Дијаспора

ПОЗНАТИ ЛИЧНОСТИ ВО ИСЕЛЕНИШТВОТО (10)

1vis1

1v12БЛАГИЦА ДАФОВСКА – ПРОСВЕТИТЕЛ ВО МАКЕДОНСКАТА КОМУНА ВО ТОРОНТО 

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА МАКЕДОНКИТЕ ВО КАНАДА 

Во Македонската православна црква “Св. Климент Охридски” во Торонто, благодарение на  Благица Дафовска, во Дополнителното училиште на македонски јазик се продолжуваат традициите за негување на мајчиниот јазик. Затоа грижата за најмладите македонски генерации, за милите деца, е дел од работата на управите на црковната општина.

Македонскиот јазик има своја долга историја. Уште во IX век, врз основа на еден од македонските дијалекти, на оној што се зборувал околу Солун, е создаден првиот литературен словенски јазик. Тоа е старословенскиот литературен јазик на кој темелите му ги поставиле браќата Свети Кирил и Методиј. Тој јазик го употребувале со векови и други народи (бутарскиот, српскиот рускиот и др ), внесувајќи во него елементи од своите народни јазици.

Процесот на употребата на македонскиот јазик во литературата бил многу побавен и потежок отколку кај другите јужнословенски јазици, поради специфичните услови во кои се развивал македонскиот народ до своето конечно ослободување, во својата историја бил најдолго време под ропство.

Македонскиот јазик не само што се употребува во Македонија, туку тој претставува средство за комуницирање и среде македонското иселеништво. Во црквата “Св. Климент Охридски”

во Торонто, особено во дополнителното училиште на македонски јазик се продолжуваат традициите за негување на мајчиниот јазик. Затоа грижата за најмладата генерација, за милите деца, е дел од работата на управите на црковната општина.

1bab123Селото Бабино

Посебно не се штедат силите и времето кога е во прашање долгот што го имаат сите, а тоа е македонската младост да го учи, да го научи и да зборува, да пишува и да чита на мајчиниот македонски јазик. Тие навистина го научуваат и го паметат јазикот на своите татковци, мајки и дедовци, донесен од Македонија во новата демократска канадска средина.

На тој начин, дечињата ги паметат и се гордеат со своето потекло со своите корени и секогаш се блиску и најблиску до татковата Македонија, учејќи ја историјата, учејќи ја географијата, дознавајќи што повеќе за македонските револуционери, востанија, борби, за македонските реки, езера, планини, села и градови.

Така, ќе научат, ќе дознаат и ќе запаметат многу повеќе за својот род. Ќе знаат колку е скапа слободата, колку беше исчекувана и со каква радост дочекана денешната самостојна држава Република Македонија.

Еден од просветителите во македонската комуна во Торонто е, секако, Благица Дафовска. Таа е родена во убавото и познато македонско село Бабино, Демир – Хисар, во областа Железник, неколку километри северозападно од Демир Хисар, во југозападниот дел на Македонија.

Бабино е најпознато по најголемата приватна библиотека во Македонија, приватната библиотека „Ал-Би“ сопственост на Стево Степановски, која брои над 20.000 книги, поради која го посетуваат многубројни туристи.

Библиотеката „Ал-Би“ во Бабино е куќа со традиционален изглед, со етно-соба и амфитеатар, основана во 1882 година. Резултат на тривековна колекционерска работа, и поседува значителен фонд на ретки и уникатни книги, од кои најстарата е Арапски речник од 1307 година. Првите книги биле донесени во далечната 1882 година и тоа од Багдад, Техеран, Дамаск, Истанбул, Анкара, а се печатени на персиски, старотурски, арапски јазик.

Во Библиотеката „АЛ-БИ“, вгнездена под дабовата шума на демирхисарското село Бабино, се чуваат и се изложени првиот број на Македонскиот правопис, примерок од првото издание на македонскиот Буквар, првото издание на весникот „Нова Македонија“ отпечатен во селото Горно Врановци и првиот примерок од книгата на Ванчо Николески, „Волшебното самарче“.

Во овој дом на илјадници книги се одвива вистинска космичка драма на духот. Овде зборот живее со сета сила и магија, а клуч за влез во овој културен топос е благиот збор, вели Стево Степановски, сопственик на библиотеката. Тој е пријател на авторот на овие редови, Славе Катин, кој на библиотеката има подарено дваесеттина дела од неговата публицистичка дејност, за да бидат заедно  со Зборникот на народни песни на браќата Миладиновци, печатен во 1891г.

1crkva13Црквата “Свети Климент Охридски”

Според класификацијата на Министерството за локална самоуправа, Бабино спаѓа во категоријата ридско-планински села. Тоа е сместено во средишниот дел на поранешната Општина Сопотница, а се наоѓа на двете страни на Бабинска Река, притока во изворишното сливно подрачје на Црна Река, на источниот дел од Плакенска Планина. Лежи на 2 километри од патот Кичево – Демир Хисар. Оддалечено е 45 км од Битола, а 35 км од Кичево, со кои е поврзано со асфалтен пат. Се работи за ридско село кое се наоѓа на надморска височина од 750 метри.

Во Бабино е родена Благица Дафовска, која го завршила своето осумгодишно образование во Демир Хисар. Потоа, во Битола завршила средно образование и Педагошка академија, група македонски јазик и литература. Меќутоа во далечната 1970 година со своето семејство  се преселува во  Торонто, Канада.

