Дијаспора

ДЕМОКРАТИЈА НА АМЕРИКАНСКИ НАЧИН

1Vasington 1

1Vasington 1

ДЕМОКРАТИЈА НА АМЕРИКАНСКИ НАЧИН

Бевме сведоци на масовните протести пред парламентот на САД во Вашингтон организирани од подржувачите на претседателот Доналд Трамп за да го искажат незадоволството од нелегалните (фалсификувани во корист на Демократите и Џо Бајден) избори.

1Vasington 2

Секако од мировен протест се направи револтиран и агресивен протест посебно што се илфиртрираа лица од познатата Антифа кои направија огромна штета во сенаторските простории. Секако ова за демократите беше добредојдено и го окривија Трамп за организирање на овој „пуч“ и се побара импичмент – недоверливост на неговата должност како претседател и негово оцрнување и отстранување. Овој настан се пренесуваше низ сите медиуми (контролирани од левицата на Демократите) како црна дамка на американската демократија каде животот го загубија неколку лица со стотици повредени. За да се „покаже силата на демократијата“ Фејс бук и Месинџа го исклучија Трамп и тотално го изолираа од комуницирање со неговите 80 милиони следбеници и подржувачи. Ете, тоа ти е „силата“ на демократијата каде силата на големите корпорации и алигорите победува – тие ќе владеат со новиот поредок на длабоката држава. 

140645691

Зградата на Американскиот Конгрес ме потсети на еден друг настан каде Обединетата Македонска Дијаспора одржа 3-та конференција во ближниот Марион хотел во 2011 година, а секако беа гости и кај неколку конгресмени подржувачи на македонските национални права. Претставник од Австралија и Литературното друштво „Григор Прличев“ беше писателот Иван Трпоски при што ми даде повод да го запрашам и присетам за тој важен настан во Вашингтон – лулката на демократијата.

Делегатите на ОМД лобира во конгресменскиот Парламент во Вашингтон 2011

Иван забележа: „Да бидам искрен никогаш нема да го заборавам тој национален собир на кој учествуваа десетици македонски активисти од повеќе градови во светот. Како претставници на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј отпатувавме со публицистот Виктор Бивел и со уште неколкумина активисти  од австралиските друштва и асоцијации. Хотелот Мариот беше закитен со повеќе македонски симболи меѓу кои и шеснаесет кракото сонце од Кутлеш, а на ТВ екраните почесто се прикажуваше програмата на ОМД која требаше да се одржи во одредениот дводневен период“.  

Кажи нешто за лобирањето во Конгресменскиот парламент?

„Овој настан на кој почесто се сеќавам и го имам прераскажувано повеќе пати ми прави немир и неспокој во душава. Со автобус отпатувавме од хотелот Марион до вратите на најпознатата зграда во светот – Конгресменскиот парламент во Вашингтон. Отидовме во оваа зграда со единствена цел да лобираме за името на нашата татковина Република Македонија. Бевме одредени по групи за да одиме низ бескрајните коридори и да се разминуваме со мноштво од народ кој исто така допатувал во ова најомразена бастилија за да бара финасиски или национален спас за земјата, да бара милост од овие американски, сенаторски гангстери.  При средбите кои обично беа многу кратки бевме пречекувани со кисел насмев, а испраќани со нежно тупкање по рамена и ветување дека повторно ќе се видиме… Одев замаен по колегите и пренесен во емоција, со насолзени очи и гласен липаж си повторував: дали е можно јас да бидам во оваа зграда, дојден како селанче од моето Волино со изминати 20.000 км до втората татковина Австралија, а оттаму и уште толку илјади км да дојдам во ова најбогата земја и да го бранам името на својата прва татковина!?  Но тоа се случи, само останаа горчливи спомени во моите мемории, зашто луѓето кои ја раководат Македонија за пари и популарност го продадоа нејзиното достоинство. Го сменија името, знамето, уставот, сега се токмат тоа да го направат и со историјата, јазикот и нашиот национален идентитет“.

А што да очекуваме понатаму, Иване?

„Америка е Америка, за неа важат едни демократски аршини, а за кутрата наша Македонија други. Се прашувам дали овој сегашен упад во Конгресменскиот парламент во Вашингтон  не е сличен или ист на оној во Скопје во кој упаднаа во Парламентот навредени граѓани на Македонија, во кој насилно се променуваше Уставот и името на државата, се интонираше туѓа химна… Дали има сличности во гласачкиот фалсификат во Македонија и Америка, каде со  притисокот на едно копче се менува влада и иднината на Државата? Дали навистина ние учиме за демократија од Американците  или тие учат од нас Македонците? Но едно е важно Америка е богата земја и таа безболно ќе го продолжи својот пат кон „демократијата“, а Македонија е сиромашна земја и управувана од изроди и арамии, подлижувачи на надворешни политики, па ќе и треба долго, долго време да се демократизира“.

Душан Ристевски

Најново од: Дијаспора

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

To top