Дијаспора

СУДБИНАТА НА УЧИЛИШТЕТО „ДИМИТАР ВЛАХОВ“ ВО ПЕЧАЛБАРСКОТО ЉУБОЈНО (6)

1ucil

1ucilГолема е возбудата за секој посетител на  Љубојно кога ќе ја види руинирана зграда на училиштетот „Димитар Влахов“. Возбудата е уште поголема за сите нас кои сме го добиле осумгодишното образованиеда токму во тоа училиште, кое ни ги отворило патиштата на иднината, кое е сведок на дел од македонската историја, кое е зачетник на школството и на воспитно-образовните процеси на генерации ученици, учители и просветители проникнати од Љубојно и од пазувите на Преспа. 

Според пишаните документи, Љубојно за првпат се споменува во еден запис на Сливничкиот манастир во 1607 година како поголема македонска населба. Затоа со право се вели дека ова е село со долга и бурна историја. Сведоци на таа македонска историја се низа оставнини како што се нивните стари куќи, бројните македонски православни цркви и манастири и други објекти кои ја чуваат вистината и тајната за Љубојно, за љубанци, за Долна Преспа, за Македонија и за целиот македонски народ.

Љубојно е едно од најкарактеристичните места во Преспа и пошироко. Долго време претставуваше општински, образовен, културен и здравствен центар за Долна Преспа и пошироко. Тоа е едно од најубавите села кое пленува со своите архитектонски градби, со стилот на старите куќи, сокаците и дворовите, како и со иновациите во начинот на живеење што бројните печалбари ги пренеле од светот во својот роден крај.

Местото и улогата на Љубојно и на љубанци се значајни уште пред Илинденското востание . Меѓутоа, за време на Илинденското востание, селото било запалено и до темел изгорено. Сведоци на таа македонска трагедија се старите куќи, изградени на постојните темели што љубоморно ја чуваат вистината за трагедијата на Љубојно, на љубојнчани и на целиот македонски народ.

За овие настани од времето на Илинденското востание на куќата на Калајџиовци е поставена спомен-плоча како потсетник која ги потсетува денешните генерации, кои секоја година им оддаваат достојна почит на сите илинденци токму пред куќата на Калајџиовци и токму на денот на востанието, односно на 2 август. 

1ucil2

Народната поговорка вели „Секое време си носи свое бреме“. Така, Љубојно било под многу окупации: српска, бугарска, италијанска, германска и албанска окупација, но секогаш било и база на преспанските движења за ослободување во сите борби и обиди за борби на македонскиот народ.

Меѓутоа, во Втората светска војна  на 9 септември 1943 година во Љубојно, со околните села што ги опфаќало како општина, била создадена слободна територија, прва во Преспа. Слобода која траела само два месеца (до 6 ноември 1943 година) кога Љубојно било окупирано од бугарските војски и така останало сѐ до целосното ослободување, односно до 5 септември 1944 година.

Светол датум за Љубојно е 8 и 9 септември 1943 година кога била формирана првата слободна територија во Преспа, за подоцна во текот на 1944 година Љубојно и Преспа во Народна република Македонија целосно да бидат засекогаш ослободено од бројните непријатели, поробувачи, угнетувачи…

Како резултат на слободата на Македонија и македонскиот народ, на 15 ноември 1945 година во училиштето „Димитар Влахов“ во Љубојно се одржал првиот час на македонски јазик. Тоа е второто училиште во Македонија, по она во кичевското село Подвис, каде се држела настава на мајчин јазик, во кое од ослободувањето до денес низ училиштето „Димитар Влахов“ поминале над 6.000 ученици. Училиштетот „Димитар Влахов“ е сведок на еден значаен дел од македонската историја на образованието. За сите нас кои сме го добиле осумгодишното образованиеда во тоа училиште, таму ни  беше поставен темелот на  образованието од каде ни се отворија патиштата на иднината.

За жал, времето си го направи своето. Денес е голема возбудата за секој посетител на  Љубојно кога ќе ја види руинирана зграда на училиштетот „Димитар Влахов“. Особено за нас љубанци гледката кон училиштето е возбудлива, биделќи тоа беше  зачетник на школството и на воспитно-образовните процеси на генерации ученици, учители и просветители, за коисите ние се сеќаваме.

