Дијаспора

СВЕТЛЕ (СТИВ) СТАМЕВСКИ – МАКЕДОНСКИ БИЗНИСМЕН ВО САД (14)

1890

1890

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА ЗА СВЕТЛЕ – СТИВ СТАМЕВСКИ

Монографијата „Стамевски“ е посветена на  Светозар – Светле (Стив) Стамевски и неговото семејство чии корени се во селото Одри, Тетовско, а втората татковина им се Соединетите Американски Државо  во метрополата Детроит. Исто така, делото е посветенео на младите генерации од лозата Стамевски, како и на постигнувањата на деловен план на ова американско-македонско семејство.

Делото „Стамевски“ е значајна и по многу нешта единствена монографија од овој вид и претставува исцрпен осврт за вистината и за потеклото, животниот пат и постигнувањата на Светозар – Светле (Стив) Стамевски, истакнат македонски иселеник, сопартиец и личен пријател на претседателот на САД, Џорџ  Буш Јуниор, и на неговото семејство. Инаку, на Светле Стамевски крстеното име му е Светозар, а во Америка го викаат Стив.

Монографијата за Светле (Стив) Стамевски и неговото семејство од авторот на овие редови, Славе Катин,го отпечати  книгоиздателството „Македонска искра“ од  Скопје во 2005, на 222 страници на македонски и на англиски јазик. Таа во исто време е и значајно дело за вистинска презентација и афирмација на минатото и на сегашноста на Македонија и на македонскиот народ, со посебна нагласка на Македонците во САД. Делото е темелено и исцрпно кое значи прилог и има голем придонес во иселеничката книжнина.

Делото е поделена на девет делови. Презентиран е краток осврт на историјата на Македонија, на Полошкиот крај и на родното село Одри, Тетовско, на семејството Стамевски, потоа родословието на ова семејство, нивниот историски развој во Македонија и во САД, пријателството на Светле со угледни американски личности од јавната администрација, неговите активности во македонската заедница, особено во Македонската православна црква “Света Богородица” во Детроит и други значајни настани, кои оваа книга ја прават интересна за читање.

189121Светлана и Светле

Со оваа Монографија верувам уште еднаш успеав да оттргнам од заборавот и да овековечам дел од животот на македонските иселеници, овој пат преку личноста и делото на познатиот и признат бизнисмен и виден Американец од македонско потекло, Светле – Стив Стамевски

Во мојата биографија е забележано декa како публицист сум познат само како Славе Катини дека како аналитичар на Македонците во светот сум познат на македонската и на меѓународната јавност по моите бројни публикации, новинарски и научни трудови кои се посветени, главно, на етничка Македонија, на животот на Македонците во светот, на Македонската православна црква – Охридска архиепископија и на Античка Македонија.

Заедничкиот живот на Светле и Светлана наликува на една современа сторија.   Тие ја градат брачната заедница со многу љубов, меѓусебна доверба, внимание и  уважување.   Имаат четири прекрасни деца Велко, Зоран, Билјана и Гордана.

Велко е најстариот син и прва рожба на семејството на Светле (Стив) Стамевски. Тој е роден на 21 април 1981 година во Детроит. Бил добар ученик и студент, а денес оди по стапките на својот татко во ресторанскиот и друг бизнис. Велко влезе во брачните води со својата долга љубов Силвана Трбовиќ, na 4 juni 2006 goдина. За својот син Светозар-Светле направи голема свадба.  Покани околу шестотини гости, роднини и пријатели од сите делови на САД и Канада. Тоа беш свадба која ќе се памети по се“ она што семејството Стамевци го понуди на гостите.

Вториот син на Светле (Стив) Стамевски е Зоран кој е роден на 18 октомври 1982 година. Тој е роден на година и половина по својот брат Велко. Третата рожба е Билјана, родена на 12 септем-ври 1984 година. Таа е прво женско чедо на семејството на Светле (Стив) Стамевски, а четвртата е Гордана, која е родена на 22 август 1985 година. Тие беа добри студенти кои, истовремено и учеја и работеја во ресторанот. Често дедото Тврдомир велеше дека не е моќен да го држи ресторанот без неговите внучиња. Тие му беа десна рака.

Семејството Стамевски е една прекрасна американско-македонска заедница, која е горда што е од тетовскиот крај исто колку што е горда дека е од детроитското, мичигенско поднебје. Работите и во бизнисот сосема му тргнаа на арно на ова семејство. Ресторани, па потоа доаѓа нивното навлегување во претприемаштвото, во градежништвото и во недвижностите.

1892Велко и Силвана

Стамевски откупуваа слободни плацеви и простори, и градеја куќи, градеја населби за живеење со висок стандард. Да ги посочиме оние изградени шеесеттина супер луксузни резиденцијални живеалишта со базени и големи градини. Имаа купено над 330.000 метри квадратни продажен простор. Па следеа други, трети зафати и така во низа. Успесите се нижеја. He дека се’ одело како подмачка-но. Но, упорноста, снаодливоста и знаењето на босот на фирмата од Стамевци,  ги  разрешуваат проблемите.

