Дијаспора

СВЕТЛЕ (СТИВ) СТАМЕВСКИ – МАКЕДОНСКИ БИЗНИСМЕН ВО САД (13)

1mit

1mit

ПЕЧАЛБАРСКАТА САГА НА СТАМЕВСКИ ОД ОДРИ ДО ДЕТРОИТ – ДЕЛ II

Во ова продолжение ќе  претставам дел од приказната за Светле (Стив) Стамевски во Соединетите Американски Држави и Македонија, со посебна нагласка на патувањето до Белград и процедурата околу добивањето на американска виза за неговата невестата Светлана, брза свадба и патување за Детроит

Во продолжение на разговорот Светле (Стив) Стамевски ме информира:„Следниот чекор околу средувањето на формалностите, беше патувањето до Белград и процедурата околу добивањето на американска виза за невестата. Стасавме со возот во тогашниот главен град на бившата федерација, но кога дојдовме пред Американската  амбасадата, имаше што да видиме, народ плева. Толку многу беше гужва, што човек да изгуби надеж дека може да дојде на ред. He доаѓа во предвид да чекам, си реков. Та нели ние Македонците сме снаодливи во сите прилики?

Јас онака дотеран и бидејќи според пасошот  за нив бев странец, сосема ноншалантно и одважно, пред очите на редарите и полицајците, си влегувам внатре во амбасадата, небаре сум нивни службеник или важен дојденец.

Јас влегувам, тие ме меркаат, никој не се осудува ништо да ме праша, ниту пак ги слушам кој што вели и како вели, одам право на шалтерот. Во тој момент слушам како некој вика – Мишо, Мишо! А си велам, значи тој е Мишо кој треба да ми ја отвори вратата. Тогаш и јас викнав – Мишо отвори, ама на англиски. Еден човек вистина ми отвори врата, ме гледа, не знае кој сум. Само му реков дека одам горе и толку. Продолжив. Си велам ако чекам, никогаш нема да влезам. Вака ако треба нека се правам и на удрен, само да се заврши работава.

На катот стоеја дури четворица полицајци. Ај! Им велам на англиски, тие исто ме отпоздравија, прашувајќи ме од каде сум. Од Мичиген, реков. Тогаш, ќе одиш во таа и таа соба кај конзулот, ме упатија тие. Почукав двапати на вратата. Госпоѓата кога ме виде, се чуди, кој сум, пак, сега јас

Сакам да се женам, им реков, веднаш, а имам проблеми со документите, за жена ми. Прво ми честитаа сите што беа во собата, а потоа, рекоа, дека нема никаков проблем. Го пратија полицаецот за да ја донесе таму долу од редот, мојата невеста која чекаше заедно со толку народ. Веднаш го отворија досието и гледаат дека јас дури тринаесет луѓе сум донел во Америка. Откако ја прелистаа сета документација и гаранцијата што ја имав за Светлана, тогаш неа ја прашаа – дали ме сака. Таа веднаш како од пушка одговори со -да.

Интересно беше што и цвеќе донесоа. Се венчавме, тука во Американската амбасада во Белград. Се пошегуваа тогаш велејќи ни дека уште една Американка сега имаат плус. Ги ставија сите печати, ми ја дадоа визата в рака и ме советуваа дека морам да извадам лекарско уверение, бидејќи без тоа, таа по ова не може да влезе во САД. 

1mit1Белград 

Оттаму отидовме право во болницата за да земеме лекарско уверение. Но, и пред болницата народ како плева. Нема шанса да се стаса на ред со денови. Мојата итроштина морав некако пак да ја употребам. Гледам како медицински сестри влегуваа од задната врата и јас тргнав по нив. Ја отвори една сестра вратата и ме прашува што барамјас тука. И, велам, не само кого барам, туку и мене кој ме бара оти се изгубив.

А, што ви треба, ми се обрати жената. И кажав во две реченици се, кога една што стоеше потаму рече дека, баш таа ќе ни заврши работа. Јас објаснувам како во Белград се’ што требаше од страна на документи ми е готово, а дека остана само лекарското уверение. Немам во овој град никакви роднини, ниту пак некого познавам, а немам ни време, бидејќи се брзам за да стасам на време во Америка.

