Дијаспора

ИСЕЛЕНИЧКИ СРЕДБИ ВО ЉУБОЈНО И ДОЛНО ДУПЕНИ (19)

1lubojno

1sub123

ДЕЛОТО „ИЛИНДЕН ВО ЉУБОЈНО И ПРЕСПА“

Овој текст и наредните продолженија во порталот „Македонска нација“ се дел од монографијата која е насловена „Илинден во Љубојно и Преспа“, издание на „Македонска искра“ од Скопје и на Македонско друштво „Љубојно“ од Детроит, отпечатена во 2013 година, на 320 страници на македонски и на англиски јазик.  чиј автор е Славе Катин, а коавтор е Бошко Рајчовски – Пелистерски од САД. Делото е посветено  на Илинден и на илинденските иселенички средби во Љубојно, како и на други теми и дилеми поврзани со Љубојно и етничка Преспа

Монографијата „Илинден во Љубојно и Преспа“ е сведок на судбини на Љубојно, на Преспа, на Македонија. Во делото е изразена силната љубов кон родната земја, особено на оние кои го напуштиле родното дедовско огниште, но се поврзани по семејна или друга врска со тој убав, борбен, патриотски и значаен дел на етничка Македонија.

Монографијата претставува значаен прилог и придонес на публицистичкото творештво. Таа е огледало и свидетелство на убавиот збор и откривање на судбината на печалбарскиот крај Преспа. Монографијата е документ за голем број луѓе, настани, појави, интелектуалци или вљубеници во дедовскиот крај, во Преспа. Всушност, тоа е дело особено за настаните во овој крај по повод „40-те Љубански илинденски иселенички средби“ и „Фолк – фест Преспа 2013“ кои се одржаа токму на ден Илинден во Љубојно.

Исто така, во оваа монографија се презентирани преспани кои живеат насекаде по светот, како и голем број факсимили од различни текстови и фотографии кои ја збогатуваат содржината на делото.

1l123Плажата „Dupeni Beach “ во Долно Дупени

Монографијата „Илинден во Љубојно и Преспа“, на Славе Катин и на Бошко Пелистерски со сета скромност е огледало за начинот на комуницирањето, особено на иселениците во дијаспората, а преку нив и за нивниот живот и дело што ќе останат вечни и поттик за идните генерации да не ги забораваат трагите на вистината за Љубојно, за Преспа, за Македонија.

Во монографијата се вели дека да се пишува за минатото и сегашноста за Љубојно, за Долна Преспа, за Македонците од поделена Македонија е одговорна задача, но истовремено причинува големо задоволство. Во ова време на светска глобализација прекрасно е чувството кога ќе се најде на едно место најголемиот и најзначајниот дел од една историска вистина и судбина за настаните, личностите, за минатото, сегашноста и иднината на еден убав македонски крај од незаборавот.

Илинден, Втори август е запишан со крупни позлатени букви во историјата на македонскиот народ, особено во историјата на Долна Преспа. На тој ден во 1903 година избувна Илинденското востание, а на истиот тој ден, односно на 2 август во 1944 година Македонија се конституира во држава, во лицето на Народна Република Македонија.

Во ова продолжение ќе посветиме посебен простор на Иселеничките средби во Долна Преспа. Имено, иселеничките средбо кои се одржаа во Љубојно по 40 – ти пат беа повод слични средби да се организираат и во другите долнопреспански села: Долно Дупени, Брајчино и Штрбово, како и во други села во Преспа и во Мала Преспа.

И овие средби, главно имаат иселенички карактер. Средбите ги организираат иселениците од дијаспората и месното население. А целта е да се вратат иселениците во своите родни огништа, да се видат со своите најблиски, со роднините и пријателите, да имаат пријатни мигови во родните огништа и сето тоа да остане незаборавно и да има повторни видувања.

