Дијаспора

СВЕТЛЕ (СТИВ) СТАМЕВСКИ – МАКЕДОНСКИ БИЗНИСМЕН ВО САД (10)

1sad

1sad

САД – НОВАТА ТАТКОВИНА НА СЕМЕЈСТВОТО СТАМЕВСКИ

Во ова продолжение ќе  претставамдел од приказната за Соединетите Американски Држави, новата татковина на Светле (Стив) Стамевски, каде во новите средини Македонците од сите делови на етничка Македонија се претставени како засебна нација, со своја држава, со длабоки корени, со национална црква и со сите други атрибути на еден народ во светот

Често пати се вели дека Америка е земјата на бизнисот и религијата. Тоа се потврдува со фактот што на тие богати простори век векуваат еден крај друг многубројни народи и нации од сите расни групи со различни религии и од сите континенти во светот. Меѓу нив, значајно место имаат и Македонците, кои ги уживаат сите права и слободи за развивање на своите национални чувства, на својата култура, религија и на сè она што ја карактеризира нивната самостојност и самобитност.

За жал, во минатото Македонците на северно-американскиот континент биле во поподредена положба во споредба со емиграцијата на соседните земји на Балканот. Затоа биле постојана цел на туѓите пропаганди. Соседните земји, со своите освојувачки и асимилаторски апетити, настојувале со сите сили и перфидни средства, да ги придобијат и да се наметнат на неорганизирани­те Македонци, со цел да ја деформираат и да ја потиснат нивната национална свест.

Така заразени од туѓите пропаганди, и како религиозни луѓе некои се приклучиле кон (про)бугарски, (про) српски, (про)грчки православни цркви и други организации и клубови. Меѓутоа, положбата рапидно се сменила по конституирањето на Република Македонија и особено по обновувањето на Охридската архиепископија во лицето на Македонската православна црква.

Како резултат на тие придобивки, Македонците во Соединетите Американски Држави формирале многу македонски православни цркви, македонски друштва, клубови и различни асоцијации, отворија радија и ТВ-програми, започнаа да печатат весници, списанија и други информативни гласила на македонски јазик.

Тоа придонело во новите средини тие да се претстават како засебна нација, со своја држава, со длабоки корени, со национална црква и со сите други атрибути на еден народ во светот. Македонските иселеници застанаа на страната на вистината, со цел да го афирмираат македонскиот народ и Република Македонија.

1sad121Вашингтон

Како автор на монографијата на Светле (Стив) Стамевски можам слободно за констатирам дека името и делото на овој познат и признат американски бизнисмен од македонско потекло и на неговото семејство е тесно поврзано со неговата втора татковина Соединетите Американски Држави (САД).

Затоа во оваа пригода ќе дадам кус историски преглед за САД, земјата во која живее, се развива, проширува, опстојува и постигнува напредок семејството Стамевски. Имено, САД е ветената земја, како ја нарекуваат Македонците и другите доселеници, сојузна република во Северна Америка, сместена меѓу Атланскиот и Тихиот Океан, меѓу Канада и Мексико, составена од 50 сојузни држави и еден сојузен округ.

Заедно со Алјаска и Хаваите, таа е една од најголемите во светот, во која живеат над 250 милиони жители. Најголем број Американци се доселени од Европа, првенствено од Велика Британија и од Ирска, потоа од Германија, Италија, Русија (по Октомвриската револуција), од Полска, Норвешка, Шведска, Данска, Македонија и голем број латиноамерикански земји. Во Соединетите Американски Држави има бројно афроамериканско население, има Индијанци, Јапонци, Кинези, Евреи и други народи

Главен град е Вашингтон, кој се наоѓа во Сојузниот округ Колумбија и заедно со предградијата има над три милиони жители. Други важни метрополи се: Њујорк, Чикаго, Лос Анџелес, Филаделфија, Детроит, Бостон, Балтимор, Кливленд, Сан Франциско и други. Релјефот на САД е многу разновиден: континенталниот дел се дели на неколку големи географски области, различ-ни по простор и природни богатства.

Таму владее од континентална, суптропска, приморска, континентално-планинска и арктичка до умерено топла океанска клима. Соединетите Американски Држави располагаат со големо богатство на планини, езера и реки. Најпознати езера се: Горното, Хјурон, Мичиген, Ири и Онтарио, а од реките Мисисипи, Мисури, Рио Гранде Колорадо и други.

1sad211Детроит

Најстари познати жители на денешната територија на Соединетите Американски Држави се Ескимите и Индијанците. Се претпоставува дека од Европејците на северно-американскиот континент први дошле Норманите пред илјада години. Кристифор Колумбо ја откри Северна Америка во 1492 година, а во почетокот на 16 век почнаа да доаѓаат и првите европски колонисти од: Англија, Франција, Холандија, Шведска, Шпанија, кои, за да освојат простори, воделе војна со Индијанците.

