Дијаспора

ЃОРЃИ ЈАНОВСКИ – СТОЛБОТ НА СЕМЕЈСТВОТО ЈАНОВЦИ (13)

1stolb

1stolb

По завршувањето на Првата светска војна, братучедите од третото колено, Ѓорѓи (1907) и Ристо (1911) Јановски, биле испратени на школување во Француското училиште во Битола. За кусо време постигнале одлични резултати во учењето, но, за жал, не го продолжиле школувањето од материјални причини. Во Битола останале само една година и морале да се вратат во Велушина и да продолжат со земјоделските работи.

Во тоа време ретко кое селско дете можело да се школува подалеку од родното огниште и особено во повисоки образовни центри без неговите родители да обезбедат доволно финансиски средстеа. Тоа во извесна смисла им одговарало и на нивните родители, особено ако располагаат со повеќе хектари земја, која објективно бара бројна работна сила.

А земјишниот фонд што го поседувало семејството Јановски не само што не бил мал (изнесувал 8,5 хектари), туку се сметал за еден од најквалитетните во Велушина. Околу три хектари од овој имот се’ уште се наоѓа во сопственост на Земјоделско-индустрискиот комбинат „Пелагонија”.

Co оглед на тоа што во Македонија започнала денациона-лизацијата на имотот што на граѓаните по Втората светска војна им беше одземен од државата, неговото враќање на бившите сопственици е во тек, така што и семејството Јановски од Торонто, може да смета на овој факт во блиска иднинз.

Во 1933 година семејствата на помладите Ѓорѓи и Ристе Јановски, како трети братучеди, се поделиле и започнале да живеат одделио во две куќи. Старата куќа при делбата му припаднала на Ристе, а Ѓорѓи, таткото на Васил, Марко и Петар. си изградил нова, во дворното место на старата куќа, Во 1961 година сапругата на Ѓорѓц – Фанка, мајката на тројцата соколи, како што веќе истакнаѕме, се разболела и починала, Бидејќи Ѓорѓи останал без саканата сопруга и мајка на неговите синови, решил да замине за Канада заедно со сопругата и децата на Марко.

2stolbФана и Ѓорѓи Јановски

Својот живот во новата средина Ѓорѓи го започнал во рамките на семејствата на синовите во Торонто, настојувајќи колку што може да не го чувствуваат како товар, да не го отежнува нивниот живот. По вообичаената стабилизација во новата средина, чувствувајќи дека се’ уште вo нe­ro има и здравје и енергија, решил да се прежени, олределувајќи се притоа за сонародничката Коца, со која во слога и разбирање, останал до крајот на својот жиѕот.

Тој, фаталниот крај го доживеал во Торонто, во 1999 година, останувајќи во спомените на своите синови, снаи и внучиња, но и на другите сонародници, како човек кој целиот свој живот му го посветил на своето семејство, создавајќи и одгледувајќи вистински македонски мажи, за кои во животот не постои лречка што не ќе можат да ја совладаат,

И не само тоа, неговите синови и нивните семејства денес, како угледни Канаѓани, давааг значаен придонес не само во еко-номскиот просперитет на оваа земја, туку и во развојот на нејзината демократија, Не случајно за Канада се вели дека е лулка на демократијата во Северна Америка. Дотолку повеќе што нејзината експанзија на овој план допрва ќе престои, ако се има предеид дека оваа голема и богата земја е гладна за нови простори и за нови луѓе кои го бараат своето „елдорадо”.

Погледот на семејството Ја-новци, направен од македонската диоптрија, не би бил целосен ако не истакнам дека неговиот стожерник – Ѓорѓи, таткото на Васил, Марко и Петар Јаноески, бил и останал силна и значајна фигура во историјата на Велушина. Тој бил почитуван и ценет не само од членовите на своето пошироко и потесно семејство, туку и од сите соселани, кои вo неговите способности го наоѓале личниот пример и за своето ангажирање во рамките на работните обврски во селото и неговиот атар иако имал само основно образоѕание. Со својата интелигенција ипознавање на работите го привлекувал вниманието и на пообразованите и на покултурните и не заостанувал зад нивото на нивните слособности.