Речиси триесет години Благица работи како наставник во македонското црковно училиште „Св. Климент Охридски“, а воедно работи и како преведувач. Во 1994 година Дафовска е еден од иницијаторите за формирање на македонско одделение во училиштата во кои македонскиот јазик е застапен во „Интернационален јазичен програм“ каде и денес работи во училиштето Дифенбакер.

Дафовска е автор на поетската збирка „Ноќ во Канада“, а од која е извадена песната: „Болештина во Бабино“ и под истиот наслов секоја година се отвараат Бабинските средби во нејзиното родно село. Добитник е на многубројни награди и признанија меѓу кои и од Обединети Македонци“ од Торонто.

Таа ги учи учениците да го сакаат македонскиот јазик, бидејќи елементи од македонскиот народен говор почнуваат да влегуваат пошироко во делата со црковна содржина (дамаскини) во XVII век. Во XIX век, во времето на македонската национална преродба, се појавуваат писатели кои пишуваат на македонски јазик (Константин Миладинов, Григор Прличев, Рајко Жинзифов, Јордан Хаџи Константинов-Џинот и др).

Подоцна, а посебно меѓу двете светски војни, се појавуваат писатели кои пишуваат на чист македонски јазик, земајќи го за основа на литературниот јазик, централното македонско наречје: прилепскиот, велешкиот и битолскиот говор, во што извршил големо влијание Крсте Петков Мисирков.

Особено со своите драми од народниот живот се истакнале Војдан Чернодрински со “Македонска крвава свадба”, Антон Панов со “Печалбари”, Васил Иљоски со “Чорбаџи Теодос” и Ристо Крле со “Парите се отепувачка”, a co својата поезија Кочо Рацин со “Бели мугри”, Коле Неделковски со “Молскавици” и др.

Децата се големата радост, гордост, надеж, постоење и иднина. И сите досегашни учители со огромен жар и љубов работеа и ги учеа, ги воспитуваа и ги образуваа најмладите. Повеќето од тие што работеа во училиштето навистина направија речиси пионерски, восхитувачки резултати, меѓу кои посебно место има наставникот Блага Дафовска, која од почетокот до денас е со децата.

Кога излегуваат од училишните клупи дечињата знаат за македонското име, постоење, култура, обичаи. За се’ она што е Македонија како заедничка татковина. Пресреќни и презадоволни дечињата велат дека Македонија во срцата свои ја носат, неизмерно ја љубат и најубавите песни  ги пејат за дедовската земја Македонија.

Благица Дафовска е еден од првите членови на Литературното друштво „Браќа Миладиновци“, кое работи во состав на Македонската православна црква „Свети Климент Охридски“. Друштвото е формирано на 6 март 1987 година, кога се одржа состанок на истомисленици кои истакнаа дека од пресудно значење и повеќе од потреба е да се формира литературно друштво во македонската иселеничка средина во Канада.

1bls14Благица Дафовска со учениците

Записничарот ќе забележи дека на тој состанок биле присутни: Вера Вржовкса-Петревска, Стефан Букчев, Драгица Белчевска, Никола Белчевски, Благица Дафовска, Ристо Милјановски, Алексо Лозановски, Танас Јовановски, Перса Гиневска, Петар Гиневски, Драгица Димовска, Ратка Шапас, Тони Марковски и Михајло Дафовски.

Минаа само десетина дена и на 16 март 1987 година беше избран првиот управен одбор на друштвото, во состав: Благица Дафовска, претседател, Никола Белчевски, потпретседател, Драгица Димовска, секретар, Ратка Шапас, благајник, и Вера Петревска, координатор, кои раководеа со активностите две години.

Во 1989 година избран е нов управен одбор, во состав: Драгица Димовска, претседател, Алексо Лозановски потпретседател, Рада Видиновска, секретар, Вера Петревска, благајник и Весна Карапетрова, координатор.

Тоа е време кога членството на друштвото значително се зголемува, па според податоците во списанието “Литературна мисла”, год. 2, 6р. 3, септември 1990 година, неговиот број изнесува 46 редовни и 10 почесни членови на црквата и на други асоцијации во Македонската комуна во Торонто.

Продолжува 

1slave 1 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Дијаспора

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

Македонците во Њујорк го кренаа знамето среде дожд и невреме за 35 години независност

Можат да се обидуваат да нè избришат. Но, и во еден ваков бурен и мрачен ден… ние сме тука. Над сто Македонци и пријатели на Македонија се собраа во срцето на Њујорк, покажувајќи дека љубовта кон татковината е посилна од дождот и невремето. На 26 септември 2026 година, и покрај дождот и силното невреме што […]

Никола Тесла – светски научник чии пронајдоци ја променија модерната цивилизација

Големиот научник Никола Тесла се почитува и слави и во Хрватска и во Србија и во Соединетите Американски Држави и во целиот свет. Тоа го потврдуваат современите проучувачи на ликот и делото на Никола Тесла, кои го нарекуваат “Човекот што го измислил дваесеттиот век“ и “светецот – заштитник на модерниот електрицитет.“ Никола Тесла беше научник, […]

Вратени 16.952 текста објавувани од 2009 до 2026 година на порталот „Македонска нација“

Зачуван е најголемиот дел од богатата архива на порталот — текстовите повторно се достапни за читателите, а со нови материјали продолжуваме да го збогатуваме македонското историско и културно наследство. Во април 2026 година порталот „Македонска нација“ стана недостапен. Не знаеме со сигурност дали стануваше збор за хакерски напад или за друг проблем. За да продолжиме […]

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

To top