Дијаспора

ИСЕЛЕНИЦИ ОД ЉУБОЈНО АКТИВИСТИ ВО МАКЕДОНСКИТЕ ЦРКВИ ВО СВЕТОТ (17)

1pre1234

1pre1234

Во историските документи е забележано дека со создавањето на македонската држава во 1945, и со прогласувањето на нејзината самостојност и независност во 1991 година, состојбата во иселеништвото рапидно се изменети. Круната на тој историски вознес беше обновена на Охридската архиепископија во лицето на Македонската православна црква, чија улога на обединувачки фактор на Македонците дојде до израз и во Македонија и кај Македонците насекаде во светот

Кога се пишува  за организираното дејствување во прекуокеанските земји, треба се каже дека тоа го опфаќа мнозинството македонски иселеници. Притоа, важна компонента на ваквото организирање е тоа што тие се сплотени во самостојни асоцијации, пред сѐ цркви и црковни општини, во кои членуваат Македонци, без оглед од кој дел на Македонија потекнуваат. Притоа, верско-националните објекти, иселеничките организации и нивното членство постојано се зголемуваат, а нивната активност се проширува и квалитетно се подобрува.

Така, во изминатиот период се постигнати видни резултати во духовниот и културно-просветниот живот. Создадени се бројни македонски цркви и друшт ва, организации, спортски клубови и други форми на дејствување, во кои масовно се собираат доселениците ос Љубојно и од Преспа. Меѓутоа, од особено значење за активноста на македонските иселени- ци е создавањето на македонските православни цркви и црковните општини.

Македонските православни цркви, манастири и црковни општини во Австралија, Канада и во САД, а во последно време и во земјите на Европската унија и други држави, се најзначајните и најмасовните собиралишта на љубанци. Во тие македонски храмови, покрај богослужбата, слободно се слуша македонскиот збор, мајчиниот јазик донесен од стариот крај. Во тие културно-просветни и духовни центри работат македонски училишта, каде што се учи мајчиниот македонски јазик, националната историја и географија, а во голем број цркви и верска поука.

Според податоците на Стојан Лембо во книгата „Љубојно – љубов наша“,  во 1996 година во Љубојно живееле 96 домаќинства, или 223 жители (за жал, денес тие бројки многу се намалени). Љубојно најмногу жители – 1209 имало во 1953 година. Меѓутоа, иселеничките процеси си го направиле своето.

Така, љубанци се преселиле насекаде во светот, и тоа: во Македонија 125 домаќинства, во Европската унија 20, во Србија 11, потоа во САД 172, во Канада 66, во Австралија 32 и 15 домаќинства биле иселени пред Втората светска војна. Или вкупно 517 домаќинства на кои им се протегаат корените во прадедовската земја, во Македонија, во Љубојно. 

1pre12346Црквата Свети Ѓорѓи Кратовски во Детроит

Македонските православни цркви и црковни општини во дијаспората се мошне ценети од тамошното општество, пред сѐ, поради резултатите што Македонците ги постигнуваат во работата, а и поради нивниот однос и висок степен на лојалност кон новата татковина. Меѓутоа, најзначајно е тоа што македонските иселеници, особено љубанци преку своите црковни општини ја афирмираат својата стара татковина, со што даваат прилог и на планот на меѓународните односи.

Одреден број Македонци во дијаспората, а со тоа и одреден број љубанци црквуваат во други цркви. Меѓутоа, најголемиот број од иселениците од Љубојно кои се распрскале по светот се доселиле во Мичиген Таму, Детроит е центарот на ав­то­мо­бил­ска­та индустрија и на други важни компании, затоа и станал „мека” за Македонците. Најголем број љубанци нашле сигурна егзистенција токму во автомобилските компании, а одреден број отвориле ресторани и други индустриски капа­ци­те­ти, во кои работат голем број доселеници.

Љубанци се многу активни во новите средини, пред сè, во мaкедонските православни цркви, а тоа се следните:

Во Детроит, Мичиген, во Македонската православна црква (МПЦ) Света Богородица досега активни биле: Јонче (Џан) и Милка Христов (Рајчовски), потоа Владо Пашариковски, кој бил првиот претседател на Управата, Јандрија и Асимења Митровиќ (Пашариковски), Ник Најдович (Карапашовски), Гоче Стефановски (Џајковски), Бошко Рајчовски – Пелистерски, Ратко Трифуновски, Митре, Васил, Славе и Дане Василевски, Методија Нивички, и други.

Во Детроит, Мичиген, во МПЦ Свети Ѓорѓи Кратовски досега активни биле: Лазо и Бона Нановски, Спиро Масралџиовски, Стојче Панчевски, Гоче Стефановски (Џајковски), Владо Видиновски, Владо Шерденковски, Богоја Вржовски и други.

Во Лакавана, Њујорк, во МПЦ Свети Кирил и Методиј досега активни биле: Цветко Фотевски, Бранко Петковски и Даница Германска.

Во Сиракјуз, Њујорк, во МПЦ Свети Ѓорѓи активен е Тале Германски.