За посебно одбележување е носталгијата што Ѓорѓи Јановски, по иселувањето, ја чувствувал за својата родна земја, a ocoбено за Велушина. Тој порив за татковината бил толку силен што, речиси. секоја втора година Ѓорѓи доаѓал во Македонија и летните месеци ги минувал во Велушина, во својата родна куќа која, како што веќе истакнавмег и денес го привлекува вниманието на секој патник намерник.

„Сепак, негова најголема гордост бил успехот во бизнисот на неговите синови Марко и Петар во Торонто, Канада, со кој можат да се гордеат не само сегашните, туку и идните поколенија на Јановци“ истакна на крајот од разговорот Александар Јановски. роден 1933 година во Велушина. а сега житее на Битола. Тој своето слободно време, што го има на претек (како пензионер), често го минува во Велушина, грижејќи се за имотот на семејството, како за „свето место”, кое навистина заслужува такво внимание не само од него, туку од секој. што ќе има можност одблизу да го запознае. Тоа е настан кој долго се памети.

3stolb

Еве како Алексо денес го изразува својот личен однос кон Ѓорѓи и неговото семејство:

„Јас Александар Јановски (Алексо) како внук на Ѓорѓи од третбратучед, мојот стрико многу го ценев и почитував. При секое негово доаѓање во својата родна куќа во Велушина, ro пpeчекував на Охридскиот аеродром. а потоа и го исграќав до Охрид, кога се враќаше во Канада. Co еден збор, можам да кажам дека го сакав и почитував како најблизок член од семејството Јановци“.

„Васил. како најстар од браќата, се’ до заминувањето во Канада, главно, беше ангажиран на земјоделската работа, додека Марко се грижеше за овците, чиј број варираше од 40 до 60, со што земјоделско – сточарските активности во рамките на семејството беа успешно и ефикасно извршувани. 

Петар и јас уште како деца го пасевме крупниот добиток, но бидејќи спиењето ми беше слабост, па не можев да станувам рано, сите обврски околу моите говеда ги преземаше Петар, на кого, по станувањето од креветот, му се придружував, откако ќе загубев извесно време лутајќи низ ридиштата за да го пронајдам. Иако сега сите сме во поодмината возраст, непобитен е фактот дека спомените од детството и младоста остануваат незаборавни. Тие се најубавиот дел од животот на човекот“. 

„Колективизацијата која се спроведуваше no селата од 1948 година па се до нејзивото укинување во 1952 година”, вели Алексо. „придонесе селското население да ги напушти родните огништа и да бара излез во градовите на горанешна Југославија, а подоцна и во масовното иселување во странство. Тој процес тргна како лавина која никој не можеше да ја запре или успори, a ги опфати регионите на државата кои граничат претежно со Грција и Албанија. како што се Битолскмот и Преспанскиот регион, со најголем интензитет. Како резултат на овие движења, селата се испразнија, а имотите на селаните Македонци почнаа да ги откупуваат Албанци. 

Во Велушина денес живеат само неколку македонски семејства. Селото има убава местоположба, големо поле, река од која се наводнува, планина со густа шума и пасишта. Меѓутоа, Албанците од Острец му фрлија око и полека започнаа да го освојуваат. Досега во него се влезени преку осум албански семејства, со тенденција да доаѓаат и други, откупувајќи ги напуштените имоти на велувци“, го заврши своето кажување Алексо, како дел од семејството Јановци, додаеајќи дека од нив во Битола остана само семејството на Ристе Јановски. 

Продолжува 

1slave 1Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Дијаспора

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

Академик Ферид Мурат – американски нобеловец и пријател и Македонија

Академикот Ферид Мурат е познат лекар и фармацевт во Соединетите Американски Држави. Најголемиот дострел на полето на науката го постигнал во 1998 година, кога ја добил Нобеловата награда за физиологија и медицина. Тој е роден во Вајтинг, Индијана, мајка му е Американка родена во Алтон, Илиноис, а татко му е Албанец од село Лакавица, Гостиварско. […]

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

To top