател дека македонската етничка заедница има прогрес, и оди напред, дека се шири и се развива.

Топлите молитви пред очите на Исуса, св Климента, св. Наума или под мајката Божја, се за мир, за спокојство, за христијанска и благочестива љубов меѓу луѓето, за успех и напредок на тој страдалнички, но горд и достоинствен македонски човек во туѓина.

Ако го распарчиле македонскиот народ на три страни, ако судбината сакала да биде раселен на илјади страни, барем кога го има во десетици илјади на едно место. тогаш дај му Гослоде благоуспение, та среќен да е.

Сите свештенослужители кои доаѓаат и заминуваат, извршувајќи ја своЈата голема и благородна православна мисија, се од својот и со својот народ, од македонски сој Црковните настојателства, подоцна црковните управи, беа во служба на оние што ja градеа, ја изградија и тие се дел од светата Македонската православна црква. И црковните управи доаѓаат и си заминуваат, но секоја одделно, а и сложно заедно, оставаат големи и значајни дела кои се паметат и се раскажуваат, кои остануваат вечно да траат и да бидат македонска патека во новата средина. 

2crk

Црковно празнување на Македонците

Држејќи се до каноните на МаЈката црква македонска, тие како избраници на народот доследно, и со многу срце и волја ја исполнуваат доверената задача и прават се името македонско да се чуе и прочуе што подалеку и што посилно Се трасира пат среде тој мултикултурен канадски колаж, и се повеќе во средината се шири вистината за родната македонска земја.

А едновремено се афирмира вистината за библискиот македонски народ, за македонската древна историја и култура, за македонските обичаи, традиции, за македонската сегашност и за онаа стварност која на душманите им ги расипува сметките, но, на правдољубивите им ја доближува реалноста и вистината.

Членството и воопшто, целиот благочестив македонски народ се грижел и се грижи, се труди и придонесува за што подостојно, и за што посилно и повозвишено да работи и да остави трајни дела со кои ќе се гордее татковината и генерациите што доаѓаат, но и намерниците кои ќе дојдат на почитно и восхитно поклонение и под овие духовни сводови, ќе застанат – простум во храмот “Св. Климент Охридски”.

Се знаеше и се знае дека името македонско е гордоста и личната карта на неговото постоење, и дека сите што ќе посегнат да го поганат и да го згазнат, ќе бидат осудени на неуспех и казнети од севишниот.

Годините минуваа, 1966, 1967, 1968, 1969 година, а “Свети КлиментОхридски” се овеќе и повеќе стануваше втор дом за многу, многу македонски браќа и сестри. Членуваа и членуваат помагаат и даруваат недоброени ентузијасти, од кои голем дол и не сакаат да им се спомене дури ни името, а работеа и придонесуваат со љубов.

Тоа го правеа и прават заради вербата во она што го даваат, тоа б9ше и е за доброто на сите кои со гордо кренати глави и полни срца со силен восхит ќе зборуваат и ќе раскажуваат за ни малку лесниот пат по кој тргна Македонецот за да стаса денес до вакви национални зданија и до толку импозантни постигнувања.

Се разгрна една чудесна активност, низ помошните секции, гранки, весници, училишта, групи и друштва, во кои членуваа стотици илјади вљубеиици во фолклорот, песната, литературата, кулинарството, спортот… Овој Божји дом, веќе не можеше да се заобиколи, туку во него се доаѓаше зашто секогаш и за секого имаше по нешто. За младите игра, песна и забава, за повозрасните дружења, прослави и одбележувања на македонски национални денови, годишнини и личности, а за најстарите имаше уште и почит и причина, достојни и прекупотребни во годините кои бргу одминуваат.

3crkЕден од првите собири на Македонцнте вo Торонто

Доаѓаа, врвеа и изврвеа и 1970, па 1971, 1975 година и низа наредни. Импозантно е салдото, та затоа и речиси неможно е да се спомене или наброи се она што беше направено во МПЦ “Св, Климент Охридски”. Колку за илустрација би наброиле сепак еден мал исечок од многуте и најразлични активности, настани и дела што во овие изминати триесет години се формирани, работат и се постигнати под закрилата на МПЦ “Св. Климент Охридски” во Торонто.

Постојано треба да се има на ум дека црквата соработуваше со повеќе институции во татковината, со Матицата на иселениците од Македонија, со друштва, клубови и со голем број нивни претставници, научни, литературни, културни и спортски. Звучни имиња гостуваа во “Св. Климент Охридски” од Републиката, исто како што гостуваа и повеќе фолклорни, филмски, писателски, спортски и други групи, ансамбли, поединци од стариот крај кои главно секогаш беа угостувани и беа добредојдени во македонската средина, а пречекувани и испраќани како најсвои, како браќа по род, по крв.

Останува запишано во аналите дека црквата “Свети Климент Охридски” ја посетиле и гостувале и многу претставници и високи личности и на канадското општество. Во многу пригоди, по многу поводи, на собири и на свечености, тие заедно со Македонците ги споделуваа убавите денови и настани едновремено увеличувајќи ги нивните славја. Тие изрекоа толку многу убави зборови, толку многу комплименти за она што Македонците и го дариле на Канада и на Македонците во неа, и на тој начин го збогатуваат мултикултурниот живот на ѕтората татковина.

Активностите на овој Божји храм беа извонредни. Тој бил домаќин на бројни црковно-народни собири, на добротворни и хуманитарни акции, на средби на млади, на интернационални дружења. Секогаш, без исклучок, длабоко патриотските акции се поддржувани, поздравувани и стимулирани без задршка и без никакви дилеми. Во црковните сали се одржуваат драмски претстави. пеат поети, пеат песнопојци, се вие оро македонско, се негува мајчиниот македонски јазик, а дечињата тука ги научуваат првите букви од кирилицата, од азбуката на која пишуваат, читаат \л учат Македонците во татковината.

Тука, во тие сали се леани солзи кога ги споделувале и кажувале – маките, тортурите и неправдите што ги трпеле и трпат македонските сестри и браќа од грчките, бугарските, српските или од други власти, режими и тортури. Овде имало радост до небо, среќа бескрајна кога се прославувале заедно и успесите на родната земја, постигнувањата на одделни Македонци, независно од каде и да доаѓаа тие.

Но, рековме, следејќи го по години тој импозантен биланс, постигнат со заедничкиот голем труд, работа, истрајност и непоколебливост на многу имени, но и на многу безимени, a самопрегорни дејци, во продолжение ќе наведеме само фрагменти од триве изминати децении кои значително ја говорат вистината за огромната мисија на “Свети Климент Охридски”.

Продолжува 

1slave 1Пишува: СЛАВЕ  КАТИН

Најново од: Дијаспора

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

Академик Ферид Мурат – американски нобеловец и пријател и Македонија

Академикот Ферид Мурат е познат лекар и фармацевт во Соединетите Американски Држави. Најголемиот дострел на полето на науката го постигнал во 1998 година, кога ја добил Нобеловата награда за физиологија и медицина. Тој е роден во Вајтинг, Индијана, мајка му е Американка родена во Алтон, Илиноис, а татко му е Албанец од село Лакавица, Гостиварско. […]

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

To top