Дијаспора

СВЕТЛЕ (СТИВ) СТАМЕВСКИ –МАКЕДОНСКИ БИЗНИСМЕН ВО САД (16)

1kir123

1kir123

НЕЗАБОРАВНИ СРЕДБИ ВО ЛЕШОК И НА ПОПОВА ШАПКА 

Во шеснаесеттото продолжение ќе  ги претставам посетите на Лешочкиот манастир кој е легендарен македонски храм и на манастирско светилиште Св. Наум Охридски на Попова Шапка, кој е изграден на највисока кота во источната христијанска црква

Семејството Стамевски е тесно поврзано со Лешочкиот манастир. He само заради близината на нивното село Одри до овој семакедонски светилник, туку и заради фактот ште овој манастир претставува симбол на зачувувањето на македонската вистина, a co тоа и на семејството Стамевски.

Така, во една топло августовско утро во Лешок се сретнавме со Светле (Стив) Стамевски. Тогаш, уште рано – рано од сите страни народ како река надоаѓаше во Лешочкиот манастир. Брзаше старо и младо за да влезе во светите двери на легендарниот духовен храм, широко распослан среде зелената оаза близуТетово, под полите на високата Шар Планина.

Одекнуваа камбаните, додека големиот црковен двор бргу се исполнуваше со повеќето илјади иселени наши браќа кои, токму на тој илинденски викенд, беа стасале од Америка, Канада, Австралија, Европа и секако од цела Македонија. Величествена беше глетката на преполнетиот Лешочки манастир. Одамна иселените од родните македонски огништа, со многу емоции, а повеќемина и со солзи во очите, го разгледуваа храмот „Св. Атанасиј”, на конаците, а до нив и старата црква „Света Богородица”.

Одвреме – навреме многумина од иселениците ќе подзастанеа кога ќе успееја да се препознаат co no некој пријател, а може и со ближна рода. Годините и децениите го сториле своето, сепак, голем касмет беше да се прегрнат братски, тука во татковата земја Македонија и токму во лешочките атари. Тоа беа и таговни, но сепак, многу радосни средби, кои се овековечуваа со камерите и се меморираа во незаборавот.

А под сводовите на стариот и чудесно фрескоживописен храм „Св. Атанасиј” одекнуваше силниот, милозвучен, препознатлив глас на митрополитот Кирил, тука надлежниот прв епархиски достоинственик, кој ја служеше светата литургија во овој надалеку чуен и опеан во песните манастир.

Голем број Македонци од секаде ширум светот влегуваа за да запалат свеќа за здравје и бериќет, се поклонуваа пред олтарот и иконите и, иако немаше веќе игла каде да падне, тие не заминуваа туку остануваа до крај на богослужбата, со восхит понесени од чиноначалствувањето на неговото преосвештенство – Кирил. А потоа тие беа понесени од инспиративниот говор кој го одржа митрополитот.

Тој на насобраните верници и намер-ници, браќа по род, дојдени специјално на оваа семакедонска средба од разни страни на светот, до каде што ги распрскала судбината, маката, намерата и среќата им го честита празникот Илинден и им посака здравје, среќа, љубов и напредок.

1kir1234Средба во Лешок

Во тој топол, пријатен ден, и сета таа прекрасна атмосфера имаа средба со домаќинот – влади-ката Кирил. За таа бисерна разгледница што ја видоа иселениците во Лешочкиот манастир при-кажуваат и раскажуваат на поколенијата.

Митрополитот со својата пресретливост, љубезност, топол братски збор, духовна поткрепа и надеж, за секого, направи тој иселенички ден, тој семакедонски собир, да биде вистински ден за радост и незаборав и вечно да останат спомените за Лешочкиот манастир.

Светле (Стив) Стамевски и поголема група иселеници од Детроит го посетивме манастирскиот комплекс на Попова Шапка. Таму бевме пречекани од митротот Кирил, кој со големо задоволство зборуваше за историјата на комплексот, каде е изграден преубавиот храм „Св. Наум Охридски-Чудотворец”. Во таа прилика, митрополитот Кирил, меѓу другото рече дека во рамките на програмата за одбележување на 25-годишнината од возобновувањето на автокефалноста на Македонската православна црква, која се реализира во текот на 1992 година, како и двете децении од конституирањето на Полошко-кумановската епархија, на Попова Шапка се одржа свеченост посветена на името и делото на еден од македонските светии свети Наум Охридски – Чудотворец.

Имено, во присуство на голем број личности од државниот врв, голем број верници, претставници на културни, научни и други институции од Републиката и општините од епархијата, беше положен и осветен каментемелник на новиот манастирски комплекс што го носи името на свети Наум Охридски, со што беше збогатен празникот на овој наш светител изградено со донација и од Македонците од Детроит, кои имаат посебна љубов кон овој храм.

Тој е на надморска височина од околу две илјади метри и претставува господов браник на татковската Македонија. Тоа е духовно лечилиште за сите оние кои се собираат на молитва, кои во него ќе бараат милост Божја, ќе црпат мудрост и сили за големи животни постигања и радости. Според информациите од црквата, манастирот.

1kir1235Манастирот „Св. Наум Охридски“ на Попова Шапка

Овој чин се случи во времето кога македонската суверена и независна држава и автоке-фалната Македонска православна црква во светот, доживуваа се’ поголема афирмација кај поклониците на правдата и вистината.

Потоа митрополитот Кирил ги информира иселениците дека ова манастирско светилиште е Св. Наум Охридски на Попова Шапка се гради на највисока кота во источната христијанска црква. Во рамките на средбата беше организирана црковно-народна трпеза на која Кирил имаше архијерејска беседа. Тој, меѓу другото, рече дека ништо нема подостоинствено, почесно и повозвишено од тоа еден народ да живее во слога, разбирање и мир во својата слободна, суверена и демократска земја, во која создава трајни и достојни дела за своите поколенија.

Тоа е одлика на македонскиот народ, кој опстојува со векови на овие немирни балкански простори. Исто така, митрополитот Кирил рече дека сите ќе ја согледаат вистината за Македонија, како што тоа го направија големите сили на чело со САД, во сета нејзина светлина и големина. Сите досегашни отпори против нас придонесоа светот да се запознае со Македонија и со нашето културно богатство и трајни цивилизациски вредности. Веруваме во конечното меѓународно признавање на Македонија од страна на целиот свет зашто она што е родено, што е создадено од Бога е предодредено да живее и да опстојува”, рече митрополитот Кирил.

Продолжува

1kir1236Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Дијаспора

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

Академик Ферид Мурат – американски нобеловец и пријател и Македонија

Академикот Ферид Мурат е познат лекар и фармацевт во Соединетите Американски Држави. Најголемиот дострел на полето на науката го постигнал во 1998 година, кога ја добил Нобеловата награда за физиологија и медицина. Тој е роден во Вајтинг, Индијана, мајка му е Американка родена во Алтон, Илиноис, а татко му е Албанец од село Лакавица, Гостиварско. […]

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

To top