Дијаспора

СВЕТЛЕ (СТИВ) СТАМЕВСКИ – МАКЕДОНСКИ БИЗНИСМЕН ВО САД (19)

1cr1

1cr1СВЕТЛЕ СТАМЕВСКИ – ПРЕТСЕДАТЕЛ НА МПЦ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ ВО ДЕТРОИТ

Во ова продолжение ќе  го претставам бизнисменот Светле (Стив) Стамевски како претседател и донатор на МПЦ „Света Богородицата“ во Детроит, која е една од најзначајните македонски духовни и културно-просветни центри во САД . Таа е собиралиште на голем број Македонци од Детроит и од околината и организатор на бројни акативности, меѓу кои и на црковно-народните собири 

Детроит, метрополата во која живеат Светле (Стив) Стамевски и неговото семејство е велеград и пристаниште на излезот на реката Детроит во Мичиген. По големина е петти град во САД и претставува светско средиште на автомобилското производство Тој е центар и седиште на компаниите „Форд”, „Крајслер” и „Генерал Моторс”, потоа на индустријата за авиони, тенкови, електрични машини и е еден од најразвиените трговски центри.

Детроит го формирале Французите, а во состав на САД е од 1796 година. Детроит, исто така, е еден од центрите на афроамериканското  население, а претставува и значаен културен и спортски центар на САД.

Уште во 19 век во Детроит почнале да се доселуваат Македонци од сите краишта на Македонија, а според некои податоци нив ги има повеќе од неколку десетици илјади и тоа од Прилепско, од Леринско, од Охридско, од Гостиварско, но најбројни се од Тетовско, од Преспанско и од Битолско. Велат дека Вратница – Тетовско и Љубојно – Преспанско небаре се преселиле во Детроит. Во овој повеќемилионски град, особено во Хемтремик и Стерлинг Хаитц,

Македонците во Детроит отвориле многу фирми, ресторани, агенции, фабрички погони. Еден од нив во Детроит е познатиот и признат бизнисмен Светле (Стив) Стамевски. Таму ечат неколку македонски радиочасови, а има и македонска телевизиска програма, има фолклорни групи, спортски клубови. Затоа обично се вели дека Македонците во Детроит се чувствуваат како дома, бидејќи целосно ги зачувале обичаите и традиции, како во „стариот крај” – во Македонија.

Активностите за организирано опфаќање на Македонците во Детроит и од околните места почнаа уште пред Втората светска војна со формирањето на Македонско-американскиот народен сојуз (МАНС). Меѓутоа, како резултат на големосрпската и големобугарската пропаганда, вистинското македонско црковно живеење за Македонците почна дури во седумдесеттите години од минатиот век.

1cr12Поглаварот г.г.Стефан, митрополитот Кирил и Стамевски

Имено, во 1974 година се формира Иницијативен одбор за организација на македонска православна црква под јурисдикција на Македонската православна црква (МПЦ), што значеше еден нов општествен живот.

Иницијативата за формирање и изградба на своја македонска црква меѓу Македонците од Детроит постоеше уште од поодамна. Меѓутоа, таа желба се исполни дури кога на 14 јануари 1975 година се конституира Иницијативен одбор за формирање на МПЦ „Раѓање на Пресвета Богородица” во Ворен – Детроит, која беше примена во закрила на Светиклиментовата црква и потпадна   под   нејзина  јурисдикција.  

Првата архијерејска литургија во оваа колонија ја отслужи надлежниот архијереј, митрополитот Кирил, во сослужение на тогашниот повардарски митрополит Михаил, подоцна поглавар на МПЦ во една римокатоличка црква во август 1975 година, а потоа беше организиран пикник на кој присуствуваа повеќе илјади иселеници.

Како резултат на бројните активности, собраните средства и силната желба на Македонците да имаат свој македонски духовен и културнопросветен дом, во периодот кога се одбележуваше 75-годишнината од Илинденското востание, на 13 август 1978 година, митрополитот Кирил, во сослужение на бројни свештеници, а пред многубројни посетители е извршено осветување на местото, а на 24 декември 1978 години беше купена зградата во Ворен, која беше осветена на 20 јули 1980 година. Осветување го изврши митрополитот Кирил.

1cr13Црковната управа на МПЦ „Св. Богородица“ и претседателот Стамевски

Денес стариот објект на црквата е продаден, а изградена е нова црква која претставува соборен храм и најголем објект на МПЦ во САД. До храмот се изградени големи сали и други простории што претставуваат убав македонски архитектонски комплекс. Местото беше осветено на 25 септември 1995 година, а на 21 септември 1998 година е поставен камен-темелникот. Новиот објект на „Св. Богородица“, поточно салата, е осветен од архиепископот Стефан и митрополитот Кирил на 21 септември 2000 година, а црквата беше осветена на 21 септември 2002 година.

Црквата „Света Богородица” е еден од најзначајните македонски духовни и културно-просветни центри во САД. Таа е собиралиште на голем број Македонци од Детроит и од околината и организатор на бројни активности, меѓу кои и на црковно-народните собири.

Во изминатиот период, ден од претседателите на Црковната управа на Света Богородица беше Светозар-Светле (Стив) Стамевски, кој заедно со своето семејство и со голем број членови на црковната општина посвети огромно време за прогресот на црквата. Црквата „Света Богородица“ беше домаќин на 31-от црковно-народен собир на Американско-канадската македонска православна епапрхија во 2005 godina.

Инаку, Светозар-Светле Стамевски е истакнат Македонец кој, покрај бизнисот се занимава и со политика. Тој е афирмирана личност во македонската дијаспора во САД, угледен бизнисмен и верник, како и голем дарител и хуманитарна личност, со околу 60.000 долари на „Света Богородица”. Светле (Стив) Стамевски заедно со сопругата Светлана беше кум на црквата „Света Богородица” во 2001 година, кога и подари 21.000 долари.

Меѓутоа, посебна чест на семејството беше кога Светозар и Светлана беа кумови на чинот на осветувањето на новата црква „Св. Богородица” на 21 септември 2002 година.

Продолжува 

1slav1 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Дијаспора

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

Македонците во Њујорк го кренаа знамето среде дожд и невреме за 35 години независност

Можат да се обидуваат да нè избришат. Но, и во еден ваков бурен и мрачен ден… ние сме тука. Над сто Македонци и пријатели на Македонија се собраа во срцето на Њујорк, покажувајќи дека љубовта кон татковината е посилна од дождот и невремето. На 26 септември 2026 година, и покрај дождот и силното невреме што […]

Никола Тесла – светски научник чии пронајдоци ја променија модерната цивилизација

Големиот научник Никола Тесла се почитува и слави и во Хрватска и во Србија и во Соединетите Американски Држави и во целиот свет. Тоа го потврдуваат современите проучувачи на ликот и делото на Никола Тесла, кои го нарекуваат “Човекот што го измислил дваесеттиот век“ и “светецот – заштитник на модерниот електрицитет.“ Никола Тесла беше научник, […]

Вратени 16.952 текста објавувани од 2009 до 2026 година на порталот „Македонска нација“

Зачуван е најголемиот дел од богатата архива на порталот — текстовите повторно се достапни за читателите, а со нови материјали продолжуваме да го збогатуваме македонското историско и културно наследство. Во април 2026 година порталот „Македонска нација“ стана недостапен. Не знаеме со сигурност дали стануваше збор за хакерски напад или за друг проблем. За да продолжиме […]

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

To top