Дијаспора

Георги Томов И НЕГОВИТЕ КОРЕНИ ВО МАКЕДОНИЈА (5)

1kar1

1kar1mk

Според биогравските податоци, Георги (Џорџ) Томов е роден во Струмица, Македонија, на 18 март, 1933 година. Во 1944 целото семејство Томови се преселува во Скопје каде Томов го продолжува своето образование, а 1952 матурира на средно-техничко училиште, шумарско-градежен отсек. Од 1953 до 54, Томов ја посетува школата за резервни официри во Задар, Хрватска

Корените на Георги (Џорџ)Томов од страната на татко му Иван водат до познатиот македонски град Крушево. Тоа е мало градче и место на  турбулентното минато на македонскиот народ. Тоа е сместено на Бушева Планина, на 1.250 м надморска височина, со што веројатно е највисокиот град на Балканскиот Полуостров, со околу 4.000 жители. Крушево е оддалечено само 30 км од Прилеп и околу  50 км од Битола, а е поврзано со асфалтни патишта.

Тоа е познато туристичко место со блага и пријатна клима што овозможува на туристите да имаат пријатен престој и во зимскиот и во летниот период. Во текот на летото буковата шума нуди извонредна рекреација, а во текот на зимата, пак, има идеални терени за скијање.

Во македонската национална историја Крушево е забележано како средиштен на првата Република на Балканот-Крушевската Република прогласе на 2 август 1903 година, кога македонските востаници во текот на познатото Илинденско востание, го ослободија Крушево и востановија своја власт со Претседател на Републиката. Таа постоеше само 13 дена, но остана во историјата како голема инспирација и поттик за македонскиот народ.

Покрај македонските православни цркви и манастири, во Крушево го свртува вниманието Градскиот мусеј со саркофагот на претседателот на Републиката, Никола Карев. Исто така, старата архитектура и другите споменици  заслужуваат посебно внимание.

Легендарниот Мечкин Камен со споменикот на востаниците на Питу Гули во Илинденското востание е во непосредна близина на Крушево, каде  секоја година се прославува Илинденското востание.

1kar12543Крушево

Георги (Џорџ)Томов, речиси целиот свој живот го помина во иницирање, организирање, воспоставување и во негување на македонската култура и во Соединетите Американски Држави и во бројни земји низ целиот свет во кои тој промовира добра волја и подобро разбирање меѓу различни етнички групи.

Неговите енергични настапи и учества во бројни културни настани, особено во целата Америка, Канада и Австралија, го направија омилен, почитуван и го зближија со други меѓународни експерти во истите или слични области, поттикнувајќи ги да учествуваат со поглема енергија и ентузијазам во меѓу-размената на фолклорот, народните ора и песни меѓу земјите  и народите.

Герги (Џорџ)Томов е роден во Струмица, Република Македонија, на 18 март 1933 година (почина на 5 август 2008 година), од татко Иван Ангелов Томов (1888) и мајка Анета Патарова (1896). Семејството Томови се состоело од четири деца: неговите сестри, Марија (1922), Загорка (1926) и братот Јанко (1938).

Неговиот татко дошол од Крушево, а неговата мајка била родена Струмичанка, од каде било нејзиното цело семејство. Таткото на Георги работел како патувачки претставник за една компанија за електрични апарати, а неговата мајка, домаќинка, понекогаш придонесувала во домашниот буџет со тоа што вршела презентации на машините за шиење “Сингер” во нивниот дом.

Иако таткото на Георги никогаш ниту играл ниту пеел, неговата мајка сакала да учествува во сите празници и свечености со народни игри и песни, кои отсекогаш биле голем настан во македонските заедници. Радиото и телевизијата требало допрва да се појават, така што во тие денови градските луѓе се собирале пред куќите на соседите да играат и пеат.  Како што се стемнувало луѓето носеле инструменти и следеле игри и песни.

Свечените игранки биле голем настан во младоста на Георги. И неговите сестри биле играорки и песнопојки. Во тоа време, во Македонија на младите жени не им било дозволено да излегуваат по заоѓање на сонцето без придружба. Бидејќи токму тој бил во улога на придружник, иако сеуште мал, народните игри и народни песни набргу го освоиле момченцето.

Сакал да гледа како другите играат и набрзо и тој, исто така, пеел и играл. Поради недостиг од доволно мажи, ‘побарувачката’ за неговата достапност продолжила да се зголемува, особено во игрите во двојка. Играњето во свечени сали било популарно во попладневните часови, но орото “Елено моме” му останало во извонредно сеќавање на Георги Томов како прво народно оро што тој го запаметил. Тоа се случило во Струмица каде го поминал детството, заедно со сестрите Марија и Загорка и со братот Јанко.

