Дијаспора

СВЕТЛЕ (СТИВ) СТАМЕВСКИ –МАКЕДОНСКИ БИЗНИСМЕН ВО САД (15)

1pat

1pat

ПАТОТ Е ЖИВОТ – ЖИВОТОТ Е ПАТ 

Во петнаесеттото продолжение за читателите на порталот „Македонска нација“ ќе  ја претставам репортажата на Радио – Скопје за пуштање на патот до родното село на Светле (Стив) Стамевски, при што неговиот татко Тврдомир Стамевски подарил 15 илјади долари и со средства од селаните од Одр и Општината Тетово го асфалтира патот за Одри

Потшарпланинското село Одри, кон кое се и упативме еден сончев октомвриски понеделник, вели Лазе Билбиловски, новинар на македонското радио – Радио-Скопје во својата репортажа за пуштањето на патот во родното село на Светле (Стив) Стамевски и продолжува:

„Може ли перото на новинарот, може ли репортерскиот микрофон да ја измери силата на копнежот кон сгариот крај? Можат ли да се доловат мислите и чувствата таму далеку зад океанот, за една ваква есен под Шар Планина? За нас одовде од оваа наша и нивна македонска земја, тешко е тоа. Па сепак, должносг и чесна обврска на новинарот е да се обиде тоа да го почувствува и да го пренесе барем во ретките средби со тие наши современи гурбетчии.

 А нив од Тетовско во Америка, во Детроит ги има многу. Нивните очи ако ги сретнете, велат, секогаш сме тука, макар со душата. Сакаме да помогнеме. Можеби во тоа има извесна гордост заради парите спечалени во новата татковина. Па и за инает. Кој знае. Надевајќи се на една таква средба, велам, појдовме во Одри. За жал не го сретнавме домаќинот Тврдомир Сгамевски. Неколку дена порано заминал за Америка. Но тука беше неговиот брат, и потече приказната.

– Јас се викам Тодор Ѓуровски од село Одри, Тетовско сега живеам во истото село. Ние сме пет браќа јас сум најстариот брат та се наоѓам тука во село Одри. А од моите браќа дојде еден брат, тој се вика Тврдомир-Тврде Сгамевски. Осум години не бил, а се’ на се’ 18 години е во Америка во Детроит. Кога дојде, тој решил оттаму, бидејќи овде немаше негова кола, да дојде со кола. Колата ја донел оо авион. 

1pat2Патот кон селото Одри

Кога стигна, ние како браќа се дружимо идемо таму-вамо колава ја упропасти, немамо пут, немамо влез во селото. И од тиа муке јас му спомнав на брат ми, брат бре некако да учинимо со овиа пут да се тури крај. Доста било. Па стари смо више, па да видимо и ние нешто малко убаво. Па како да напрајмо бре брат. Ми даде одговор. Како. Дај некако допрашај се со другарите тамо наши луди што има у Дегроит нека приберев некоја пара па нешто и ние од овде да га напрајмо. А, рече, тоа многу работа има млого ќе се продолжи тоа. Немам време толку да се продолжува тоа, него некако набрзина да се направи. Набрзина, ако имаш паре, реков, све бидува.

И како што решиле така и направиле.

Се помисли он малко па рече. Ќе напраим. Ќе идемо рече у општина ќе прашамо која е цена по квадрат на киломегар све тоа  како може и дали ќе се нафати да ни напраи одма. Да не чекамо мие. Одма набрзина да биде тоа. Напраено асвалт. И отидовмо у Општина при претседателот. Тој не прати на Управата за патишта испитавмо се’, бидна работава.

Кога решивмо со братот и ни обеќа Општината све да се направи и брат ми обезбеди средства у девизе. Све платил у девизе, доларе. А од сељаните од свака куќа собравмо по десет милиона, братот мој захтеваше, тие не беа некои големи паре, него да речев сељаните и ние смо учествовале во путот. И ние смо дале паре. Да не може да се рече утре дека само еден го направил. Тоа брат ми не сакаше да чуе. Сите ќе си дадете по малку и да бидеге учесници у путот за да бидемо сите учесници не само јас да речат, а Тврдомир го напраил пу-от. Тоа не сакам.

