Дијаспора

ПОЗНАТИ ЛИЧНОСТИ ВО ИСЕЛЕНИШТВОТО (9)

1plak989

1plak989

ЛИЛИ ПЉАКАС – ДОНАТОРКА, ХУМАНИСТКА И БЛАГОРОДНА МАКЕДОНКА 

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА МАКЕДОНКИТЕ ВО КАНАДА 

Често се вели дека жената е десната рака на мажот. Тоа се потврдува во брачниот живот на Лили и Стив Пљакас, во нивното заедничко живеење во период од цели пет и пол децении во кои споделиле и радост и тага и успеси и падови и убави мигови, патувања, дружења, отвориле нови патишта на живеењето и опстојувањето, од кој носат прекрасни спомени за еден хармоничен и среќен македонски брак. 

Лили Пљакас беше благородна Македонка која со сето свое битие, со душа и срце беше посветена на своето семејство, на Стив, на ќерките Маргарет и Џини, на зетовците Џорџ и Алек, но најмногу на внучињата Анџела, Кристофер, Стивен и Стефан, кои и’ беа светлата точка, радоста и убавината во нејзиниот живот. Во исто време таа беше Канаѓанка од македонско потекло која беше активно вклучена во македонската и канадската заедница во Торонто и во Њу Маркет.

Лили Пљакас беше позната и призната Македонка која потекнува од македонско патриотско семејство. Таа беше една од најактивните во македонската заедница во Торонто, особено во црквата „Свети Климент Охридски”.

Била на повеќе фунции во црковната женска секција. Затоа, со право се вели дека во периодот кога била и претседател на Женската секција во црквата „Свети Климент”, биле преземени бројни активности кои го збогатиле црковно-националниот живот во македонската заедница. Особено внимание посветуваше на зачувувањето на македонскиот идентитет, обичаите, песната и орото и многу други вредности донесени од родната Македонија.

Несомнено дека кога се пишува за историскиот развој на жената во македонската заедница во Торонто, тогаш името и делото на Лили Пљакас беше тесно поврзано со активностите и работата на национален и духовен план. Таа беше христијанка, и припаѓаше на Македонската православна црква и со нејзината работливост, честитост, трудољубивост, хуманост и донаторски однос, остави длабоки траги кај младите генерации и претставува патоказ за ширење на македонскиот дух и љубов меѓу Македонците од сите делови на Македонија

1plak9891Панорама на селото Желево, Леринско 

Лили Пљакас е Канаѓанка од македонско потекло. Таа е родена на 10 октомври 1947 година во познатото македонско село Желево, Леринско. Во документите е запишана како Лефа од нејзините родители Мијајле и Петра, кои го извршиле чинот на крштавање на Лефа во селската православна црква.

Нивната ќеркичка дошла на свет во немирните години на втората половина на четириесеттите години од минатиот век, кога во Егејска Македонија се чувствувале последиците од Ѓраѓанската војна во Грција, кога почнал крајот на почетокот на истребувањето на Македонците од своите дедовски корени. Тоа е време кога, на само двегодишна возраст Лефа со своите најблиски, засекогаш го напуштила своето Желево и понела несреќни моменти од егејскиот дел на Македонија.

Името Лефа, кое во Канада се трансформира во Лили, значеше еден нов идентитет уште од самиот почеток во новата средина. Така, Лили веднаш по пристигнувањето го започна своето основно образование на англиски јазик. Секој почеток е тежок. Лили имала потешкотии со јазикот, но како надарено македонско девојче, јазичната бариера брзо ја совладува.

По успешното завршување на основното образование, Лили се запишала во Гимназија каде поминала две успешни години. Меѓутоа, семејните финансиски услови наложиле да го прекине образованието и на 16-годишна возраст да почне да работи, односно да почне со печалење на пари во семејниот буџет за едно поинакво утре.

Првото вработување и’ било во ТТС (Торонто транспорт компанија) и работела во канцеларија како службеничка. Таму учела дактилографија и стенографија, со што подоцна и се отвориле вратите за подобра позиција, кога и станала  секретарка во фирмата. Тоа и помогнало на Лили успешно да се вклопи во приватниот бизнис и да постигне значајни резултати.

1plak9892

1plak9893

Лили Пљакас е родена во Желево, кое е лоцирано на границата на Леринско-костурската општина, припаѓајќи административно кон Костур. Тоа е едно од најголемите села на овие простори. Желево е сместено во подножјето на планината Бигла и се наоѓа на надморска височина од околу илјада метри.   

