Дијаспора

Јубилеј : ПОВЕЌЕ ОД ЧЕТИРИ ДЕЦЕНИИ НЕГУВАЊЕ И ПРОМОВИРАЊЕ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК И ЛИТЕРАТУРА

a61338d7f798651113635a81cabe1316 Generic

a61338d7f798651113635a81cabe1316 Generic

Македонското литературно друштво „Григор Прличев” се формира на 31 март 1978 година со цел да ги зближи и соедини македонските емигранти од Австралија кои активно создаваат на полето на литературата; да го чува и одгледува македонскиот литературен јазик и македонската литература. За остварување на овие цели Друштвото превзеде разновидни активности, како организирање на културно-литературни средби, семинари, наградни конкурси за „Прличева награда”, издавање на списанието „Повод”, формирање Библиотека со читална и архивски оддел и издавање книги од самите членови пишувани на македонски и англиски јазик.           

За последните над четириесет години Друштвото успешно секоја година ги одржува наградните конкурси за поезија и раскази како за возрасни така и за деца, преку кои ги поттикнува поетите и раскажувачите да творат; секоја година организира по неколку поетско-литературни средби за одбележување на годишнината на Друштвото како и за македонските национални денови „Илинден”, годишнините поврзани  со поетот Прличев и со апостолот Гоце Делчев, како и промовирање книги. Трипати Друштвото беше активно вклучено во координирање на Деновите на македонската култура во државата Нов Јужен Велс и двапати одржа Македонски филмски фестивал. Друштвото исто така успешно го издаваше своето списание „Повод” од кое се издадоа 54 броеви до 1990  година и над 90 наслови на книги од различни жанрови на македонски и англиски јазик. Во Библиотеката, која е единствена од ваков вид во дијаспората, има повеќе од шест илјади наслови и истата поседува богат архив со материјали и изданија од македонската заедница во Австралија. Во Друштвото и Библиотеката членуваат 330 редовни членови. Друштвото има соработници од повеќе градови во Австралија и во истото членуваат и извесен број почесните членови: Матеја Матевски, Славко Јаневски, Ѓорѓи Сталев, Блаже Конески, Илија Чашуле, Томас Шапкот, Реџинал Де Бреј, Стојан Ристески, Науме Радически, Анте Поповски, Славе Ѓорго Димоски, Разме Кумбароски, Блаже Ристовски, Јован Кокаловски, Александар Донски, Иван Трпоски, Душан Ристевски, Панде Манојлов, Раде Сиљан, Фиданка Танаскова, Трајче Кацаров, Славе Катин, Мартин Треневски, Ристо Стефов и Васил Тоциновски.

Друштвото од самиот почеток активно беше вклучено во борбата за зачувување на македонскиот идентитет, јазикот, културата и историските постигнувања на Македонците. Друштвото даде иницијативи, во зависност од потребите на заедницата, да се формира Шаховска асоцијација, Драмска асоцијација за млади, Комитет за човекови права, Дебатен клуб, Клуб на ликовни уметници, Служба за социјална грижа, Социјално друштво за жени, Училишта по македонски јазик и Театар. Друштвото беше активно вклучено во организирање собири и протести и издавање повелби и резолуции за зачувување на македонскиот идентитет и нација и во борбата против шовинистичките држави кои го негираат постоењето на Македонците кои живеат во поробените делови на Македонија, како и до македонските влади кои од независноста на Република Македонија многу малку придонесуваат за обединетоста на Македонците и зачувување на нашиот идентитет.           

Се надеваме дека Друштвото со членовите ќе продолжат преку својата креативност да го негуваат македонскиот литературен јазик, македонскиот идентитет и културно-историските постигнувања на Македонците без разлика каде тие живеат.

Душан Ристевски

(Почесен претседател)

Најново од: Дијаспора

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

Македонците во Њујорк го кренаа знамето среде дожд и невреме за 35 години независност

Можат да се обидуваат да нè избришат. Но, и во еден ваков бурен и мрачен ден… ние сме тука. Над сто Македонци и пријатели на Македонија се собраа во срцето на Њујорк, покажувајќи дека љубовта кон татковината е посилна од дождот и невремето. На 26 септември 2026 година, и покрај дождот и силното невреме што […]

Никола Тесла – светски научник чии пронајдоци ја променија модерната цивилизација

Големиот научник Никола Тесла се почитува и слави и во Хрватска и во Србија и во Соединетите Американски Држави и во целиот свет. Тоа го потврдуваат современите проучувачи на ликот и делото на Никола Тесла, кои го нарекуваат “Човекот што го измислил дваесеттиот век“ и “светецот – заштитник на модерниот електрицитет.“ Никола Тесла беше научник, […]

Вратени 16.952 текста објавувани од 2009 до 2026 година на порталот „Македонска нација“

Зачуван е најголемиот дел од богатата архива на порталот — текстовите повторно се достапни за читателите, а со нови материјали продолжуваме да го збогатуваме македонското историско и културно наследство. Во април 2026 година порталот „Македонска нација“ стана недостапен. Не знаеме со сигурност дали стануваше збор за хакерски напад или за друг проблем. За да продолжиме […]

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

To top