Дијаспора

ДЕЛ ОД ОБРАЗОВНИТЕ И ОПШТЕСТВЕНИТЕ КАДРИ ОД ЉУБОЈНО – ДЕЛ II (8)

1lu1

1lu1

Од Љубојно потекнуваат околу 150 академски граѓани со различно образование, од кои околу педесетина се лекари, потоа има голем број професори, правници, инженери, агрономи, писатели, културолози и со други професии. Затоа, често се вели дека Љубојно е расадник на интелектуалци.

Значајно е да се одбележи дека има голем број љубанци кои заради своите постигнувања на национално и општествено поле, потоа во политиката, образованието, науката, дипломатијата, културата,   публицистиката, спортот и други гранки имаат пошироки општестени заслуги, затоа, одреден број од нив се опфатени во овој дел на текстовите во продолжение. Меѓу нив се:

Наум Начевски е роден во Љубојно, касе го започнал своето основно образование. Во својата работна кариера постигнал да биде дипломат од постарата генерација во поранешна Југославија, како и во самостојна Република Македонија, кога ја продолжил дипломатската работа во Генералниот конзулат на Република Македонија во Торонто. Исто така, Наум Начевски бил новинар, уредник и успешен акредитиран дописник на весникот „Нова Македонија“ од Скопје,  од Атина, Република Грција.

Костадин Дораковски е роден во Љубојно во 1949 година, а се школувал во Битола и Скопје, каде завршил Правен факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.Тој е професионален дипомат вработен во Министерството за надворешни работи од 1978 година.Започнал од стручен соработник и стасал до државен советник, а последно бил министер-советник во Амбасадата на Република Македонија во Отава, Канада. Бил конзул во Генералниот конзулат на поранешна Југославија во Чикаго, прв македонски дипломат во Торонто, Канада и во Канбера, Австралија.

Борис Мирчевски  е роден во Скопје во 1976 година, а е син на Менка Карапашовска  и го носи името на дедо му, печалбарот Борис Карапашовски од Љубојно.  Основно образование и гимназија завршил во Скопје. Дипломирал на Правниот Факултет во Скопје, смер меѓународно право. Завршил пост-дипломски студии по Европско деловно право на Универзитетот во Амстердам Холандија.

Работел во Уставниот Суд на Република Македонија, во Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), во Секретаријатот за европски прашања при Владата на Република Македонија, а од 2006 е кариерен дипломат во Министерството за надворешни работи. Бил на служба во Брисел, Белгија во Мисијата на Република Македонија при Европската Унија во периодот од 2009 до 2011 година. Во периодот од 2015 до 2018 година службувал во Македонската амбасада во Будимпешта, Унгарија. Во моментов ги завршува пост-дипломските студии по Геополитика, територија и безбедност на Кралскиот Колеџ во Лондон, Обединетото Кралство.

Александар Николовски е Доктор по ветеринарна медицина. Тој е  роден на 10.04.1974 година во Скопје, каде и го завршил своето образование. Александар (Алек) е сопруг на проф. Д-р Радмила Чрчева – Николовска, син е на Славе Катин, а го носи името на неговиот прадедо печалбарот Алексо (Алек) Ристов, Грежлов од Љубојно.

Во 1999 година го завршува Факултет за ветеринарна медицина на Универзитет “Св. Кирил и Методиј“ во Скопје кога се здоби со звање – Доктор по ветеринарна медицина. Своето образование, специјализација и дообучување од областа на безбедноста на храната и ветеринарството, како и Европските политики и внатрешната ревизија, Александар ги продолжува на повеќе престижни школи и универзитети во Европа и Северна Америка, и тоа на: универзитетите во Гвалф, Онтарио, Бруж, Белгија, Вагенинген, Холандија, Бирминген, Велока Британија, како и на Националната школа за висока администрација во Стразбург, Франција.

Во Македонија работел во Секретаријатот за европски прашања, од 2004 до 2014 година, а во Агенцијата за храна и ветринарство до 2016 година. Потоа заминува за Торонто, Канада, каде работи во Министерството за земјоделие на Онтарио, како инспектор за месо и месни прeработки.

Андрија Секуловски е роден 1967  година во Љубојно. Основно образование завршил во родното место, а гимназија во Скопје. Завршил дисциплинарни студии за производствено – техничко образование на Машинскиот факултет во Скопје. Во 2000 година во Љубојно го формира земјоделското здружение „Преспа фрут“, а потоа се вклучил и бил главен координатор во проектот „Развој на земјоделските здруженија во Република Македонија“ и на „Група за развој на потсекторот јаболка„ (ГПРЈ).

Во 2004 година Анрија Секуловски стана претседател на здружението „Развој на алтернативен туризам – Љубојно“. Во активностите на ова значајно здружение за Љубојно беа реализирани повеќе проекти, меѓу кои: реконструкција на „Воденицата“ на Павле Нивишки; отворање дигитален клуб во Љубојно; изработка ДВД изданија за островот Голем Град и други

Во 2006 година е претседател на Месната заедница на Љубојно, кога и се проширува водоводната мрежа, се подига ѓубрето од секој дом и се расчистија двете депонии во Љубојно. Потоа во 2008 година е член на Управниот одбор на „Федерацијата на фармери на Република Македонија“, во која е од самото формирање во 2002 година, а од 2010 година е претседател на оваа значајна организација за напредокот на земјоделците во Република Македонија. 

