Дијаспора

ПОЗНАТИ ЛИЧНОСТИ ВО ИСЕЛЕНИШТВОТО (11)

111a12e1

111a12e1

ПЕТРА КЛАШОВА – ДОНАТОРКА НА МАКЕДОНСКИТЕ ЦРКВИ ВО КАНАДА И МАКЕДОНИЈА 

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА МАКЕДОНКИТЕ ВО КАНАДА 

Петра Клашева, или како што беше позната во македонската заедница во Торонто како баба Петра од Буф, од Егејска Македонија беше пензинерка, со свој приватен имот и државна пензија и, за разлика од правата во родната земја, во демократска Канада ги уживаше сите човекови права. Таа беше една од помагачите на македонските православни цркви „Св. Климент Охридски во Торонто и „Св. Илија“ во Мисисага. Нејзината донаторство беш значајно за црквите, а нејзината хуманост, чесност и самопрегорност претставуваше пример за Македонци во Торонто. 

Македонските православни цркви во Канада се најзначајните и најмасовните собиралишта на Македонците од сите делови на Македонија. Притоа, тие духовно-национални центри опстојуваат во дијаспората како несоборлива вистина, како важен фактор во иселеничките средини. Црквите постојат како траен белег, признати се од домашниот фактор и без никакви пречки дејствуваат во средината во која живеат и работат Македонци.

Така, и за баба Петра првата македонска православна црква во Канада „Свети Климент Охридски“ и’ беше втор дом. Црквата е една од најзначајните и најпознатите цркви и културно-просветни институции на Македонците во Северна Америка и пошироко. Баба Петра беше присутна .во тој македонски храм  на богослужбите, каде слободно се слуша македонскиот збор, мајчиниот јазик донесен од стариот крај и каде се развива христијанската вера, надеж и љубов.

Животниот пат на баба Петра Клашева буфчанката од Торонто, Канада, имаше многу интересни и чудесни белези. Таа бече една од многубојните Македонки од егејскиот дел на Македонија која, не по своја вина, голем дел од животот го помина прогонета – надвор од својата родна земја, каде неможела да се врати. Но, и покрај тоа, таа во текот на целиот свој живот остана вљубеник во својата татковина –Македонија, во својот народ, во правдата, верата и во Македонската православна црква.

Баба Петра беше Канаѓанка од македонско потекло, родена пред Илинденското востание, во 1902 година, во македонското револуционерно и патриотско село Буф, Леринско, во Егејскиот дел на Македонија. Поголем дел од животот го поминала во родното село Буф со синот Ристо, роден во 1919, а кој починал во 1927 година, и со сопругот Лазар, скромен и честит Македонец, долгогодишен печалбар.

1buf1

Селото Буф во минатото

Нејзиниот сопруг буфчанецот Лазар Клашев, како и оние Македонци од другите печабарски делови на Македонија, голем дел од својот живот го поминал на печалба во прекуморските земји, со желба да спечали што повеќе за да купи земја, да направи убава и пространа куќа во родниот крај, а според непишаното правило, ги остави коските далеку од својот роден крај – во туѓина.

Инаку, селото Буф се наоѓа на околу 17 километри северозапад од Лерин, при што од запад селото е заградено со Баба Планина, од север е заградено со еден нејзин не многу висок разгранок којшто се одделува кај врвот Баба и се спушта кон исток и завршува кај с.Клештино, додека од југ и југоисток видикот на селото повторно е заграден со висок разгранок од планинската верига кој оди, исто така, кон исток и кој на завршетокот се раширува и се доближува до северниот разгранок кај Клештино.

Според историските податоци Буф е село вo Егејска Македонија, Грција, вo општина Лерин, Меѓутоа, во времето на посетата на Според податоците на Ѓорче Петров во 1896 година Буф имало 200 куќи со 2120 жители,  сите Македонци под духовенство на Егзархијата, а селаните се одликувале како многу јуначни. За жал, според пописот во 2001 имало селото имало 134 жители.  

