Дијаспора

ПОЗНАТИ ЛИЧНОСТИ ВО ИСЕЛЕНИШТВОТО (17)

1lu1

1lu12345

ЛУ (ИЛИЈА) ВЛАШО – АМЕРИКАНСКИ БИЗНИСМЕН И ПОЧЕСЕН КОНЗУЛ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА МАКЕДОНКИТЕ ВО САД 

Бизнисменот Лу Влашо иако е роден Американец, меѓутоа, неговата љубов кон прадедовската земја-Македонија е голема и е вкоренета од воспитувањето што го добил од неговите македонски родители кои го напуштиле родното село Брезница, Леринско и емигрирале во САД, големата земја, за подобри можности за своето семејство. 

Лу – Илија, како родителите и блиските роднини го викаа, има огромна љубов кон Македонија, со што неговиот позитивен став и подготвеност е да помогне на неговата дедовска земја. Тоа особено го прави преку Хуманитарната организација „Хабитат“, која работи многу успешно во Македонија.

Тој е почесен член на одборот на „Хабитат за хуманост во Македонија“, кој обезбедува едноставни, пристојни и достапни решенија за домување за оние кои живеат во сиромаштија. Благодарение на заложбите на Лу Влашо, во 2008 година, округот Колиер (Флорида) „Хабитат за хуманост“ потпишал партнерство со „Хабитат за хуманост“ од Македонија.

Инаку, „Хабитат-Македонија“ е невладина и непрофитна организација посветена на обезбедување едноставни, пристојни и пристапни решенија за живеалишта на оние што живеат во услови на сиромаштија, без разлика на нивната етничка, полова и религиозна припадност. На тој начин тие им овозможуваат напуштање на условите на сиромашна животна средина и подобрување на квалитетот на нивниот живот.

На оваа група сиромашни лица „Хабитат-Македонија“ им обезбедува експертиза за градба како и градежни материјали што ќе им овозможи поседување на сопствено живеалиште по отплаќањето на бес каматниот кредит.

Во настојувањето да го збогати и подобри животот на сиромашните, т.е. нивниот партнер – семејства и нивните заедници, сите здружени во оваа мисија се водени од четири суштински вредности – Посветеност, Почитување, Интегритет и Надзорство (грижа).

1lu12Лу Влашо со неговиот пријател Борис Трајковски

Лу Влашо (Lou Vlasho) е роден Американец, но Македонец по потекло од селото Брезница, Леринско, во егејскиот дел на Македонија. Тој е интелектуалец, бизнисмен, хуманист, познат и признат во американското општество, како и почесен конзул на Република Македонија за Флорида. Тој е познатиот Американец кој даде значителен придонес за македонската каузи и го посвети својот живот во служба на човечкото општество.

Селото Брезница од каде му се корените на семејството на Лу – Илија, како родителите и блиските роднини го викаа. Тоа се наоѓа на околу четириесетина километри на западната страна од Лерин кон албанската граница. Тоа е чисто македонско село и е на северозапад од селата Смрдеш и Б’мбел, недалеку од градот Билишта во Албание. Во него имало 120-тина куќи, кои, за жал денес се празни зјапаат и зборуваат за големата тага на Македонците од Брезница кои од многу причини се преселиле за секогаш во различни земји по светот.

Лу Влашо, пак, е роден на 26.05.1937 година во Кентон, Охајо. Тој е син на Зозо Е. и Атина (Тина од фамилијата Малта). Лу Влашо со сопругата Јан ги имаат децата: Винсент Тод Влашо и Стивен Луис Влашо. Инаку, Кентон, каде Лу Влашо е роден и го помина своето детство e сместен на околу стотина километри јужно од Кливленд и триесеттина километри јужно од Акрон во североисточен Охајо. Според пописот во 2010 година, бројот на населението бил 73.007, со што Кантон според бројот на жители е осми меѓу градовите во Охајо.