1lu12

Македонското сонце на куќата на Методија Нивички

Славе Николовски-Катин (Грежловски) е само роден во Наколец на 19 август 1941 година, а израснал во Љубојно, од каде и му се корените по мајка му Сандра Грежловска. Основно образование завршил во Љубојно, средно во Скопје, до кога го носеше презимето Грежловски, а потоа административно го зема презимето Николовски, по неговиот биолошки татко Ристо, за подоцна да го смени во Катин, по името на неговата баба Ката, која тој ја викаше мајко. Студирал во Белград и Торонто. По враќањето од Канада дипломира на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, за потоа четири години да работи како координатор и стручен преведувач во Хидробиолошкиот завод во Охрид, во периодот на истражувањето на Охридското Езеро, утврдено со Договорот помеѓу Заводот и Смитсоновата фондација од Вашингтон.                                                                                           

Катин работел и во Матицата на иселениците од Македонија како новинар во списанието „Македонија”, а бил и функционер во Републичката конференција на Социјалистичкиот сојуз на работниот народ на Македонија (РК ССРНМ), во период од дванаесет години. Од 1991 до 1998 година Катин е именуван од Собранието на Република Македонија, (како самостојна и независна држава) да ја врши функцијата потпретседател на Републичката комисија за односи со верските заедници. Потоа, повторно се враќа во списанието „Македонија“,како уредник од каде заминува во предвремена пензија.

Славе Николовски-Катин е човекот кој со години несебично ги негуваше добрите односи и врски на Македонската православна црква – ОА (МПЦ-ОА) со државата, со другите цркви и верски заедници, како и со Ватикан, каде пет пати бил на прием кај папата Јован Павле Втори во Рим. Исто така, бил на разговори кај српскиот поглавар во Белград, романскиот во Букурешт, украинскиот во Киев, вселенскиот во Истанбул и рускиот поглавар во Москва, а бил и во делегацијата од Република Македонија на погребот на Мајка Тереза во Калкута.

Катин бил акредитиран новинар за весникот „Австралиско-македонски неделник“ од Мелбурн, Австралија и „Меѓународна политика“ од Белград.

Учествувал со свои реферати на 65 научни собири во земјата и светот и објавил стотина научни трудови и околу четири илјади новинарски текстови. Тој е автор на 60 публикации на македонски и на англиски јазик, една публикација е во превод на турски, а по една се на македонски и хебрејски и македонски и ромски, од кои 22 се со името „Македонија“, 20 се монографии за познати и признати личности во дијаспората и во Република Македонија, а десетина се лексикографски изданија, за што е добитник на високата награда „Крсте Петков Мисирков“ на Здружението на новинарите на Македонија.

Исто така, Катин е основач и главен и одговорен уредник на издавачката куќа „Македонска искра“ од Скопје, еднa од водечките издавачки куќи за учебници во образовниот систем во Република Македонија. Денес e член на „Друштвото за наука и уметност“ од Битола и почесен член на литературните друштва „Браќа Миладиновци“од Торонто и „Григор Прличев“ од Сиднеј. Катин е претседател и доживотен член на најголемата фондација од дијаспората „Атанас Близнаков“, при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје

1lu13

Дел од Илинденските средбите кај „Воденицата“

Посебно место треба да им се даде на семејствата кои останаа да живеат во Љубојно и кои ја делат заедничката животна судбина. Тие, во исто време претставуваат  еден  вид  чувари на минатото и сегашноста на Љубојно, а тоа се: семејството на Борче Томулевски, кое долги години го има „Љубојно промет“ на Полена, конакот „Стара чешма“, сопственост на Славе Станковски и Љила Настовска. Посебно место му припаѓа на Фабриката за сокови „КАБИС“, чиј сопственик е Љупчо Стојчевски од Скопје и на Одборот на црквите во Љубојно. 

Исто така, семејствата кои постојано живеат во Љубојно и тоа: Танчевци,Николовци,Јаневци,Кичовци, Мартиновци, Србиновци, Нивички, Секуловци, Јанкуловци, Кондовци, Калевци, Томулевци, Алабаковци, Грковци, Лембовци, Денкин, Паспаловци, Петревци, Фотевци, Лубаровци, потоа семејства кои потекнуваат од други места: Џајковци од Брајчино, Китан од Мала Преспа, Кољачковци од Герман, Јовановци од Дебарца,Тодоровци од Кочани, Трајковци од Куманово, Радевци од Демир Хисар, Капетановци од Маловишта, Кузмановци од Демир Хисар и други, имаат посебно место во историјата на Љубојно.

Продолжува

1slave Пишува СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Дијаспора

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

Македонците во Њујорк го кренаа знамето среде дожд и невреме за 35 години независност

Можат да се обидуваат да нè избришат. Но, и во еден ваков бурен и мрачен ден… ние сме тука. Над сто Македонци и пријатели на Македонија се собраа во срцето на Њујорк, покажувајќи дека љубовта кон татковината е посилна од дождот и невремето. На 26 септември 2026 година, и покрај дождот и силното невреме што […]

Никола Тесла – светски научник чии пронајдоци ја променија модерната цивилизација

Големиот научник Никола Тесла се почитува и слави и во Хрватска и во Србија и во Соединетите Американски Држави и во целиот свет. Тоа го потврдуваат современите проучувачи на ликот и делото на Никола Тесла, кои го нарекуваат “Човекот што го измислил дваесеттиот век“ и “светецот – заштитник на модерниот електрицитет.“ Никола Тесла беше научник, […]

Вратени 16.952 текста објавувани од 2009 до 2026 година на порталот „Македонска нација“

Зачуван е најголемиот дел од богатата архива на порталот — текстовите повторно се достапни за читателите, а со нови материјали продолжуваме да го збогатуваме македонското историско и културно наследство. Во април 2026 година порталот „Македонска нација“ стана недостапен. Не знаеме со сигурност дали стануваше збор за хакерски напад или за друг проблем. За да продолжиме […]

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

To top