Прва англиска колонија е Вирџинија, формирана во 1584 година, потоа Масачусетс во 1620 година, а во 1614 година е формирана Нова Холандија, со главниот град Нов Амстердам, кој во 1664 година се преименува во Њујорк.

Соединетите Американски Држави имаат бурна и богата историја од своето формирање до денес. Така, покрај борбите со Индијанците, во 1775 година почнаа првите судири меѓу американските доброволни одреди и англиската војска, со што, всушност, почна борбата на северно-американскиот континент за независност.

Во 1783 година, со мирот во Версај, Англија ја призна независноста на Соединетите Американски Држави, со што настанаа крупни промени не само во САД, туку и во целиот свет. Соединетите Американски Држави ги потресе Граѓанската војна од 1861 до 1865 година, потоа светската економска криза 1929-1935 година, Втората светска војна, особено војната со Јапонија и употребата на атомското оружје над Хирошима и Нагасаки до Виетнам и денешната криза во Пакистан.

Според економската структура, Соединетите Американски Држави се индустриско-аграрна држава, која достигнува многу висок степен на развој на производните сили во сите стопански гранки. Со тоа, тие имаат економска доминација во светот, што придонесува за зголемување на капиталот во целиот свет, поради што тие претставуваат една од водечките светски економски сили.

Продолжува

11slav СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Дијаспора

Гордана Димовска: Клучни информации за гласањето во Викторија

Денес, сабота, 28 ноември 2026 година, се одржуваат редовните  шеесет и први државни избори во сојузната држава, Викторија. Се одржуваат континуирано од 1856 година, кога Викторија воспоставила дводомен парламент со одговорна влада. Тие доаѓаат по изборите во ноември 2022 година (60-ти парламент), а новоизбраните 88 пратеници во Долниот дом и 40 членови во Горниот дом […]

Македонскиот фестивал на културата во Williamstown ги обедини Македонците во Викторија

Како што е познато во Австралија секоја година се одржуваат фестивали на храната и масовно се прифатени од Македонската заедница во било кој град да се одржуваат. Во Викторија, Фестивалот на македонската култура во Вилиамстеон е секогаш со радост дочекуван затоа што е место каде се слави нашата култура, традиција, јазик, оро и песна. Токму […]

Друштва и асоцијации на македонските иселеници во САД од 2000 година до денес

Македонците во Соединетите Американски Држави се организирани во македонските православни цркви и во различни друштва и асоцијации. Така, според делото „Македонците во САД и во Канада“ од авторот на овие редови, во период од 2000 –та година до денес се формирани голем број македонски друштва и друг вид асоцијации во САД. Овие значајни македонски асоцијации […]

Илјадници наши иселеници летово во Македонија

Фиданка Танаскова Посети и дружење за незаборав Д-р Ицо Најдовски Перин од Мелбурн помина два месеца во родната земја, исполнети со средби, патувања и дружење. Летово, во своја Македонија, на балканската крстосница во јужниот дел на Европа, допатуваа илјадници наши сонародници од различни генерации, кои низ годините заминале на разни страни од светот. Оживеаја многу […]

Градот Мелбурн им се извини на Македонците

Градскиот совет ги покани македонските играорци повторно да настапат на парадата Мумба во 2027 година, со дозвола да го истакнат знамето со Ѕвездата од Кутлеш.   Градот Мелбурн на 16 ноември 2026 година официјално ѝ се извини на македонско-австралиската заедница поради одлуката со која во март на македонските учесници на парадата Мумба им беше забрането […]

Мито Алексовски од Полска во 2010 година: Името Македонија му припаѓа на македонскиот народ

Името и другите државни вредности на Македонија не се приватни сопствености на политичарите а, ни на било која партија. Тоа се сопствености на целиот македонски народ. Исто така тоа не е стока за продавање и не постои  начин не можат да бидат тема на политички разговори или дипломатски трговии. Кој го прави тоа е предавник […]

Се одржа Јубилејна „Егејска вечер“ и семакедонската средба во Штип

Јубилејната „Егејска вечер“ и семакедонската средба во Штип ги собраа Македонците од Грција, Бугарија и Албанија, како и Македонците од Егејска Македонија кои денес живеат во Република Македонија. Од средбата беше упатена порака за зачувување на македонскиот идентитет, поцврсти врски меѓу заедниците и поголемо внимание од институциите кон нивните права. Едмонд Темелко, поранешен градоначалник на […]

Апел на Друштвото на Македонците во Полска од 28 мај 1994 година

Друштво на Македонците во Полска Гдањск, 28 мај 1994 година До Претседателот, Владата и Парламентот на Република Македонија АПЕЛ Ние, Македонци – бегалци од егејскиот дел на Македонија, здружени во Друштвото на Македонците во Полска, апелираме до Претседателот, Владата и Парламентот на Република Македонија да не се откажуваат од името „Република Македонија“, знамето, сонцето – […]

To top