Дијаспора

ОДРЖУВАЊЕ НА ПРВОТО СОБРАНИЕ НА АМЕРИКАНСКО – КАНАДСКО – МАКЕДОНСКАТА ЕПАРХИЈА (16)

5germ

5germ

Во 2020 година се навршија 55 години од осветувањето на првата македонска православна црква “Свети Климент Охридски“ во Канада, стожерот на најголемиот број активности што Македонците ги развиваат во Торонто и пошироко и претставува мотив повеќе за изразување на љубовта и почитта кон родната земја Македонија

Така, македонската православна црква ,,Свети Климент Охридски” во изминативе години повеќепати беше домаќин на големи, масовни и на значајни собири кои што оставија силен печат, а некои од нив беа вистински пионерски зафати, кои испишаа ново значајно поглавје во животот на македонската заедница во Канада.

Така, на 4 октомври 1969 година, со учество на мнозинство делегати и гости, се формира Првото епархиско собрание. како врвно тело на оваа прекуокеанска македонска епархија. Овој значаен собир го раководеше митрополитот г. Кирил. Поздравувајќи ги присутните тој рече дека оваа одлука е извонредно значајна и голема и отвора нова страница во заедничкиот духовен живот на сите верници надвор од Македонија.

Потоа, со свои видувања за емиграцијата и за нејзиното заедничко организирање, независно што тоа се големи далечини за поврзувањето со мајката Македонска православна црква зборуваа: Џан Червенков (Торонто), прота Илија Канински, Бил Клечов (Торонто), прота Спиро Танасковски, Гери, прота Борис Поповски, Спиро Карфил (Хамилтон), Јоѕан Галовски (Рочестер), прота Бошко Кипровски, Тели Мариовче (Торонто), Наум Наумовски (Лакавана), Мајкл Талин (Торонто), Спиро Сандерс (Торонто), Јован Илиевски (Рочестер), Ѓорѓи Ангелевски (Торонто), Трајан Миленковиќ (Колуибос) и др.

По многу интересните предлози, дадените сугестии и по мошне богатата дискусија, Епархиското собрание избра Управен одбор, Епархиски црковно – судски совет, а заврши со благодарствен молебен, при што делегатите положија заклетва пред светите мошти на Свети Климент Охридски.

Животот течеше натаму. Во македонската црква постојано доаѓаа луѓе за да ги следат литургиите, доаѓаа за свадби, за венчавки, за крштевки, за парастоси. Се прославуваа нови години, националните македонски празници, а им се оддаваше почит на великаните   од   македонската   историја.   Воедно,   народот беше заедно на божикните и на велигденските денови, како и на разните други православни празници.

6germМитрополитот г. Кирил – архиејер на Епархијата

Македонската црковна општина се повеќе стануваше најдрагото катче за Македонеците од Торонто и пошироко, кои доаѓаа заедно да се дружат, да си дадат оддишка на своето срце, да се сретнат со гости од татковината или да се помолат на Бога за здравје и живот.

Нема приредба, пикник, прослава, а во неа да не врие од мажи, жени и деца Таа е вистина која ги радуваше сите. А што е многу важно, за дел од најинтересните и најважните манифестации и настани, пишуваат постојано и тукашните медиуми – весниците, радиото и телевизијата. Посебно кога има значајни и знаменити поводи и пригоди, кога црквата ја посетуваат највисоките чинодостоинственици на Македонската православна црква.

Во текот на 1972 година беше покрената и акцијата за собирање доброволна помош за изградба на Соборниот архиепископски храм во Скопје, што наиде на широк одѕив и на поддршка за дарување прилози Сакаа сите заедно во татковина да се подигне еден соборен храм со кој ќе се гордеат и на кој ќе му се восхитуваат.

Bo 1972 година е одбележана десетгодишнината.

Помина деценија откако на големиот ден Илинден, на состанокот одржан во хотелот “Кинг Едвард” беше донесена одлуката за изградба на првата македонска православна црква во Канада, храмот “Св. Климент Охридски”. На кусиот, но голем јубилеј, на десетите години постоење и растеж, гостин беше Неговото високопре-освештенство митрополитот Злетовско-струмички г. Наум, во придружба на протаставрофорот Трајан Митревски. Митрополитот Наум во својата здравица, меѓу другото, рече: “Историјата ќе го забележи овој неповторливо величествен настан, а ние и нашите деца, ќе чекаме да ја прославиме 20-та, 50-годишнината и така редум во недоглед, во вечноста”… 

7germЧленови на црквата со гости од Македонија

Така и бива. Во недоглед. Толку многу се сите тие средби, славја, прослави и гости, што се одржуваа. Масовно се одбележувани и се посетувани сите значајни денови и празници што ги организира Црквата.

Решенијата од седниците на македонските православни општини од Северна Америка, одржани во 1974 и 1975 година во Колумбос, Охајо и во Детроит Мичиген, се реализираа на 30 и 31, август и 1 септември 1975 година во Торонто, кога домаќин покровител на првиот Црковно народниот собир беше “Св. Климент Охридски”. Нејзиниот претседател, заедно со неуморната работа на членовите на управата и соработници, сторија се да ги направи сите подготовки на време, па многуте гости беа пречекани како што доликува и како што се пречекуваат најсвоите. 

Програмата беше богата и разновидна, а меѓу решенијата што заслужуваат внимание е поставувањето темели на новата, сега само Американско-канадско-македонска православна епархија, и беше извршен   изборот   на нејзините   тела   и органи. Во епархи-скиот Управен одбор   влегоа:   Крис Димов,  Марк  Браун,  Јован  Манговски, прота Михаил Теохарев   и   прота Борис Поповски.

Инаку една од одлуките на Свети-от архиерејски си-нод на Црковно-народниот собор, што се одржа во Охрид на 17 јули 1967 година, кога беше прогласена автокефалноста на Македонската православна црква во лицето на Охридската архиепископија беше да се формира Американско-канадско-австралиска епархија.

Оваа значајна црковна институција, која. меѓу другото. има за цел да ги продлабочува врските и да ја јакне љубовта меѓу македонските иселеници во прекуокеанските земји со татковината и со црквата, како и да биде место за подоброто запознавање и зближување на Македонија со земјите во кои што тие живеат, во почетокот беше заедничка со САД, со Канада и со Австралија.

Американско-канадската македонска црковна епархија беше официјално регистрирана пред американските власти на државата Њујорк по дванаесет години од нејзиното формирање. Тој чин претставува историски момент за македонските иселеници и еден од најзначајните настани во животот и во дејноста на МПЦ на западната хемисфера.

Всушност, регистрирањето на Епархијата значи уште едно признавање и озаконување на ова високо управно тело на МПЦО во САД и во Канада, што, од друга страна, има силен одраз во натамошната афирмациЈа на македонското име и на духовните вредности на македонските доселеници, во новите средини, Co законското регистрирање, Епархијата доби рамноправен третман со другите епархии што дејствуваат на американските простори.

Продолжува 

1slave 1Пишува: СЛАВЕ КАТИН    

Најново од: Дијаспора

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

To top