Дијаспора

СВЕТЛЕ (СТИВ) СТАМЕВСКИ – МАКЕДОНСКИ БИЗНИСМЕН ВО САД (18)

1bus

1busЛИЧНО ПРИЈАТЕЛСВО СО ЏОРЏ БУШ – ЈУНИОР

Во ова продолжение ќе  го претставам пријателството на Светле (Стив) Стамевски со семејството Буш и неговата поддршка на Република Македонија, бидејки Македонците во светот имаат една партија, тоа е Македонија. Таа идеја водилка е алфа-омега за сите минати, сегашни и идни нивни заложби и конкретни дејствувања. Македонија е земјата во која македонскиот народ опстојал на сите видови притисоци и долги вековни обезличувања, успевајќи да биде зачуван, благодарение на својата истрајност

Светле (Стив) Стамевски решава да се вклучи во политиката. Смета, а тоа се покажа како исправен потег, дека многу може да помогне за Република Македонија, доколку стане дел од Републиканската партија на Америка. Тој е многу активно вклучен во двете успешни изборни кампањи на претседателот Џорџ Буш и е задоволен поради тоа.

Тој станува и личен пријател со семејството на Лора и Џорџ Буш. Многу пати ги посетил на нивниот приватен имот во Тексас, каде минале незаборавни денови во долгите разговори за најразлични теми, за какви се не прашања. Еве што вели познатиот американски бизнисмен Светле (Стив) Стамевски за средбите со семејството Буш:

 „Толку пати сум зборувал пред него за долгата македонска историја, за древната  цивилизација  на  овие  македонски простори која и натаму постојано се ископува и потврдува низ богатите археолошки наоѓалишта, за културните вредности, за демократијата, за жилавиот опстој на мојот македонски народ и покрај сите сцили и харибди низ кои минал и заминал тој. Сме минале мигови кои се памтат секогаш.

Првата американска лејди Лора Буш е исклучителна личност. Посветена мајка, сопруга, посветена хуманистка, и пред се’ многу драг човек, вистинска дама, секогаш позитивна и пријателски расположена кон пријателите.

1bus2Џорџ и Светле со сопругите Лора и Светлана 

Контактите, средбите, линковите, и воопшто, комуникациите со семејството на американскиот претседател, се одржуваат во континуитет како дел од многу драгата и незаборавна и архива и пасива, минато, сегашност и иднина”, на што е горд, Светозар-Светле, како и неговата драга Светлана.

Стамевски потрошиле доста време, умеење, знаење, снаодливост, и секако многу пари за претседателската кампања на Џорџ Буш. Македонците во државата Охајо гласаа за него и тоа беше решавачко и за конечниот исход на изборниот резултат. Буш одржа еден од своите предизборни митинзи на најголемиот спортски стадион во оваа американска сојузна држава, и тоа беше во главна организациско – финансиска „режија” на Сгамевски.

Македонското лоби во САД тогаш беше, а и продолжува да биде насочено кон афирмација на виталните прашања за Македонија, како што беше признавањето на уставното име, и поддршката на „големиот брат” за забрзување на нашите евроинтеграции. Македонците во светот имаат една партија, тоа е Македонија. Таа идеја водилка е алфа-омега за сите минати, сегашни и идни наши заложби и конкретни дејствувања.

 „Знаете дека Македонецот и на камен може да создаде живот, а и неможното да го престори во можно“, вели Светле (Стив) Стамевски. Бев сигурен дека ќе биде ефектуиран сиот труд за мојот пријател Џорџ Јуниор и, така излезе на крајот, на задоволство и очекување од сите нас.

Претседателот Буш е прекрасен човек. Тој е чесен, богат некорумпиран. Да се пофалам, ама имаме слична филозофија во животот и двајцата ги сакаме лугето без разлика какво име и презиме носат. Важно е кои се, какви се.

Џорџ е многу побожен човек. Затоа и еднаш, од поодамна му сугерирав дека ако не знае повеќе нешто  за Македонија, тогаш нека ја отвори Библијата и таму ќе ја најде мојата родна земја. Исто така му реков дека на македонскиот народ му треба демократија, мир, но и целовитост. Буш ми вети дека Република Македонија ќе остане целосна.

Кога сме  кај анегдотите,  да  кажам  дека во една прилика при средбата на претседателот и бројните конгресмени од Американскиот сенат, па кога ме виде дека сум добро облечен, претседателот Џорџ ми даде комплимент како убаво изгледам. My возвратив дека Македонците се обично многу симпатични момчиња, после што и убаво се изнасмеавме заедно”, додава Светле (Стив) Стамевски

1bus3Џорџ Буш, стариот и Светле (Стив) Стамевски

Светозар-Светле Стамевски е еден од основачите на Американско-македонската асоцијација од Детроит, чија цел меѓу другото беше и останува така, да и помага на Република Македонија. „Десетици илјадници наши браќа не само од северно-американскиот континент, туку може да се каже од сите страни на светот, покажаа интересирање и ја поддржуваа платформата, ги поддржаа активностите кои ги презеде Асоцијацијата.