Љубезните медицински лица уште и со кафе ме понудија, ја повикаа сопругата, тазе невеста, ги направија сите прегледи и ни кажаа дека резултатите ќе се готови утреизутрина. Им велам, дека не можам да чекам толку ни случајно, а ако треба се’ ќе платам само веднаш уште денес да се заврши работата. Тоа не успеа, бидејќи морало да се чека до изутрина. Кога сабајлето отидовме, нема абер од резултатите. Се подналутив, па белким нема да загубам и цела недела чекајќи низ Белград само на еден резултат.

1mit2Од свадбата во Детроит 

Ми пријде една љубезна госпоѓа, ме прашува што е проблемот. И кажав. Потоа се интересираше како е во Америка, јас и дадов некој долар да се почести иако не сакаше. Дојде со мене низ цела болница, ги зеде резултатите, ми ги даде и јас заблагодарувајќи и се, заминав.

Следната дестинација беше патничката агенција за да земам карта за Светлана за Америка. Кога дојдов на ред, службеничката почна да вреска. Нема карти, ми рече некултурно и си се сврте. Јас сосема бев со врзани раце, бидејќи бев со невестата, па морав да бидам стрплив, инаку лом ке направев. Ајде некако, со добро, со нешто рушвет, и во два дена ете, и тоа се заврши.

Излеговме надвор да фаќаме воз за Тетово, a мојата избраничка прашува, што правиме со свадба. Едино чаре беше да се фатиме за телефон. Ѕвониме кај нејзините, ѕвониме и кај моите во Одри и бараме во неделата веднаш свадба да правиме, бидејќи во понеделникот за Америка тргнуваме. Така и се случи. Набрзина беше, ама убава свадба беше. Co зет, невеста, девери, сватови, музики, и со сите адети ја направивме. Следниот ден ние веќе заминавме кон Детроит.

На интернационалниот дел од аеродромот во Детроит, беа дојдени мајка ми со зетот и некои други роднини и пријатели. He’ пречекаа ни се израдуваа. Татко ми им рекол – ајде бре, тој неоти ќе дојде со невеста. Ќе го видите сега со некои деца таму на аеродромот. Кога дојдовме дома, гледа и се чуди, кој дошол за нецели две недели со виза и сите завршени формалности. Но, кога седнавме и ги израскажавме сите работи, се беше јасно, иако изгледаше како на филм. Господова работа…” Ја заврши прикаската Светозар-Светле Стамевски.

Продолжува

1slav1Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Дијаспора

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

Македонците во Њујорк го кренаа знамето среде дожд и невреме за 35 години независност

Можат да се обидуваат да нè избришат. Но, и во еден ваков бурен и мрачен ден… ние сме тука. Над сто Македонци и пријатели на Македонија се собраа во срцето на Њујорк, покажувајќи дека љубовта кон татковината е посилна од дождот и невремето. На 26 септември 2026 година, и покрај дождот и силното невреме што […]

Никола Тесла – светски научник чии пронајдоци ја променија модерната цивилизација

Големиот научник Никола Тесла се почитува и слави и во Хрватска и во Србија и во Соединетите Американски Држави и во целиот свет. Тоа го потврдуваат современите проучувачи на ликот и делото на Никола Тесла, кои го нарекуваат “Човекот што го измислил дваесеттиот век“ и “светецот – заштитник на модерниот електрицитет.“ Никола Тесла беше научник, […]

Вратени 16.952 текста објавувани од 2009 до 2026 година на порталот „Македонска нација“

Зачуван е најголемиот дел од богатата архива на порталот — текстовите повторно се достапни за читателите, а со нови материјали продолжуваме да го збогатуваме македонското историско и културно наследство. Во април 2026 година порталот „Македонска нација“ стана недостапен. Не знаеме со сигурност дали стануваше збор за хакерски напад или за друг проблем. За да продолжиме […]

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

To top