И така се изразуваше он. И све тоа бидна, собравмо пари од сељаните и одредивмо неколко дена акција да се прошири путот, да се очисти. Тој беше ураснат од двете страни лево десно од гранке од разни дрвја. Све смо тоа искастриле, отвориле, смо наместиле и кога беше готово за да дојде Управа за патишта да ни работи тоа беше све готово. И одма моментално почнаа путот да го прават. И го направија.

Така беше со асвалтот наш во селото Одри. He било таков настан во селото да не се одбележи. Решивмо една свеченосг да напрајмо. Тоа за нас, за нашето село беше најголем празник. Најголемо нешто за нас беше што добивме асвалт. И ни дојдоа од соседните села, смо ги поканиле како госги на пуштање на путот, лента смо секле, лента значи, како доликува. Путот го благослови митрополитот Кирил, а имаше и многу други видни гости. Голема радост смо имале. И така го пуштивме путот на употреба.”

1pat3Куќа во Одри

Гласот на добродетелта надалеку се слуша рекол народот одамна. Впрочем и ние поттикнати од тој глас тргнавме да направиме запис за делото што не ќе осгане незабележано како што вели претседателот на тетовското друштво на Матицата на иселениците од Македонија, Живко Видоевски.

Еден таков пример е нашиот предлог до Собранието на Општина Тетово за наградата 19 ноември на Тврдомир Сгамевски од село Одри кој со 60 отсто од вкупниот износ учесгвуваше во изградбата на асфалтниот пат до своето село. Би било тоа признание од неговиот роден крај за Тврдомира таму далеку зад големата вода во Детроит во Америка.

Но верувам лично за него тоа подарување на 15-ина илјади долари за нов асфалтен пат од Одри до патот кон Тетово сега веќе има и нешто поинаква димензија. Една идеја родена првин како личен инает со шарпланинските беспаќа се преточи во незгаслива жед. Црната асфалтна лента по која ита автомобилот кон Тетово за Тврдомир и за неговите браќа но и за многумина како нив го отвори патотза враќање на старите огништа.

Брат ми Тврдомир 18 години живее во Америка, воДетроит, додаде Тодор и рече дека брат му Тврдко со тело е во Детроит, а со духот е во Одри. Сгално мисли за родниот крај. Еве сега прави куќа. Мајстори му работат, а тој мораше да се врати назад зашто има работа и таму, да не трпи таа.

Напролет пак ќе дојде, да се доработи куќата во негово присуство и има намера да дојде за посгојано да живее овде. А исто и од другите браќа Владо Стамевски и тој ќе доаѓа си има куќа тука, си има се’, за да живее тука. Сгароста да ја проведе во село Одри”, се вели на крајот од оваа репортажа за Одри и за Тврдомир Стамевски.

Продолжува

1slav1Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Дијаспора

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

Македонците во Њујорк го кренаа знамето среде дожд и невреме за 35 години независност

Можат да се обидуваат да нè избришат. Но, и во еден ваков бурен и мрачен ден… ние сме тука. Над сто Македонци и пријатели на Македонија се собраа во срцето на Њујорк, покажувајќи дека љубовта кон татковината е посилна од дождот и невремето. На 26 септември 2026 година, и покрај дождот и силното невреме што […]

Никола Тесла – светски научник чии пронајдоци ја променија модерната цивилизација

Големиот научник Никола Тесла се почитува и слави и во Хрватска и во Србија и во Соединетите Американски Држави и во целиот свет. Тоа го потврдуваат современите проучувачи на ликот и делото на Никола Тесла, кои го нарекуваат “Човекот што го измислил дваесеттиот век“ и “светецот – заштитник на модерниот електрицитет.“ Никола Тесла беше научник, […]

Вратени 16.952 текста објавувани од 2009 до 2026 година на порталот „Македонска нација“

Зачуван е најголемиот дел од богатата архива на порталот — текстовите повторно се достапни за читателите, а со нови материјали продолжуваме да го збогатуваме македонското историско и културно наследство. Во април 2026 година порталот „Македонска нација“ стана недостапен. Не знаеме со сигурност дали стануваше збор за хакерски напад или за друг проблем. За да продолжиме […]

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

To top