На митингот, на пример, во Бафало, кога дојдоа голем број членови, поддржувачи, симпатизери, cu­re тие беа единствени во ставот дека на Татковината и треба поддршка од овој вид, нагласува Сгамевски. Оваа организација продолжува да оди по трасираниот пат, некогаш со посилен, некогаш со посмирен интензитет, но таа е добро што постои, што ги обединува идеите и акциите, и веруваме дека допрва ќе има уште многу поводи, прашања и иницијативи за нови пројави и кревање на гласот македонски”, ми рече на крајот од разговорот  бизнисменот Светле (Стив) Стамевски.

Продолжува

1slav1 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Дијаспора

Гордана Димовска: Клучни информации за гласањето во Викторија

Денес, сабота, 28 ноември 2026 година, се одржуваат редовните  шеесет и први државни избори во сојузната држава, Викторија. Се одржуваат континуирано од 1856 година, кога Викторија воспоставила дводомен парламент со одговорна влада. Тие доаѓаат по изборите во ноември 2022 година (60-ти парламент), а новоизбраните 88 пратеници во Долниот дом и 40 членови во Горниот дом […]

Македонскиот фестивал на културата во Williamstown ги обедини Македонците во Викторија

Како што е познато во Австралија секоја година се одржуваат фестивали на храната и масовно се прифатени од Македонската заедница во било кој град да се одржуваат. Во Викторија, Фестивалот на македонската култура во Вилиамстеон е секогаш со радост дочекуван затоа што е место каде се слави нашата култура, традиција, јазик, оро и песна. Токму […]

Друштва и асоцијации на македонските иселеници во САД од 2000 година до денес

Македонците во Соединетите Американски Држави се организирани во македонските православни цркви и во различни друштва и асоцијации. Така, според делото „Македонците во САД и во Канада“ од авторот на овие редови, во период од 2000 –та година до денес се формирани голем број македонски друштва и друг вид асоцијации во САД. Овие значајни македонски асоцијации […]

Илјадници наши иселеници летово во Македонија

Фиданка Танаскова Посети и дружење за незаборав Д-р Ицо Најдовски Перин од Мелбурн помина два месеца во родната земја, исполнети со средби, патувања и дружење. Летово, во своја Македонија, на балканската крстосница во јужниот дел на Европа, допатуваа илјадници наши сонародници од различни генерации, кои низ годините заминале на разни страни од светот. Оживеаја многу […]

Градот Мелбурн им се извини на Македонците

Градскиот совет ги покани македонските играорци повторно да настапат на парадата Мумба во 2027 година, со дозвола да го истакнат знамето со Ѕвездата од Кутлеш.   Градот Мелбурн на 16 ноември 2026 година официјално ѝ се извини на македонско-австралиската заедница поради одлуката со која во март на македонските учесници на парадата Мумба им беше забрането […]

Мито Алексовски од Полска во 2010 година: Името Македонија му припаѓа на македонскиот народ

Името и другите државни вредности на Македонија не се приватни сопствености на политичарите а, ни на било која партија. Тоа се сопствености на целиот македонски народ. Исто така тоа не е стока за продавање и не постои  начин не можат да бидат тема на политички разговори или дипломатски трговии. Кој го прави тоа е предавник […]

Се одржа Јубилејна „Егејска вечер“ и семакедонската средба во Штип

Јубилејната „Егејска вечер“ и семакедонската средба во Штип ги собраа Македонците од Грција, Бугарија и Албанија, како и Македонците од Егејска Македонија кои денес живеат во Република Македонија. Од средбата беше упатена порака за зачувување на македонскиот идентитет, поцврсти врски меѓу заедниците и поголемо внимание од институциите кон нивните права. Едмонд Темелко, поранешен градоначалник на […]

Апел на Друштвото на Македонците во Полска од 28 мај 1994 година

Друштво на Македонците во Полска Гдањск, 28 мај 1994 година До Претседателот, Владата и Парламентот на Република Македонија АПЕЛ Ние, Македонци – бегалци од егејскиот дел на Македонија, здружени во Друштвото на Македонците во Полска, апелираме до Претседателот, Владата и Парламентот на Република Македонија да не се откажуваат од името „Република Македонија“, знамето, сонцето – […]

To top