Дијаспора

СВЕШТЕНОСЛУЖИТЕЛИТЕ – ДЕЛ ОД ЦРКОВНОТО, ДУХОВНОТО И НАЦИОНАЛНОТО ЖИВЕЕЊЕ – ДЕЛ II (22)

1bren

1crk

Во продолжение ги даваме и другите свештенослужители кои во триесетгодишниот период, од 1962 до 1992 година, нивниот период  беше исполнет со се’ поголеми услеси и постигнувања во Македонската православна црква „Свети Климент Охридски“ во Торонто, а тоа беа следните свештеници:

ПРОТОЈЕРЕЈ ДРАГИ КОСТАДИНОВСКИ

Свештеникот м-р Драги Костадиновски е роден на 31 август 1950 година во с. Дренок (Кумановско), Република Македонија. Завршил Богословско училиште во 1970 година во Скопје, a Богословски факултет исто така во Скопје во 1985 година Магистериум по историски науки на тема: “Вардарскиот дел на Македонија под јурисдикција иа Српската правосппвна цркрл (1919-1941)”, на Филозофскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје, заврши во 1993 година и стана магистер по историски науки,

Свештеник е на Македонската православна црква од 1972 година. Во свештенички чин е произведен во месец јули 1972 година од Негово високопреосвештенство митрополит Полошко-кумановски г, Кирил Во протоjepejски чин е унапреден од блажено починатиот Архиепископ Охридски и Македонски г Доситеј на 14 јануари 1978 година.

Ha парохиска служба бил во Кратово, во Скопје и во Торонто. Во Македонската цркоена општина “Свети Климент Охридски” во Торонто – Канада престојувал од 30 април 1978 до 30 септември 1982 година Во тој период, во 1989 година, отплатен е комплексот на МПЦО “Св. Климент Охридски”во Торонто и е купено земјиште за изградба на МПЦО “Св. Илија” во Мисисага.

Во тој период се формирани повеќе селски и околиски македонски друштва, како и Организацијата на канадско-македонските ветерани. За време на престојот во Торонто се издадени 12 броја од весникот “Духовна искра”, потоа беше формиран црковниот хор “Свети Климент Охридски” од Торонто и се преземени други активности во целокупното живеење на Македонците од сите делови иа Македонија кои живеат во Торонто и во околината.

Инаку, протоерејот Драги Костадиновски е парохиски свештеник во Соборниот храм “Свети Климент Охридски” во Скопје и е старешина при истиот храм, и е еден од поактивните свештеници во Македонската православна црква.

ПРОТОЈЕРЕЈ ИЛИЈА ДИМИТРИЕВСКИ

Свештеиикот Илија Димитриевски е роден во 1953 година во с. Стровија, Прилепско. Во родното место завршува основно образование кое го продолжува во селото Костинци, Прилепско Тој потекнува од македонско православно семејство, затоа и се запишува на Богословското училиште во Скопје, кое го завршува во учебната 1971/1972 година. Потоа се запишува на факултет.

Во 1972 година станува свештеник најпрво служи три години во Сопишката парохија (Скопско), потоа две години е свештеник во црквата “Св. Ѓорѓи” во Кисела Вода и во „Св. Димитрија” во Скопје. Во 1981 година доаѓа во црквата “Св. Климент Охридски” во Торонто каде останува четири години 

Потоа заминува во “Св. Богородица” во Детроит, па пак се враќа во Македонија во “Св. Богородица” во Скопје, а во 1988 година доаѓа во “Св. Климент Охридски” во Лореин..

ПРОТОЈЕРЕЈ ИЛЧЕ МИОВСКИ

Прота Илче Миовски е роден на 5 јули 1943 година во с. Новаци, Битолско, од татко Темелко и мајка Анка и по осумгодишното училиште во с. Новаци во 1964 година се запишува во Богословско училиште каде во 1969 година дипломира. Истата година стапува во брак со Гица Босилковска од с. Новаци.