На иселеничките средби во Долна Преспа покрај другарувањата во родното село, кое со невидена сила ги привлекуваат иселените повторно да се вратат на дедовските корени, се паметат долгите ора накитени и со младо и старо и се вијат сред село, прекрасната атмосфера и моментот кога селото е живо како во поранешните времиња. На иселеничките средби сите се дел од многубројните случувања кои остануваат за паметење во родното село под Пелистер.

1l124Дел од Полената во Долно Дупени

Една од првите иселеничката средба во Долно Преспа започна да се одржува во Долно Дупени во 1989 година. По иницијатива на иселеници од Долно Дупени кои живеат во Торонто: Ѓорѓи Ристевски, Михајло Николовски – Мајорчето и Васил Ангеловски се одлучи да се одржуваат слични средби како во ЉУбојно. Така, иницијаторите решија финансиски да ја поддржат средбата и заедно со претставници на Месната заедница да ја организираат.

Иницијативата да се организира првата манифестација од ваков вид во Долно Дупени наиде на широк одејќи кај населението. Првата иселеничка средба се одржа на 14 јули 1989 година во чест на „св Кузман и Дамјан – св Врач“, селската слава. На тој ден се собраа голем број мештани како и дојденци од Канада, САД, Австралија и од поранешните европски замји, туристи, намерници и бројни посетители од соседните села. Се пееше, се играше и се пиеше на „Полена“ и по домовите Тој е денот сите ја изразија својата љубов кон Долно Дупени, кон својот народ и кон Македонија.

 Повеќе од дваесет години традицијата продолжи „Долнодупенските иселенички средби“ да се негуваат и средбите да се организираат на викендите најблиску до празникот „Св. Кузман и Дамјан“. Иселеничките средби се одржуваат во недела и траат еден ден. Според програмата се одржува духовна богослужба во храмот посветен на светците чувари на селото, потоа на сред село, на „Полена“ одбраната музика и естрадните уметници ги забавуваат присутните до доцна во ноќните часови.

 На иселеничките средбите во Долно Дупени се организираат и културни манифестации. Меѓу другото, во 1990 година беше промовирана значајната и единствена монографија за Долно Дупени, чиј автор е Владо Јовановски. За ова дело пред многубројната публика зборуваше проф. д-р Петре Георгиевски.

Исто така, на средбите настапиле културно – уметнички друштва и голем број естрадни уметници, меѓу кои: Гоце Арнаудов, Блага Петревска Петар Нечовски, Ламбе Алабаковски и многу други. Тие помогнаа со песни и ора, со весели мигови, иселеничките средбите во Долно Дупени да останат незаборавни. 

Продолжува

1slave 9Пишува СЛАВЕ КАТИН 

Најново од: Дијаспора

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

Македонците во Њујорк го кренаа знамето среде дожд и невреме за 35 години независност

Можат да се обидуваат да нè избришат. Но, и во еден ваков бурен и мрачен ден… ние сме тука. Над сто Македонци и пријатели на Македонија се собраа во срцето на Њујорк, покажувајќи дека љубовта кон татковината е посилна од дождот и невремето. На 26 септември 2026 година, и покрај дождот и силното невреме што […]

Никола Тесла – светски научник чии пронајдоци ја променија модерната цивилизација

Големиот научник Никола Тесла се почитува и слави и во Хрватска и во Србија и во Соединетите Американски Држави и во целиот свет. Тоа го потврдуваат современите проучувачи на ликот и делото на Никола Тесла, кои го нарекуваат “Човекот што го измислил дваесеттиот век“ и “светецот – заштитник на модерниот електрицитет.“ Никола Тесла беше научник, […]

Вратени 16.952 текста објавувани од 2009 до 2026 година на порталот „Македонска нација“

Зачуван е најголемиот дел од богатата архива на порталот — текстовите повторно се достапни за читателите, а со нови материјали продолжуваме да го збогатуваме македонското историско и културно наследство. Во април 2026 година порталот „Македонска нација“ стана недостапен. Не знаеме со сигурност дали стануваше збор за хакерски напад или за друг проблем. За да продолжиме […]

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

To top