Желево отсекогаш било чисто македонска населба. Меѓутоа, поради политичките и економските причини, голем број желевци се преселиле во Канада, САД и Австралија и други европски земји по Илинденското востание и Првата светска војна, но по поразот на Демократската армија на Грција во Граѓанската војна.

Во воениот период, Лили наместо ра расте во безгрижни детски дни, таа го напушта дедовскиот праг во Желево. Заедно со баба и’ Трендафилка и мајка и’ Петра, за да се спасат од воените немири заминуваат во селото Породин, Битолско во 1949 година. Таму остануваат една и пол година и, пак, се враќаат во Желево. За жал, само по кусо време, во август 1949 година била принудена повторно да го напушти родното Желево и со себе да понесе само торбичка со искинати детски алишта и едно суво цвеќе од бабиниот двор како драг спомен во кревката детска душа. Во реката протерани бегалци од егејскиот дел на Македонија, патот ги однел преку Преспа во Албанија, а оттаму во Полска.

Во новата татковина Полска биле сместени во домот за бегалци од Грција во градот Згожелец. Во ова место на фамилијата на Лефа почнало новото адаптирање и снаоѓање во животот во новата средина. Таму била поставена основата за иднината на новиот живот. Во Згожелец Лефа го научила полскиот и грчкиот јазик. Се чини мудроста, добрината, снаодливоста во животот и природната дарба на нејзината баба Трендафилка, помогнале во голема мера тие да имаат подобар и посреќен живот.

Бегалскиот живот продолжил и од Полска. Имено, нејзиниот татко Мијајле веќе од 1952 година заминал засекогаш од своето родно место Желево и емигрирал во Канада кај неговиот татко Танас, кој веќе бил на печалба во Торонто околу петнаесеттина години. Оттаму воспоставил контакт со своите најмили во Полска и ја започнал процедурата за повлекување на семејството во Канада. Така и се случило. На 10 февруари 1955 година Трендафилка, Петра и Лефа, со помош на Црвениот крст се иселиле од Полска и со авион преку Англија како птици преселници дошле во Торонто.

На радоста и’ немало крај. Средбата по седум години одделеност на семејството Ѓиану во Торонто била и среќна и тажна со топлите прегратки и многуте солзи на разделените. Во тие мигови радоста не им дозволила на членовите од ова сега веќе среќно семејство да прозборат. Тоа бил почеток на еден нов среќен живот далеку од својот роден крај, во родната Македонија, во новата средина во демократска Канада.

1plak9894„Лилкрис индустри лимитид“ на Лили и Стив Пљакас

Во тој период се запознала со Стив Пљакас, кога, всушност, и пламнале првите љубовни искри на двајцата лични млади луѓе, што е и најава за нови предизвици, за еден нов брачен живот. Така, 1985 година ќе биде забележана со златни букви во животот на Лили и Стив Пљакас. Таа е година кога тие беа венчани во Македонската православна црква „Свети Климент Охридски” во Торонто.

Лили Пљакас беше пример на Канаѓанка од македонско потекло која не само што напорно работеше во нивниот бизнис, туку таа беше активна во организирањето на различни посети, видувања, другарувања, како и на вечеринки, пикници, и друг вид македонски собири. Во исто време таа беше жената која финансиски ја помагаше македонската заедница, особено македонските православни цркви, таа беше голем хуманист и донатор за поединци и асоцијации.

Била иницијатор, организатор и финансиски поддржувач на бројни патувања на Македонците од Торонто, особено на Женската секција. Мегу другото, по повод 75-годишнината од поделбата на Македонија била организатор и финансиер на голем број автобуси кои тргнале од Торонто на пат до ОН во Њујорк во одбрана на македонското име и на Македонија.

Оваа благородна и прекрасна личност со исклучителни чувства ги чуваше како аманет дел од спомените и настаните од нејзините животни врвици, и во детството и во онаа рана младост на битките, да се бори и да се успее по секоја цена и кога е најтешко и, се разбира, најубавиот период – тоа се долгите брачни години со нејзиниот животен сопатник Стив Пљакас.