Во Њујорк, Њујорк, во МПЦ Свети Климент Охридски активен е Зоран Котевски (Милевски).

Во Чикаго, Илиноис, во МПЦ Свети Кирил и Методиј и Света Петка досега активни биле: Павле Србиновски, Павле и Зорка Грежловски, Фоте и Лидија Спировски (Пашариковски), Борис Германски, Митре и Петре Ничевски, Васил Димовски.

Во Гери, Индијана, во МПЦ Свети Петар и Павле досега активни биле: Љупчо и Спаса Стојановски (Германски), Методија Калевски и Ристо и Вера Дораковски.

Во Синсинати, Охајо, во МПЦ Свети Илија активен бил Кире Карапашовски.

Во Кентон, Акрон и Маслон, Охајо, во МПЦ Свети Никола досега активни биле: Ванчо Дораковски, Миливој Паспаловски, Ристо Карапаша и Владе Алабаковски.

Во Лореин, Охајо, во МПЦ Свети Климент Охридски досега активни биле: Никола Стасовски, Илија Денкин, Спасе Шалковски и Трајан Думбовски.

Во ЛосАнџелес, Калифорнија, во МПЦ Света Богородица досега активни биле: Илија и Миле Паспаловски, Владе Николовски (Јанкуловски), Никола (Коле) Николовски.

Во ЈужнаФлорида, во МПЦ Свети Димитрија досега активни биле: Стојче и Јосиф Грежловски, Васил Стефановски (Џајковски), Славе Пашариковски, Јосиф Пашариковски, Владе Лембовски и Бошко Рајчовски-Пелистерски.

Во Темпа, Флорида, во МПЦ Свети Јован досега активни биле: Павле и Зорка Грежловски, Васил Јаневски, Спиро Масралџиовски и др..

Во Аризона во црквата Свети Архангел Михаил досега активни биле: Јонче Томулевски и Ристо Спировски (Пашариковски). 

1pre12347

Свети Димитрија во Вулунгонг, Австралија

Во Торонто, Онтарио, во МПЦ Свети Климент Охридски и Свети Илија досега активни биле: Славе Николовски-Катин, Владе Марковски, Петре Василевски (Клунковски), Сандра и Јосиф Ничевски, Наум и Гордана Пашариковски, Кичо Нановски, Крстин Мартиновски, Јонче, Петре и Славе Паспаловски, Кичо Нивички и многу други.

Во Виндзор, Онтарио, во МПЦ Свети Никола досега активни биле: Џон Крстинович (Лубаров- ски), Борис Ревин, Борис Наумовски (Дупенски), Трајан  Митревски  (Врчковски),  Владе  Лембовски, Томе Масларџиовски, Кичо Шалковски, Јонче Пашариковски, Бошко Милевски, Ванчо Паша- риковски, Васил Симовски (Дораковски) и други.

Во Австралија, исто така, љубанци биле активни во поголем број македонски  православни цркви. Така, Спасе Ложенковски бил еден од најактивните во црквата Свети Димитрија во Волонгонг, Лазо Јанковски во црквата Свети Никола во Перт, Јонче Петревски, Петре Петревски Цветко и Славе Милевски, Зоран Лембовски и други во црквите во Мелбурн, Ѓорѓи Баковски во црквата Света Петка во Сиднеј, Наум Бубутиовски и Спиро Манивиловски во црквата Свети Наум Охридски во Њукасл и други.

Во Европскатаунија, љубански активисти досега биле: Митре  и Цане Грковски, Ристо Наумовски, Владо и Страшо Томулевски, Стево Јанкуловски, Илинка Јанкуловска, Вангел Бубутиовски и други.

Продолжува

1slave 9 Пишува СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Дијаспора

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

Македонците во Њујорк го кренаа знамето среде дожд и невреме за 35 години независност

Можат да се обидуваат да нè избришат. Но, и во еден ваков бурен и мрачен ден… ние сме тука. Над сто Македонци и пријатели на Македонија се собраа во срцето на Њујорк, покажувајќи дека љубовта кон татковината е посилна од дождот и невремето. На 26 септември 2026 година, и покрај дождот и силното невреме што […]

Никола Тесла – светски научник чии пронајдоци ја променија модерната цивилизација

Големиот научник Никола Тесла се почитува и слави и во Хрватска и во Србија и во Соединетите Американски Држави и во целиот свет. Тоа го потврдуваат современите проучувачи на ликот и делото на Никола Тесла, кои го нарекуваат “Човекот што го измислил дваесеттиот век“ и “светецот – заштитник на модерниот електрицитет.“ Никола Тесла беше научник, […]

Вратени 16.952 текста објавувани од 2009 до 2026 година на порталот „Македонска нација“

Зачуван е најголемиот дел од богатата архива на порталот — текстовите повторно се достапни за читателите, а со нови материјали продолжуваме да го збогатуваме македонското историско и културно наследство. Во април 2026 година порталот „Македонска нација“ стана недостапен. Не знаеме со сигурност дали стануваше збор за хакерски напад или за друг проблем. За да продолжиме […]

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

To top