Основата на бизнисот на Светле (Стив) Стамевски ја   постави   неговиот  татко Тврдомир, кој вложил многу труд, време, памет и средства. Историскиот развој на нивниот бизнис не бил лесен, туку бил исполнет со турбуленции. Но, благодарение на нивната верба во Бога, и како резултат на самодовербата, точноста, исполнителноста, чесноста и деловноста, тие постигнале значаен успех. Семејството на Светле (Стив) Стамевски е едно од поимотните Македонски семејства во САД.

За почетоците на бизнисот Светле (Стив) Стамевски вели: „Го купивме ресгоранот каде што работеше татко ми. И јас таму бев доста ангажиран, но истоврамено бев и во фабриката. На две места не беше лесно, исцрпувачки е тоа максимално, но заработувачката не беше лоша. Во 1979 година, веднаш по Новата година, ја напуштив фабриката и продолжив единсгвено само со ресторанскиот бизнис. Иако млад, мислам дека успеав прилично бргу и прилично добро да овладеам со него, па богами почна и на цена веќе да биде, доаѓаше св подобра клиентела, сгекнувавме се побројни идобри госги”.

Потоа започнаа да купуваат недвижен имот, кој им обезбеди напредок во бизнисот. Така, семејството на Светле (Стив) Стамевски беше сопственик на пет големи трговски центри, во различни места во Мичиген и Охајо. Тие беа сопственици на 60 дуќански простори, од кои три супермаркети и други специјализирани деловни простории. Притоа неговиот луксузен дом во општината Вашингтон, претставува привлечно и богато катче за живеење. Ресторанот, пак, на Светле (Стив) Стамевски е место на средби и разделби. Во него, покрај вкусната храна што ја приготвуваше Тврдомир, пријателствата и средбите заземаат посебно место.

Продолжува

1slav1 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Дијаспора

Гордана Димовска: Клучни информации за гласањето во Викторија

Денес, сабота, 28 ноември 2026 година, се одржуваат редовните  шеесет и први државни избори во сојузната држава, Викторија. Се одржуваат континуирано од 1856 година, кога Викторија воспоставила дводомен парламент со одговорна влада. Тие доаѓаат по изборите во ноември 2022 година (60-ти парламент), а новоизбраните 88 пратеници во Долниот дом и 40 членови во Горниот дом […]

Македонскиот фестивал на културата во Williamstown ги обедини Македонците во Викторија

Како што е познато во Австралија секоја година се одржуваат фестивали на храната и масовно се прифатени од Македонската заедница во било кој град да се одржуваат. Во Викторија, Фестивалот на македонската култура во Вилиамстеон е секогаш со радост дочекуван затоа што е место каде се слави нашата култура, традиција, јазик, оро и песна. Токму […]

Друштва и асоцијации на македонските иселеници во САД од 2000 година до денес

Македонците во Соединетите Американски Држави се организирани во македонските православни цркви и во различни друштва и асоцијации. Така, според делото „Македонците во САД и во Канада“ од авторот на овие редови, во период од 2000 –та година до денес се формирани голем број македонски друштва и друг вид асоцијации во САД. Овие значајни македонски асоцијации […]

Илјадници наши иселеници летово во Македонија

Фиданка Танаскова Посети и дружење за незаборав Д-р Ицо Најдовски Перин од Мелбурн помина два месеца во родната земја, исполнети со средби, патувања и дружење. Летово, во своја Македонија, на балканската крстосница во јужниот дел на Европа, допатуваа илјадници наши сонародници од различни генерации, кои низ годините заминале на разни страни од светот. Оживеаја многу […]

Градот Мелбурн им се извини на Македонците

Градскиот совет ги покани македонските играорци повторно да настапат на парадата Мумба во 2027 година, со дозвола да го истакнат знамето со Ѕвездата од Кутлеш.   Градот Мелбурн на 16 ноември 2026 година официјално ѝ се извини на македонско-австралиската заедница поради одлуката со која во март на македонските учесници на парадата Мумба им беше забрането […]

Мито Алексовски од Полска во 2010 година: Името Македонија му припаѓа на македонскиот народ

Името и другите државни вредности на Македонија не се приватни сопствености на политичарите а, ни на било која партија. Тоа се сопствености на целиот македонски народ. Исто така тоа не е стока за продавање и не постои  начин не можат да бидат тема на политички разговори или дипломатски трговии. Кој го прави тоа е предавник […]

Се одржа Јубилејна „Егејска вечер“ и семакедонската средба во Штип

Јубилејната „Егејска вечер“ и семакедонската средба во Штип ги собраа Македонците од Грција, Бугарија и Албанија, како и Македонците од Егејска Македонија кои денес живеат во Република Македонија. Од средбата беше упатена порака за зачувување на македонскиот идентитет, поцврсти врски меѓу заедниците и поголемо внимание од институциите кон нивните права. Едмонд Темелко, поранешен градоначалник на […]

Апел на Друштвото на Македонците во Полска од 28 мај 1994 година

Друштво на Македонците во Полска Гдањск, 28 мај 1994 година До Претседателот, Владата и Парламентот на Република Македонија АПЕЛ Ние, Македонци – бегалци од егејскиот дел на Македонија, здружени во Друштвото на Македонците во Полска, апелираме до Претседателот, Владата и Парламентот на Република Македонија да не се откажуваат од името „Република Македонија“, знамето, сонцето – […]

To top