На 27 октомври 1969 година е ракоположен за ѓакон, а на 8 ноември на ден Митровден го прима свештеничкиот чин од, сега покојниот митрополит Преспанско-битолски Климент, во соборниот храм “Св. Димитрија” во Битола. Во истата година е поставен за парохиски свештеник во црквата “Св. Богородица” во Демир Капија, каде останува до 1975 година.

По молбено барање од 1 јуни 1975 година е поставен за парохиски свештеник во црквата “Св. Димитрија” во Кавадарци, a потоа во 1977 година станува архиерејски намесник на Кавадарското намесништво. Во 1977 година е поставен за парохиски свештеник во соборниот храм “Св Димитрија” во Битола, каде беше ракоположен во свештенички чин.

На 19 декември на празникот Свети Никола е одликуван со протојерејски чин и поставен за архиерејски намесник на Битолското намесништво, a потоа за старешина на соборниот храм “Св. Димитрија” во Битола, на која должност останува се до септември 1982 година.

Од 1 септември 1982 година од тогашниот надлежен архиереј на Американско-канадско-македонската православна епархија митрополитот Кирил беше назначен за парохиски свештеник во црквата “Св Климент Охридски” во Торонто, а на 22 март 1988 година од страна на Неговото Блаженство архиепископот Охридски и Македонски г г Гаврил и за архиерејски заменик на Американско-канадско-македонската православна enapxиja. Тој беше еден од истакнатите свештеници на Северноамериканскиот континент.

ПРОТОЈЕРЕЈ ЈОВАН БОСЕОВСКИ

Прота Јован Босеовски е роден на 5 јуни 1951 година во с. Градешница, Битолско, од православни родители Марија и Стево Босеовски. Своето детство го помина во своето родно село каде го заврши и основното училиште, а осмолетката ја заврши во соседното село Старавина.

По завршувањето на осмолетката во 1966 година, со благослов на Преспанско-битолскиот митрополит Климент се запишува на Призренската Богословија, каде ја завршува првата година. Co отворањето на Македонската православна богословија “Св. Климент Охридски” во Драчево, во 1967 година, се запишува во втора година за во 1971 година да го заврши своето богословско образование, Истата година започна да студира на Богословскиот факултет. меѓутоа со неговото доаѓање во Торонто ги прекинува студиите.

Во октомври 1972 година пристигна во Торонто, каде и се запознава со неговата сопруга Мила Талевска, професор за англиска литература и активна членка на Македонската православна црква “Св Климент Охридски”, со која имаат два сина Стефан и Спиро и ќерка Марија.

На 28 август 1974 година во манастирот “Св. Атанасие” во Лешок (Гостиварско). беше ракоположен во ѓаконски чин, а истата година во “Св. Јоаким Осоговски” во Крива Паланка, од страна на надлежниот епархискки архиереј митрополитот Американско канадски г. Кирил беше ракоположен во свештенички чин.

До ноември 1974 година служи во МПЦ “Св. Климент Охридски” во Торонто, а потоа во МПЦ “Св. Кирил и Методиј” во Њу Џерси,  каде организира црковен хор,  неделно училиште  и други активности. Од август 1977 година, по негово барање беше преместен во МПЦ “Св. Наум Охридски” во Хамилтон, Канада, a потоа од 15 септември 1985 година беше парохиски свештеник во МПЦ “Св   Климент Охридски” во Торонто.

Протојерејот Јован Босеовски има долги години пастирска света должност меѓу македонските верници, со кои во сите прилики се покажал како вистински духовник на Северноамериканскиот континент и македонски народен свештеник. Тој активно учествува и на црковните, народните, културните семакедонски манифестации

Продолжува  

1slave 1 Пишува: СЛАВЕ  КАТИН

Најново од: Дијаспора

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

Академик Ферид Мурат – американски нобеловец и пријател и Македонија

Академикот Ферид Мурат е познат лекар и фармацевт во Соединетите Американски Држави. Најголемиот дострел на полето на науката го постигнал во 1998 година, кога ја добил Нобеловата награда за физиологија и медицина. Тој е роден во Вајтинг, Индијана, мајка му е Американка родена во Алтон, Илиноис, а татко му е Албанец од село Лакавица, Гостиварско. […]

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

To top