Кентон е главно познат по тоа што 25-тиот американски претседател Вилијам Мекинли ја спроведе познатата кампања, што го освои претседателството во Соединетите Американски Држави на изборите во 1896 година. Исто така, градот е познат по Националниот меморијал центар „Мекинли“ и Претседателската библиотека и музеј „Вилијам Мекинли“, кои го одбележуваат неговиот живот и претседателствување. Кантон бил избран и за Националното историско место на Првите дами, главно, во чест на неговата сопруга Ида Сакстон Мекинли.

1lu1390Лу Влашо – почесен конзул на Република Македонија

Лу Влашо го завршил своето образование во неговиот роден град Кантон и дипломирал Сметководство на Универзитетот Охајо во Охајо, лоциран во местото Атина Охајо, во 1959 година. Во својата кариера имал различни позиции за управување со финансии и управување со системот „Хобарт Корпорацијата“, Троја, Охајо, 1959-1982, а бил потпретседател и контролор од 1982-1984 година. Бил помлад потпретседател на „Голд Бонд, АД, Грин Беј“, во Висконсин од 1984-1986година. Потоа бил уредник на „Водичот за сметководствено управување“ во 1983 година. Инаку, во политиката, тој а член на Републиканската партија, а по религија припаѓа на Методистичкта христијанска црква и голем познавач  на Библијата. Како и на Стариот и Новиот Завет.

Во период од педесетина години Лу Влашо бил на високи позиции во бројни компании и различни организации во повеќе држави на САД. Во исто време Влашо бил силен поборник за независноста на Македонија . Меѓу другото, тој помогна во олеснување на програмите за стипендии на Универзитетот во Охајо, кои им овозможија на бројни македонски студенти, кои добија стипендија, во САД. која донесе бројни македонски студенти кои добија стипендии во САД. Неговата визија за менторство на овие студенти помогна тие да се интегрираат во американското општество и да бидат еден вид амбасадори за Македонија.

Иако, тој го посвети најголемиот дел од животот на неговата кариера и служба во американската заедница, тој никогаш не ја заборави татковината на своите родители – Македонија. Затоа, Лу Влашо беше силен поборник за независност на Македонија, признание по државата што прогласи независност и патот кон членството во НАТО.

Лу Влашо како методист по религија беше близок пријател на починатиот македонски претседател Борис Трајковски исто така методист. Тие како религиски истомисленици помогна во ширењето на визијата на Претседателот за Светската конференција за градење дијалог меѓу религиите во Македонија и во светот, која трае до денес. Повеќе од една деценија, Влашо беше активно вклучен во Годишниот национален молитвен појадок (НПБ) во Вашингтон, Д.Ц. и беше инструмент во воспоставувањето на Појадокот за гостите од Балканот. Заедно со неговиот личен пријател и поранешен сенатор од Охајо, George Воинович, тој беше ко-претседател на овој сега годишен ручек, на кој присуствуваат над 100 лица годишно од Балканот.

Во знак на благодарност на Лу Влашо за неговиот ангажман за работата и напредокот на македонската кауза, Владата на Република Македонија го назначи за почесен конзул на Република Македонија во Соединетите Американски Држави во 2007 година. Почесниот конзулат беше отворен во Нејпл, Флорида, во февруари 2008 година. Таа е годината во која Лу Влашо беше награден со специјалниот крст на „Свети Станислав“ за добротворни услуги.

Исто така, Лу Влашо е почесен член на Советот на организацијата „Обединета македонска дијаспора“ (ОМД), за неговиот придонес, особено помагајќи во развојот на првиот пратеник на Конгресменската пратеничка група за Македонија и проширување на македонско-американците односи, како и добивање на потребната поддршка од Конгресот за членство на Македонија во НАТО.

Во податоците во историјата на Лу Влашо  е забележано дека неговата прва сопруга починала по триесет и осум години брачен живот.

