Дијаспора

ВИКТОР БИВЕЛ ВО ОДБРАНА НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈАОД ГРЧКИОТ ГЕНОЦИД

1biv12

1biv12

ДЕЛ ОД АКТИВНОСТИТЕ НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО АВСТРАЛИЈА 

Виктор Бивел е Австралијанецот од Сиднеј со македонско потекло од Егејска Македонија и е еден од најактивните во македонската дијаспора во период од повеќе од 25 години. Тој е доблесен Македонец кој својот живот го посветил на публицистиката, на пишаниот збор, на науката, на древните корени на македонскиот народ, особено од Егејска Македонија и на македонското иселеништво од етничка  Македонија. Виктор е особено активен  во борбата за заштита на основните човекови права на Македонците во Грција.

Како резултат на неговите активности, Виктор услеа негирањето на македонскиот идентитет и потешкотиите со кои се соочуваат Македонците во Егејска Македонија да бидат  за прв пат претставени на он-лаин конференцијата на „Меѓународната асоцијација на истражувачи на  геноцидот“ (ИАГЦ), што ја  организираше Универзитетот од Барцелона, Шпанија, од 19-23 јули 2021 година.

Виктор Бивел на Конференцијата настапи со реферат насловен „Јазикот и негирањето на македонскиот етнички идентитет“, во кој, меѓу другото рече дека постои долга историја на владите, а особено на Грчката влада која користи различни средства за да го смени идентитетот на Македонците во нешто помалку македонско или немакедонско. Затоа неговиот труд се однесува на одбраната на геноцидот што се врши врз Македонците во Егејска Македонија.

Притоа, тој особена нагласта стави врз извештајот на „Организацијата за заштита на човековите права“ (Human Rights Watch) од Соединетите Американски Држави од 1994 година, под наслов „Негирањето на етничкиот идентитет: на Македонците во Грција“, со што ја кажува вистината за негирањето на  човековите права на Македонците во Егејска Македонија од страна на Грчката влада во период од повеќе од еден век. А тоа се прави се’ со цел да им се негира идентитетот на Македонците во Грција.

Како резлтат на децениската репресија врз македонското население во Грција, во извештајот на „Организацијата за заштита на човекови права“ од 1994 година, беше истакнато дека „Грчката влада го негираше идентитетот на малцинството на етничките Македонци прекршувајќи ги меѓународните закони и договори за човекови права, а со таквите методите Грчката влада ги негираат македонскиот идентитет и култура на Македонците во Егејска Македонија“, е потенцирано во извештајот на Виктор Бивел.

Исто така во извештајот се нагласува дека пости клима на страв во која многу Македонци се несмејат и се плашат отворено да го истакнат македонскиот идентитет или нивните сфаќања. Грчката влада не ги ословува етничките Македонци како „Македонци“, туку како „славофони Грци“, „словени“, „славомакедонци“. Исто така, се нагласува дека Грчката влада и нејзините институции ги променија македонските имиња на топонимите и на личните имиња од македонски во грчки, со што сите Македонци мораат да имаат грчки имиња. Притоа, на Македонците им се забрането да го изучуваат нивниот мајчин македонски јазик.

1biv123

Деца прогонети од Грција 

Извечтајот прикажува и повеќе репресивни мерки, двојни стандарти и случаи на малтретирање на Македонците во поглед на политиката, религијата, вработувањето, културолошкото изразување, слободата на изразување, како и на активностите за човекови права. Речиси сите овие репресивни мерки важат и денес, тврди господин Бивел во својот реферат.

Тој додава дека на сите владини новоа, на ниво на организации и индивидуалци има илјадници примери како Грчката влада, нејзините институции, нејзините поддржувачи и националистите од дијаспората го блокираат или се обидуваат да го блокираат изразувањето на македонскиот идентитет.

Во излагањето на Виктор Бивел е нагласено дека „Западните сили истакнале дека Преспанскиот договор ќе стави крај на недоразбирањата помеѓу Грција и Македонија“. Но, од таа гледна точка мнозинството Македонци ширум светот сметаат дека Преспанскиот договор е недемократски и оти претставува неуспех. Се наведува дека и понатаму „грчките двојни стандарди останале“, бидејќи Македонците неможат да имаат држава наречена „Македонија“. Згора на тоа, како што стравува поголем број Македонци, зборовите за опис на нивниот идентитет, сега честопати се заменети со термините „северномакедонски“ и „северномакедонци. Вакви примери Македонците наведуваат дека ги има и во Австралија, која има голем број македонско иселеништво, но има уште поголем број грчко население обединети во многу поактивна грчка заедница од онаа на Македонците од етничка Македонија.

Затоа Виктор Бивел во својот реферат заклучува дека време е да се стави крај на балканскиот мит, односно на идеите спроведени во  19-от и 20-от век, според кој народот што живеел во Македонија незнаел дека бил македонски и дека на овој народ му биле потребни странски политичари, експерти, академици, учени луѓе од други земји да му кажат кој е и што е тој народ?.

Тоа, меѓу другото, го изнесе публицистот Виктор Бивел, кој важи за познат, признат и честит Австралијанец, кој во исто време е посветен на етничка Македонија, на македонската вистина и на Македонците ширум светот, во својот реферат на конференцијата на „Меѓународната асоцијација на истражувачи на  геноцидот“ (ИАГЦ), што ја организираше Универзитетот од Барцелона, Шпанија, од 19-23 јули 2021 година.

Зато, не случајно може да се каде дека има многу талентирани и вредни македонски активисти во Австралија што е мотив повеќе Македонија да не се сомнева дека македонското иселеништво на петтиот континент и насекаде во светот не само што е многубројна, туку е и многу гордо на своето македонско потекло и ја брани и се гордее со неговата огромна љубов и почит кон етничка Македонија.

1slave 1 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Дијаспора

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

Македонците во Њујорк го кренаа знамето среде дожд и невреме за 35 години независност

Можат да се обидуваат да нè избришат. Но, и во еден ваков бурен и мрачен ден… ние сме тука. Над сто Македонци и пријатели на Македонија се собраа во срцето на Њујорк, покажувајќи дека љубовта кон татковината е посилна од дождот и невремето. На 26 септември 2026 година, и покрај дождот и силното невреме што […]

Никола Тесла – светски научник чии пронајдоци ја променија модерната цивилизација

Големиот научник Никола Тесла се почитува и слави и во Хрватска и во Србија и во Соединетите Американски Држави и во целиот свет. Тоа го потврдуваат современите проучувачи на ликот и делото на Никола Тесла, кои го нарекуваат “Човекот што го измислил дваесеттиот век“ и “светецот – заштитник на модерниот електрицитет.“ Никола Тесла беше научник, […]

Вратени 16.952 текста објавувани од 2009 до 2026 година на порталот „Македонска нација“

Зачуван е најголемиот дел од богатата архива на порталот — текстовите повторно се достапни за читателите, а со нови материјали продолжуваме да го збогатуваме македонското историско и културно наследство. Во април 2026 година порталот „Македонска нација“ стана недостапен. Не знаеме со сигурност дали стануваше збор за хакерски напад или за друг проблем. За да продолжиме […]

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

To top