Георги (Џорџ)Томов, неговите две сестри Загорка и Марија, како и брат му Јанко се родени во Струмица, во ѕвездениот град, како е наречен овој карневалски центар во источниот дел на Република Македонија. Инаку, родниот град Струмица, под името Астрион (ѕвезден град), се среќава во првата половина на 6-от век, како еден од осумте градови на Римската провинција – Втора Македонија. Настанувањето на старовековна Струми­ца е сврзано со тврдината Цареви кули, чии остатоци и денес гордо се издигаат над градот.

Во Струмица се наоѓа и една од најстарите ранохристијански базилики на Балканот, врз чиишто темели подоцна е изградена црквата Свети 15 Тивериополски маченици. Црквата е изградена во чест на свети петнаесет Тивериополски свештеномаченици дојдени од Тивериопол (Мала Азија), според кој еден период и градот Струмица го носел името Тивериопол. Светите 15 Тивериополски маченици се патрони на градот Струмица и негови заштитници.

Традицијата и културата во Струмица се почитуваат и негуваат како трајни вредности и со посебно внимание. Посебен акцент се става на културниот живот и културното наследство и на спомениците на културата како инспиратори на денешниот богат општествен живот во градот. Веќе неколку децении,

Струмичката ликовна колонија е домаќин на многу познати ликовни творци од републиката и странство. На Струмичката театарска сцена и во рамките на одржувањето на театарот “Ристо Шишков”, со свои претставници се појавуваат врвни ансамбли, а богатството на фолклорот и песната во континуитет ни го прикажуваат постојните културно уметнички друштва.

Она што посебно ја одликува Струмица од останатите градови е познатиот Струмички карневал, за кој се зборува уште во патеписите на познатиот патеписец Евлија Челебија кој во 1671 година ја посетил Струмица во време на карневалот. Како карневалски град Струмица е членка на Интернационалното здружение на карневалските градови ФЕЦЦ. 

Поволната клима и плодната почва во струмичкиот регион претставуваат најголем стопански потенцијал, како еден од најактивните земјоделски региони на Балканот кој посебно се одликува со производството на раноградинарски култури. Посебно место во стопанисувањето на оваа општина зазема и текстилната и дрвната индустрија, експлоатацијата на неметална руда, како и трговијата.

Со појавувањето на приватната иницијатива, секојдневно никнуваат разни погони од прехранбената, хемиската, металопреработувачката и од другите индустрии. Денешна Струмица е современ град со изградена инфраструктура во сите сегменти на современото живеење.

1kar13534

Струмица

Инаку, Струмичката Котлина е сместена на крајниот југоисток на Република Македонија, веднаш под тромеѓето на меѓудржавните граници со Бугарија и Грција, а во нејзиниот западен дел и истоимената општина Струмица. Во оваа општина живеат 45.558 жители населени во градот Струмица, седиштето на општината, и останатите населени места Водоча, Велјуса, Рич, Баница, Попчево, Просениково, Белотино, Добрејци, Градско, Балдовци и Дабиле.

Струмичкиот крај со својата поволна клима и богата почва, одсекогаш бил погоден за живеење за што сведочат и остатоците од неолитска населба  (3000-5000 г.п.н.е.). Во почетокот на петтиот век пред нашата ера бил густо населен со тракиски (пеонски) племиња.

Продолжува 

1slave 3 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Дијаспора

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

Македонците во Њујорк го кренаа знамето среде дожд и невреме за 35 години независност

Можат да се обидуваат да нè избришат. Но, и во еден ваков бурен и мрачен ден… ние сме тука. Над сто Македонци и пријатели на Македонија се собраа во срцето на Њујорк, покажувајќи дека љубовта кон татковината е посилна од дождот и невремето. На 26 септември 2026 година, и покрај дождот и силното невреме што […]

Никола Тесла – светски научник чии пронајдоци ја променија модерната цивилизација

Големиот научник Никола Тесла се почитува и слави и во Хрватска и во Србија и во Соединетите Американски Држави и во целиот свет. Тоа го потврдуваат современите проучувачи на ликот и делото на Никола Тесла, кои го нарекуваат “Човекот што го измислил дваесеттиот век“ и “светецот – заштитник на модерниот електрицитет.“ Никола Тесла беше научник, […]

Вратени 16.952 текста објавувани од 2009 до 2026 година на порталот „Македонска нација“

Зачуван е најголемиот дел од богатата архива на порталот — текстовите повторно се достапни за читателите, а со нови материјали продолжуваме да го збогатуваме македонското историско и културно наследство. Во април 2026 година порталот „Македонска нација“ стана недостапен. Не знаеме со сигурност дали стануваше збор за хакерски напад или за друг проблем. За да продолжиме […]

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

To top