По смртта на неговата сопруга Џанет, Луј се сретнал со неговата втора сопруга Патриша (Пети), позната американска активистка на хуманитарен и општествен план. Патриша и Луј се личности за почит и пример. Тие се гостоприемвливи, разговорнии и многу се интересираа за состојбите во Македонија, особено за Егејска Македонија.

Лу Влашо е жител во Нејплс од 1989 година. Таму престојува со сопругата Патриција (Пети), во заливот Пеликан, на Флорида, а од скоро време се преселија во центарот на градот. Лу и Патриша се членови на Обединетата методистичка црква на Северен Нејплс.  Лу има два сина, Винс кој е дипломиран на поморската академија на Соединетите држави, а во моментов живее во областа Вашингтон со сопругата Џери двете ќерки, Меган и Алексис, а другиот син Стив, дипломиран на Државниот универзитет во Охајо, кој живее во областа на Лос Анџелес со неговата сопруга и двата сина Џексон и Рикер. Ќерката, пак,  на Патриша, Ерика, живее во Њујорк со својата ќерка Бритиани.

За авторот на овој текст Славе Катин ќе остане во сеќавање средбата со Луј Влашо во ресторанот „Вергина“ (Кутлеш, Палатица) во Нејплс, во хотелот на кој пред повеќе години менаџер беше токму Луј Влашо, кога и за прв пат се сретнаа. Хотелот е еден од интересните објекти и се наоѓа во центарот на градот, на главната улица, а ресторанот „Вергина“ е дел од луксузниот хотел на македонскиот бизнисмен Ристо Гуштеров. Во ресторанот на еден од ѕидовите е насликата битката на Ис, каде Александар Македонски (Велики) ја извојува голема победа против персискиот цар Дариј. Ресторанот бил крстен по македонското 16-крако Снонце од Вергина.

Таа средба со Џорџ Атанасовски во „Вергина“ пред десет години, беше во македонски амбиент под македонското сонце, кога се договоривме со бизнисменот Атанасоски  да напишам монографија за неговиот живот и дело во САД и во Македонија.

Според договорот јас подготвив две изданија на професионални монографии кои се лика и прилика за најзначајните дела што овој бизнисмен ги постигнал на сите полиња. Истовремено монографиите се огледало за него и гордост за Македонија исполнети со материјали од античко до денешно време. Сличен, или идентичен разговор во истиот ресторан водев и со Луј Влашо.

Втората средба со Лу Влашо беше пред две години повторно во ресторанот „Вергина“. Всушност бевме договорени да се сретнеме со Лу Влашо, со Џорџ Атанасоски и неговата Марија, како и со поранешниот директор на списанието „Македонско сонце“, Елизабета Андоновска. Средбата беше многу срдечна, пријателска, македонска. Разговаравме за многу работи кои се однесуваат на збиднувањата, напредокот и иднината на македонските иселеници, македонската вистина и за Македонија.

По разделбата со Џорџ Атанасоски, ние со Луј појдовме во неговиот дом кој се наоѓа во непосредна близина на хотелот „Хилтон“, каде јас престојував неколку дена. Во луксузната вила на Лу се сретнав со неговата сопруга Патриша, позната американска активистка на хуманитарен и општествен план. За Патриша (Пети) и Луј со право се вели дека тие се личности за почит и пример од кои можат и треба да се огледаат и други Американци од македонско потекло.

Продолжува 

 1slave 1 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Дијаспора

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

Академик Ферид Мурат – американски нобеловец и пријател и Македонија

Академикот Ферид Мурат е познат лекар и фармацевт во Соединетите Американски Држави. Најголемиот дострел на полето на науката го постигнал во 1998 година, кога ја добил Нобеловата награда за физиологија и медицина. Тој е роден во Вајтинг, Индијана, мајка му е Американка родена во Алтон, Илиноис, а татко му е Албанец од село Лакавица, Гостиварско. […]

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

To top