Селото Буф во кое се родиле Петра и Лазар многу настрадало во Граѓанска војна во Грција, каде, според пишаните документи, во текот на борбените дејствија селото дало повеќе од 250 борци припадници на ДАГ, а своите животи ги положиле околу 120 буфчани, додека 30 борци од селото трајно останале инвалиди. Поради воените дејствија, се смета дека само во Македонија пребегнале 189 семејства со 686 члена, а околу 96 семејства со 140 членови побегнале во источно европските земји. По нормализацијата на ситуацијата, а поради силниот притисок и терор од страна на грчките власти, започнал силен бран на емигрирање во прекуокеанските земји.

1kan13Свадба на семејството Клашеви 

Со право се вели дека судбината си поиграла со голем број Македонци од егејскиот дел на Македонија. Голем број го напуштиле своето родно огниште и направиле нов дом во далечните прекуокеански земји. Таква беше судбината и на баба Петра, која за време на Граѓанската војна во Грција, во 1948 година, пребегнала од Буф во Битола, од каде што по четирот години, во 1952 година, заминала за Детриот, САД, кај својот сопруг Лазар. Потоа, по смртта на својот сакан домаќин во 1967 година, баба Петра се преселила во Канада, каде што постојано живееше во Торонто.

Баба Петра беше позната и призната пензинерка, имаше свој имот и државна пензија. Авторот на овој текст Славе Катин ја запозна баба Петра во просториите на црквта “Свети Климент Охридски. Таа беше пријателка на Сандра Ничевска, мајката на Катин и после богослужбата ја раскажа својата животна приказна. И покрај тоа што баба Петра беше во  деветтата деценија од животот, таа сè уште беше витална, многу активна и живо се сеќаваше за настаните во минатото.

Таа беше една од помагачите на македонските православни цркви „Св. Климент Охридски“ во Торонто и „Св. Илија“ во Мисисага. Нејзината помош, особено на црквата „Св. Климент Охридски“, беше од огромно значење, а нејзината хуманост, чесност и самопрегорност претставуваа пример и за другите Македонци во Торонто и пошироко во прекуморските земји.

Баба Петра присуствуваше речиси на сите црковни и национални празници што се одржувале во црквата „Св. Климент Охридски“. Тој убав, монументален црковно-културен македонски центар, беше вториот нејзин дом. Таа помагала при црковните богослужби, а со лични средства учествувала во сите акции што имале црковен и културен карактер.

Во оваа пригода, треба особено да се одбележи дека баба Петра е дарител на голем број подароци, меѓу кои на црквата „Св. Климент Охридски“ има подарено шандани, позлатени кандила и лустери со поголема вредност, додека на црквата „Св. Илија“ од Мисисага, само при една акција за собирање помош, баба Петра подарила 1.500 долари.

 1kan14

„Свети Климент Охридски“ во Торонто 

Во разговорот  Петра Клашева не информира дека е дарител на 2.700 канадски долари како помош за доизградба на Соборната црква „Свети Климент Охридски’ во Скопје Средствата ги донирала кај Одборот во црквата во Торонто. Исто така чек од 1.000 канадски долари баба Петра испратила преку својата пријателка Сандра и и нејзиниот сопруг Јосиф Ничевски да го донесат во Македонија. Чекот беше предаден на покојниот поглавар на Македонската православна црква, Архиепискотот Ангелариj и митрополитот Кирил во јуни 1985 година.

На средбата гостите од Канада Сандра и Јосиф и митрополитот Кирил кој лично ја познаваше Петра Клашева и авторот на овие редови беа срдечно примени од поглаварот Ангелариј, кој даде благослов и се заблагодари на Петра Клашева од Торонто, посакувајќи ù добро здравје и среќа.

Пограварот Ангелариј беше информиран дека примерот на баба Петра за донирање на средсва на македонските православни цркви во Торонто и Македонијае  е поттик за други донатори. Нејзиното дело е големо и не е осамен туку го следат и други Македонци ширум светот кои работат за доброто на Македонската православна црква и на македонскиот народ 

Продолжува 

1slave 1 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Дијаспора

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

Академик Ферид Мурат – американски нобеловец и пријател и Македонија

Академикот Ферид Мурат е познат лекар и фармацевт во Соединетите Американски Држави. Најголемиот дострел на полето на науката го постигнал во 1998 година, кога ја добил Нобеловата награда за физиологија и медицина. Тој е роден во Вајтинг, Индијана, мајка му е Американка родена во Алтон, Илиноис, а татко му е Албанец од село Лакавица, Гостиварско. […]

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

To top