Дијаспора

НАШИТЕ МАКЕДОНСКИ КОРЕНИ ОД АНТИЧКИОТ ПЕРИОД ДО ДЕНЕС (19)

4.0.6

1cas12

НИКОГАШ НЕ ТРЕБА ДА ГИ ЗАБОРАВИМЕ НАШИТЕ МАКЕДОНСКИ КОРЕНИ

Во многу документи е запошано дека во богатата историја на Европа тешко е да се најде народ каков што е македонскиот, кој имал толку многу превирања со своето национално конституирање. Тешко е во светот да се најде друг народ кој имал и толку бурна историја. Затоа често се вели дека на многу народи судбината им била историјата, а на Македонецот историјата му била судбина

Македонскиот народ на Балканот на кој најдоброто оро му е античкото оро, кое се вика “Тешкото”, објективно и не можел да има поинаква судбина и минато. Македонија не само што отсекогаш била на сечилото на многуте мечеви и јатагани, сабји и ками, туку во неа се судрувале и прекрстувале многу различни култури. И ако токму таа Македонија, всушност била и е лулка на цивилизациските средишта како една најстара цивилизација.

Македонија е земја на премрежја, но и земја на убавини, земја на мистерии и опстој, каде што силните луѓе преживеале војни, глад, освојувачи, навреди, империи, притоа зачувувајќи ја волшебноста на своето име. Од величествените времиња на Филип и Александар Македонски, преку римските и византиските владеења, преку големите миграции на Словените на југ и потпаѓањето под Отоманската империја, Низ овој долг и богат временски период само два народа го избрале името на оваа земја за нераздвоен дел на својот идентитет – древните Македонци и Македонците денес, а тоа претставува силна врска која датира од пред милениуми, укажувајќи на посветувањето на овие народи на својата библиска земја етничка Македонија.          

Затоа, нашата порака е дека никогаш не треба да ги заборавиме нашите македонски корени, кои сме и од каде сме дошле, и секогаш да живееме со надеж и да знаеме дека ќе имаме подобро утре. Тоа го велиме бидејќи Македонија е нашата родна земја. Таа е нашата дедовска земја чија географската положба ја прави крстосница на различни цивилизации, религии, традиции и обичаиЗатоа се вели дека Македонија е библиска, света земја. Таа со својата древност и милениумска вековитост е гордост, радост и тага, сон и јаве за секој Македонец.

Не случајно на многу трговци и каравани тука им поминувале патиштата, а за многу воени експедиции, војски, победници и поразени таа била многувековен мегдан. Тоа значи дека секој камен, секоја грутка црна земја, секоја река и планина, зборуваат за бурната историја на Македонија. И денес Македонија се’ уште во себе крие многу тајни од минатото, кои, веројатно ќе бидат предизвик за наредните генерации. 

1cas123

Карта на Македонската Империја на Александар Македонски

За судбината и историскиот развој на Македонија, од античко време до ден-денес, пишувале голем број странски и домашни автори. Некои се обиделе да ја искриват македонската сторија, а некои лесно ги презентираат историските факти за Македонија и македонскиот народ.

Таа е земјата со чие име уште во античките времиња се означувала  малата покраина во непо­сред­на близина на Пела во Егејска Македонија – престолнина на Античкото македонско царство. Во тоа време Македонија го опфаќала просторот меѓу денешното исушено Пазарско Езеро и долниот тек на Вардар. Но, со проширувањето на границите на Македонското царство, постепено пораснала и областа означена со името Македонија, која античките Македонци ја делеле на Горна и Долна Македонија, пред с#, заради нејзините географски карактеристики на просторот. Сепак, таквата поделба на Македонија има политичко, културно, воено и административно значење.

Географската положба на Македонија ја прави земјата да биде крстосница помеѓу Истокот и Западот. Поради тоа, не случајно, сите воени и разни други експедиции морале да минат преку неа, како и трговските врски, се разбира, заедно со различните култури и влијанија. Тоа значи дека секој камен, секоја грутка црна земја, секоја река и планина, зборуваат за бурната историја на Македонија, која и денес се’ уште во себе крие многу тајни од минатото.

