Дијаспора

ИСПОВЕД НА БРАНКО РИСТОВСКИ (ГРЕЖЛОВСКИ) ОД ДЕТРОИТ ЗА ДЕДО МУ ЕФТИМ ЈУНАКОТ ОД ЉУБОЈНО (4)

2griz2

2griz2ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА МАКЕДОНСКИТЕ ПЕЧАЛБАРИ ОД  ДОЛНА ПРЕСПА 

Бранко Ристовски (Грежловски) од Љубојно, Преспа кој долги години живее во Детроит и Флорида во Соединетите Американски Држави, во исповедта во скромното издание за дедо му Ефтим Ристов Гржлов, чиј уредник и издавач е неговиот  братучет Славе Катин (Грежловски), го напиша следнoто:

Се раскажува меѓу селаните во Преспа дека во тој период, особено по Илинденското востание, токму во периодот кога дошол дедо Ефтим од Америка, било опасно за печалбарите. Имено, во тој период низ Македонија имало голем број крадци, разбојнички банди, така наречени арамии, кои ги уценувале печалбарите.

Еден од нив бил и Љуман арамијата, за кој писателот Мето Јовановски од Брајчино, ќе напише и литературно дело, опишувајќи ги настаните, состојбите и последиците на тешкиот живот на Македонците, не само во Преспа каде владеело безвластие и населението не било заштитено и страдало од разбојничките банди.

За оваа трагична судбина во Преспа и пошироко, Бранко забележува: Штетите што му се нанесени на Љубојно и околните села не се само материјални: арамиите краделе стока, пљачкосување на домови, уценување и слично. Најтежок бил зулумот во човечки животи. Поголем број жители од преспанскиот крај паднале како жртви на арамиските злочинци.

Еден од оние кој бил жртва на разбојничките банди, односно арамиите бил дедо Ефтим. Имено, арамиите ги чекале печалбарите кои, патем да кажам дека доаѓале пешки, со коњи или коли од Битола, последната нивна станица, до нивното родно место. Арамиите имале свои кодоши и ги знаеле печалбари од кое место се.

Потоа, тие им земале некој член од фамилијата и ги уценувале да платат големи суми пари за откуп, или, пак, ги застанувале оние кои доаѓале од печалба и со закана им ги земале парите. Всушност арамиите имале свои луѓе наречени јатаци преку кои ги вршеле сите уцени и нечесни работи. Тие биле верзирани во таа работа и ги уценувале селаните, се додека не го добиеле откупот за членот од фамилијата кој бил држен во скривалиште од арамиите.

2griz23Бранко со другарите во САД   

Инаку арамиите биле претежно арнаутрски орди – некогаш како одметници од централната отоманска власт, а имало и од некои други националности, главно од Битолскиот вилает. Злосторствата што се вршеше од арамиите често биле поттикнати, нарачани или толерирани од соседите. Во тоа време печалбарите биле на удар, бидејќи ги носеле своите пари, својата крваво заработена печалба во златници (наполеони), средство за купување имот, стока и друго. 

Кога дошол дедо Ефтим од Америка, веднаш се дознало дека донел многу пари. Тогаш арамиите стапиле на сцена и му побарале пари во вид на откуп, за да не му земаат некој член од фамилијата. Бидејќи дедо Ефтим не се плашел од арамиите, им одговорил  дека пари не дава и дека не се плаши од никого. Уште им пратил абер дека секој кој бил маж и имал храброст бил добредојден и можел да оди кај него, зошто тој давал пари од неговиот бел пиштол. Како што многумина раскажувале  дедо Ефтим од ништо не се плашен;. ниту од ѕвер, ниту од човек, затоа толку смело, па и малку дрско им  испратил абер на арамиите.

Во тие немирни години, семејството Грежловци имало големо стадо овци и друг добиток, како и две многу големи и опасни кучиња.. Кичињата ги препознавале членовите на семејството и се однесувале пријателски кон нив. Но, суштински тие биле вистински чувари на стоката, особено на стадото овци и никој не можел да дојде или да се добери до стадото и имотот во местото викано „Колибите“.

Ова место кое се наоѓа на околу еден километар на источната страна од Љубојно, во пазувите на планината го добило тоа име токму од причина што таму имало колиби во кои фамилијата Грежловци ја чувале стоката. И денес четворицата браќа имаат големи површини земја во Колибите.

Кога арамиите разбрале дека Ефтим не давал пари за нив, тие почнале да го следат со цел да го фатат на некое погодно место и да му ги  земат пари. За среќа дедо Ефтим бил лукав, паметен и добро го познавал теренот, затоа било тешко за арамиите да го најдат во некој тесен простор и да го фатат. Од тие причини поминало многу време, а арамиите не можеле да го фатат. Тогаш и арамиите се послужиле со итрина и еден ден му направиле заседа.