Од училишната зграда на „Димитар Влахов“ сега се останати само делови од влезот и надворешните ѕидови од некогашниот масивен објект со специфична архитектура. Училиштето е без таван, врати и прозорци, а наместо училници, внатрешноста е обрасната како скривница за диви животни.

Ги нема повеќе дрвените скали кои од приземјето водеја кон училниците на првиот кат, за кои сите ние учениците и наставниот кадар со задоволство се сеќаваме. Таму, во просториите на училишната зграда на „Димитар Влахов“ пред 77 години се одржа првиот час по мајчин јазик за што сведочи спомен – плочата која е поставена на некогашниот влез на училиштето. Благодарение на спомен – плочата, што во 2004 ја поставија просветните работници во чест на 60-годишнината од наставата по македонски јазик.

1ucil3

Владини претставници во Љубојно

Народот вели дека надежта последна умира. И љубанци како и цел македонски народ се надева дека обеќаното ќе се исполни. Имено, Владата на нашата држава  го поддржа Проектот за изградба на мултимедијален центар за младите во старата зграда на училиштето „Димират Влахов“ во Љубојно, кое се планира да биде Центар за грижа и промоција на македонскиот јазик. Одлична идеја. Господ на помош.

Според изјавите на компетентните личности се планира Центар за грижа и промоција на македонскиот јазик во Љубојно да биде едно место на кое ќе се собираат лингвисти, педагози, наставници и професори по македонски јазик, а ќе доаѓаат и ученици да се подучуваат и да научат работи на терен, со што ќе продолжи оддолжувањето на плејадата македонски дејци кои се вградија во историските процеси за признавање и афирмација на македонскиот јазик. Затоа, се смета дека новиот Центар за грижа и промоција на македонскиот јазик во Љубојно ќе биде вистинското место за промоција на македонскиот јазик.

Инаку, се планира проектот за училиштето во Љубојно да биде дел од поширокиот проект кој вклучува и многу други компоненти за развој на преспанскиот регионот, за поддршка и за подобрување на квалитетот на животот, особено во селските средини на регионот, како и за проекти за водоснабдување и собирање на отпадни води околу Преспанското Езеро со инфраструктура според правилата и стандардите на Европската Унија за заштита на животната средина.

Да се надеваме дека овој проект за изградба на Центарот за грижа и промоција на македонскиот јазик во Љубојно нема да биде пуста желба, туку ќе биде стварност кој ќе помогне Љубојно и Долна Преспа да ги поврати во една поубава, попривлечна и посреќна иднина. Амин.

Продолжува 

1slaveПишува СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Дијаспора

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

Македонците во Њујорк го кренаа знамето среде дожд и невреме за 35 години независност

Можат да се обидуваат да нè избришат. Но, и во еден ваков бурен и мрачен ден… ние сме тука. Над сто Македонци и пријатели на Македонија се собраа во срцето на Њујорк, покажувајќи дека љубовта кон татковината е посилна од дождот и невремето. На 26 септември 2026 година, и покрај дождот и силното невреме што […]

Никола Тесла – светски научник чии пронајдоци ја променија модерната цивилизација

Големиот научник Никола Тесла се почитува и слави и во Хрватска и во Србија и во Соединетите Американски Држави и во целиот свет. Тоа го потврдуваат современите проучувачи на ликот и делото на Никола Тесла, кои го нарекуваат “Човекот што го измислил дваесеттиот век“ и “светецот – заштитник на модерниот електрицитет.“ Никола Тесла беше научник, […]

Вратени 16.952 текста објавувани од 2009 до 2026 година на порталот „Македонска нација“

Зачуван е најголемиот дел од богатата архива на порталот — текстовите повторно се достапни за читателите, а со нови материјали продолжуваме да го збогатуваме македонското историско и културно наследство. Во април 2026 година порталот „Македонска нација“ стана недостапен. Не знаеме со сигурност дали стануваше збор за хакерски напад или за друг проблем. За да продолжиме […]

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

To top