Инаку, Македонија како географски регион го зафаќа средишниот дел на Балканскиот Полуостров, просторот што е заграден на север со планините Шар Планина, Скопска Црна Гора, Козјак, Осогово и Рила, а на југ со реката Бистрица и брегот на Егејското Море, до утоката на Реката Места, Бигла и вододелниците на младонабраните планини Кораб, Јанбланица, Грамос и Пинд ја заградуваат Македонија од запад, а од исток реката Места и западндите делови на планината Родопи. Во овие граници Македонија зафаќа простор од 67.741,2 квадратни километри, од кои Република Македонија денес зафаќа  75.441 квадратни километри, егејски дел на Македонија зафаќа 34.153 и пиринскиот дел зафаќа 8.147 квадратни километри. 

1cas124

Почнувајќи од IV век па наваму кристијанството преовладува како религија на овие простори. Тоа го потврдуваат археолошките откритија и бројните христијански цркви, епископални катедрали, базиликите, крстилниците и другите сакрални објекти со големи димензии, кои покажуваат дека христијанството длабоко се закоренило и добро се организирало во Македонија од самиот почеток до денес.

Во последните неколку децении, Македонската православна црква-Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) била, е и веројатно, ќе биде цел на дискусии, полемики, расправии, па и напади на црковни­те институции на соседните земји и пошироко, коишто настојуваат да го спречат и одол­жат нејзиното влегување во семејството на рамноправните црковни организации во пра­вославието. Притоа, се чинат обиди да се оспорат и историските канонски темели на целокупниот живот на Македонската православна црква. 

Втората светска војна овозможи Македонците да се здобијат со суверена држава, со национални институции и културна комуникација со светот. Македонскиот јазик стана официјален јазик на Република Македо­нија, познат и признат во светски рамки. Се изучува на многу универ­зитети во светот и придонесува за ширење на вредностите на македон­ската култура и нивно вклучување во ризницата на светската култура.

Факт е дека денес, и по меѓународното признавање на Република Македонија и нејзиното зачленување во Организацијата на Обединетите нации, и натаму се негира автокефалноста на Македонската православна црква.

Во притисоците, изолаци­ја­та и негирањето на Македонската православна црква и на нејзиното легитимно постоење, е ангажиран голем дел од пропагандната и медиска машинерија, која има за цел да ги искривува и премолчу­ва историските факти од минатото и од сегашноста, а тоа се прави со намера да се до­ве­дат во прашање основните обележја на православниот македонски народ, неговиот црко­вен организам и неговата вистина, како народ кој постои со векови, го чува право­славието да има самостојна, суверена и независна држава – Репуб­лика Македонија.

Продолжува

1slave 1 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Дијаспора

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

Македонците во Њујорк го кренаа знамето среде дожд и невреме за 35 години независност

Можат да се обидуваат да нè избришат. Но, и во еден ваков бурен и мрачен ден… ние сме тука. Над сто Македонци и пријатели на Македонија се собраа во срцето на Њујорк, покажувајќи дека љубовта кон татковината е посилна од дождот и невремето. На 26 септември 2026 година, и покрај дождот и силното невреме што […]

Никола Тесла – светски научник чии пронајдоци ја променија модерната цивилизација

Големиот научник Никола Тесла се почитува и слави и во Хрватска и во Србија и во Соединетите Американски Држави и во целиот свет. Тоа го потврдуваат современите проучувачи на ликот и делото на Никола Тесла, кои го нарекуваат “Човекот што го измислил дваесеттиот век“ и “светецот – заштитник на модерниот електрицитет.“ Никола Тесла беше научник, […]

Вратени 16.952 текста објавувани од 2009 до 2026 година на порталот „Македонска нација“

Зачуван е најголемиот дел од богатата архива на порталот — текстовите повторно се достапни за читателите, а со нови материјали продолжуваме да го збогатуваме македонското историско и културно наследство. Во април 2026 година порталот „Македонска нација“ стана недостапен. Не знаеме со сигурност дали стануваше збор за хакерски напад или за друг проблем. За да продолжиме […]

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

To top