Според зборовите на баба ми Митра, дедо Ефтим имал луѓе помошници, или како во тоа време ги викале момоци. Тие им ја напасувале и се грижеле за стоката, како и при враќањето од паша ги молзеле овците и кравите и го складирале млекото во посебни врчви, за потоа да прават сирење. Исто така, тие се грижеле за трлата и за целиот имот во „Колибите“. За тоа биле добро наградувани од дедо Ефтим, а за возврат тие  многу ревносно ја вршеле својата работа и со респект се однесувале кон дедо Ефтим и кон целата фамилија.

Во оваа пригода сакам да ја опишам средбата со момоците кои биле од селото Штрково, Леринско, Егејска Македонија, село кое се наоѓа во непосредна близина на границата  на македонската земја што е под Грција. Уште како детиште, веројатно  во седумдесетите години од минатиот век, ни беше дозволено да остваруваме гранични средби со нашите собраќа од другата страна на границата. Ние често одевме во селата Раби, Герман, Нивици и други села во Долна Преспа, со што се отвори пат на приближување и обновување на родбинските врски на Македонците од двете страни.

Во времето кога немало граница, таму кај Горица, недалеку од селото Долно Дупени, се правеле по три – четири свадби во еден ден, се играло се пеело, луѓето се веселеле, а имало и фудбалси натпревари. Така ми кажуваше татко ми Ефтим. За жал тоа останало само во спомените на постарите генерации како едно минато на Македонците од Долна Преспа.

Кога за прв пат со татко ми и со мајка ми бевме на една погранична средба во селото Штрково, видов дека Македонците во Долна Преспа, за голема жал се плашеа да зборуваат на својот мајчин македонски јазик. Тоа се случуваше во цела Егејска Македонија, а под притисок за однародување на Македонците од страна на грчките власти. Во селото го побаравме  нашиот роднина кој многу таинствено ни пријде и ни кажа дека е тој човекот кој бил помошник (момок) на дедо Ефтим и веднаш не поведе во неговиот дом, Човекот беше љубезен, гостопримлив и разговорлив. Во текот на нашиот престој во неговата куќа, тој изворно ни ја раскажа прикаската за убиството на дедо Ефтим.

Според раскажувањето на роднината кој бил момок во нашето семејство, кога дошле арамиите во местото „Колибите“, кучињата се вознемириле, почнале да лаат и веднаш тргнале кон местото од каде доаѓале луѓе. Меѓутоа дедо Ефтим мислел дека се приближуваат момоците и затоа им свирнал на кучињата, а тие послушно на стопанот веднаш застанале на местото каде што се нашле. За жал луѓето кои се приближувале кон местото каде бил дедо Ефтим не биле момоците туку арамиите. И кога тој видел дека направил грешка со кучињата, не му преостанало ништо друго туку почнал да бега на кај запад, кон нивата на Ложенковци која била засадена со р’ж.

2griz24Спортисти од Љубојно, меѓу кои е и Бранко

Таму во високата р’ж пробал да се сокрие, но бил забележан од арамиите, од кои еден го чекал во заседа токму на тоа место. Кога дедо ми го забележал арамијата, почнал да пука со пиштолот и смртно го погодил непријателот. Потоа дедо Ефтим продолжил да бега низ нивите и за многу скоро време си дошол дома. За да не бидат забележани, двајцата арамии кои останале живи го кренале мртвото тело на нивниот отепан другар и заминале во непознат правец. 

Продолжува

Пишуваат:

1slav2Бранко Ристовски (Грежловски)        

1slave 3Славе Катин (Грежловски) 

Најново од: Дијаспора

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

Македонците во Њујорк го кренаа знамето среде дожд и невреме за 35 години независност

Можат да се обидуваат да нè избришат. Но, и во еден ваков бурен и мрачен ден… ние сме тука. Над сто Македонци и пријатели на Македонија се собраа во срцето на Њујорк, покажувајќи дека љубовта кон татковината е посилна од дождот и невремето. На 26 септември 2026 година, и покрај дождот и силното невреме што […]

Никола Тесла – светски научник чии пронајдоци ја променија модерната цивилизација

Големиот научник Никола Тесла се почитува и слави и во Хрватска и во Србија и во Соединетите Американски Држави и во целиот свет. Тоа го потврдуваат современите проучувачи на ликот и делото на Никола Тесла, кои го нарекуваат “Човекот што го измислил дваесеттиот век“ и “светецот – заштитник на модерниот електрицитет.“ Никола Тесла беше научник, […]

Вратени 16.952 текста објавувани од 2009 до 2026 година на порталот „Македонска нација“

Зачуван е најголемиот дел од богатата архива на порталот — текстовите повторно се достапни за читателите, а со нови материјали продолжуваме да го збогатуваме македонското историско и културно наследство. Во април 2026 година порталот „Македонска нација“ стана недостапен. Не знаеме со сигурност дали стануваше збор за хакерски напад или за друг проблем. За да продолжиме […]

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

To top