Дијаспора

Нова Книга: „Labyrinth of Truth“ – „Лавиринт на вистината“ од Оливера Јовановска

20211102

20211102

Нова Книга: „Labyrinth of Truth“ – „Лавиринт на вистината“ од Оливера Јовановска

Неодамна во издание на Литературното друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј излезе од печат на англиски јазик најновото прозно дело „ Labyrinth of Truth “ – „Лавиринт на вистината“ на поетесата и писателка Оливера Јовановска од Мелбурн, Австралија. Ова прозно дело беше објавено на македонски јазик во јули ова година и поради големата заинтересираност и кавалитетот на романот, авторката одлучи романот да го објави и на англиски јазик за пошироката читателска публика. Рецензент на романот е писателот Александар Донски.      

Резенцентот Донски ќе забележи дека романот првенец на Оливера Јовановска „Лавиринт на вистината“ „претставува интересно четиво во кое дефилираат различни карактери кои во различни животни периоди се составен дел од околината на централниот лик на романот Ели. Авторката на овој роман успешно ги обработила и претставила карактерните особини и психолошкиот профил на најважните експоненти во делото преку убедливо обработените меѓусебни сложени интеракции. Користи шеги, интриги, стари, поучни поуки, создава и оживува сцени, измислува места на дејства кои пластично ги елаборира за да биде романот интересен и занимлив за читателот“.

Целото дејствие на романот се врти околу ликот на главниот јунак, Ели, кој се следи уште од најраното детство, па сѐ до возраста кога постанала мајка на три сина, и до моментот кога ја запознава висинската љубов од нејзиниот живот. Ели е дете на разведени родители. Кога бракот се распаднува, двајцата парнери патат секој на свој начин, но децата патат повеќе – не добиваат подеднаква љубов од двајцата родители и поради тоа чувствуваат празнина не само во својата душевна наградба туку и од празнината која ја носат секојдневно со себе: на училиште, кога играат со другарчината, кога играат спорт, ја доживуваат првата љубов… Ели пати за мајчина нежност, иако до некаде ја добива од својата маќеа, но секако за неа тоа не е доволно и затоа се создава емотивна празнина што ја прави ранлива, што ја следи низ нејзиниот живот. Таа празнина се пополнува, во случајот со Ели, од нејзината баба Косана, која постојано ја учи на вредностите од христијанската вера и ја советува со старински мудрост,  кои подоцна ќе и помогнат како возрасна личност. Но и соседите имаат улога да ја заштитуваат како и нејзините другарки емоцијално да бидат со неа.

По долгата и мачна судска бракоразводна расправа нејзиниот татко го добива старателството, и Ели се наоѓа во лавиринти на  искушенија: детство без мајка, доживување и разочарување од првата љубов, преселба во Aвстралија, склучување брак, постанување мајка, развод, менаџирање на успешен бизнис и повторно заљубување… Тоа е тркалото на животот на Ели…македонската „Пепелашка“ која конечно го наоѓа својот „принц“ со кого (како во приказните) до денес живее во среќен брак.

Авторката Оливера Јовановска, според Донски, често користи архаизми, спомнува стари адети, народни мудрости и поуки најчесто искажани од устата на бабата Косана, па така како традиција низ генерации останале да се пренесуваат. Истовремено авторката успешно го доловува духот на моралните вредности (почит кон постарите и сл.). Авторката од неколку аспекти ја опсервира и разбира (како педијатар) психичката состојба на децата кои израснале во брак на разведени родители.

Пред нас се наоѓа  дело кое освен занимливиот и возбудлив наратив нуди и сериозни психолошки опсервации на опишаните ликови, кои можат да бидат од корист за секој читател. Вреди да се прочита овој роман кој се нуди на македоснки и англиски јазик и да се тргне по овој лавиринт кој со една или повеќе случки ќе допре до вас и ќе ве потсети на дел од вашиот живот.

Инаку Оливера е родена во Битола и живее во Мелбурн од 1986 година. Таа е автор на збирките поезија „Неостварена љубов“ (2020) и ,,Магични Љубовни Зборови“ (2021). Повеќе пати била наградувана за поезија и проза на конкурсот за Прличева награда од МЛД „Григор Прличев“ од Сиднеј, а оваа година доби трета награда на Интернационалната поетска манифестација „Сплоти се Македонијо“. Некои од нејзините песни се интерпретирани од познати македонски интерпретатори.

Честитки за Оливера за нејзиното најново прозно дело „Labyrinth of Truth“ „Лавиринт на вистината“. Доколку некој има желба да го добие ова дело (на македонски или англиски јазик)  и да стапи во контакт со писателката Оливера, јавете се на следниот емаил:
Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

 1Dusan Ristevski Душан Ристевски-Македон

Најново од: Дијаспора

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

Македонците во Њујорк го кренаа знамето среде дожд и невреме за 35 години независност

Можат да се обидуваат да нè избришат. Но, и во еден ваков бурен и мрачен ден… ние сме тука. Над сто Македонци и пријатели на Македонија се собраа во срцето на Њујорк, покажувајќи дека љубовта кон татковината е посилна од дождот и невремето. На 26 септември 2026 година, и покрај дождот и силното невреме што […]

Никола Тесла – светски научник чии пронајдоци ја променија модерната цивилизација

Големиот научник Никола Тесла се почитува и слави и во Хрватска и во Србија и во Соединетите Американски Држави и во целиот свет. Тоа го потврдуваат современите проучувачи на ликот и делото на Никола Тесла, кои го нарекуваат “Човекот што го измислил дваесеттиот век“ и “светецот – заштитник на модерниот електрицитет.“ Никола Тесла беше научник, […]

Вратени 16.952 текста објавувани од 2009 до 2026 година на порталот „Македонска нација“

Зачуван е најголемиот дел од богатата архива на порталот — текстовите повторно се достапни за читателите, а со нови материјали продолжуваме да го збогатуваме македонското историско и културно наследство. Во април 2026 година порталот „Македонска нација“ стана недостапен. Не знаеме со сигурност дали стануваше збор за хакерски напад или за друг проблем. За да продолжиме […]

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

To top