Колку многу може да се пишува за таа заедничка идила, за радостите, успесите, тегобните моменти, среќниот углед и статус, и сè така од средината на минатиот век, па еве, ги врвиме првите децении од XXI век, тие живееја среќно, заедно со своето семејство, ќерките и  најголемата радост внучињата.

Лили Пљакас почина ненадејно на 18 јули 2016 година. Таа беше голема љубов и сопруга на Стив. Многу сакана мајка на постарата ќерка Маргарет и зетот Џорџ и на помладата керќа Џени и зетот Алек. Таа беше големата и благородна баба која се жртвуваше за внучињата Анџела, Кристофер Стивен и Стефани и на целото пошироко семејство. Нејзиниот вечен дом се наоѓа на Македонските гробишта во Маркам кој го посетивме заедно со нејзиниот сопруг Стив Пљакас. 

Продолжува 

1slave 1 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Дијаспора

Гордана Димовска: Клучни информации за гласањето во Викторија

Денес, сабота, 28 ноември 2026 година, се одржуваат редовните  шеесет и први државни избори во сојузната држава, Викторија. Се одржуваат континуирано од 1856 година, кога Викторија воспоставила дводомен парламент со одговорна влада. Тие доаѓаат по изборите во ноември 2022 година (60-ти парламент), а новоизбраните 88 пратеници во Долниот дом и 40 членови во Горниот дом […]

Македонскиот фестивал на културата во Williamstown ги обедини Македонците во Викторија

Како што е познато во Австралија секоја година се одржуваат фестивали на храната и масовно се прифатени од Македонската заедница во било кој град да се одржуваат. Во Викторија, Фестивалот на македонската култура во Вилиамстеон е секогаш со радост дочекуван затоа што е место каде се слави нашата култура, традиција, јазик, оро и песна. Токму […]

Друштва и асоцијации на македонските иселеници во САД од 2000 година до денес

Македонците во Соединетите Американски Држави се организирани во македонските православни цркви и во различни друштва и асоцијации. Така, според делото „Македонците во САД и во Канада“ од авторот на овие редови, во период од 2000 –та година до денес се формирани голем број македонски друштва и друг вид асоцијации во САД. Овие значајни македонски асоцијации […]

Илјадници наши иселеници летово во Македонија

Фиданка Танаскова Посети и дружење за незаборав Д-р Ицо Најдовски Перин од Мелбурн помина два месеца во родната земја, исполнети со средби, патувања и дружење. Летово, во своја Македонија, на балканската крстосница во јужниот дел на Европа, допатуваа илјадници наши сонародници од различни генерации, кои низ годините заминале на разни страни од светот. Оживеаја многу […]

Градот Мелбурн им се извини на Македонците

Градскиот совет ги покани македонските играорци повторно да настапат на парадата Мумба во 2027 година, со дозвола да го истакнат знамето со Ѕвездата од Кутлеш.   Градот Мелбурн на 16 ноември 2026 година официјално ѝ се извини на македонско-австралиската заедница поради одлуката со која во март на македонските учесници на парадата Мумба им беше забрането […]

Мито Алексовски од Полска во 2010 година: Името Македонија му припаѓа на македонскиот народ

Името и другите државни вредности на Македонија не се приватни сопствености на политичарите а, ни на било која партија. Тоа се сопствености на целиот македонски народ. Исто така тоа не е стока за продавање и не постои  начин не можат да бидат тема на политички разговори или дипломатски трговии. Кој го прави тоа е предавник […]

Се одржа Јубилејна „Егејска вечер“ и семакедонската средба во Штип

Јубилејната „Егејска вечер“ и семакедонската средба во Штип ги собраа Македонците од Грција, Бугарија и Албанија, како и Македонците од Егејска Македонија кои денес живеат во Република Македонија. Од средбата беше упатена порака за зачувување на македонскиот идентитет, поцврсти врски меѓу заедниците и поголемо внимание од институциите кон нивните права. Едмонд Темелко, поранешен градоначалник на […]

Апел на Друштвото на Македонците во Полска од 28 мај 1994 година

Друштво на Македонците во Полска Гдањск, 28 мај 1994 година До Претседателот, Владата и Парламентот на Република Македонија АПЕЛ Ние, Македонци – бегалци од егејскиот дел на Македонија, здружени во Друштвото на Македонците во Полска, апелираме до Претседателот, Владата и Парламентот на Република Македонија да не се откажуваат од името „Република Македонија“, знамето, сонцето – […]

To top