Дијаспора

ПРОМОЦИЈА НА ДЕЛА НА ДУШАН РИСТЕВСКИ – МАКЕДОН ВО ТОРОНТО

1dus

1dusВо организација на Литературното друштво „Браќа Миладиновци“, кое е во состав на Катедралната македонската православна црква “Свети Климент Охридски” во Торонто, Канада, на 05-ти декември 2021 година, се одржаа промоции на делата „Ченто“,   „Творештвото на Славе Катин“ и „Последниот Македонец“ од Душан Ристевски-Македон од Сиднеј, Австралија. Овој културен наста го отвори Драгица Димовска уредник и водител на радио часот „Обединета Македонија“ од Торонто, а за делата зборуваа: Проф. Филип Ангелковски, Славе Катин и Зоран Карапанчев.

Заради Ковид 19, промоцијата се одржа во присуство на одреден број македонски иселеници од сите делови на Македонија, членови на Друштвото и гости од канадското општество во салата на Катедралната македонска православна црква „Св. Климент Охридски“ во Торонто.

Публикацијата „Ченто“ од Душан Ристевски-Македон е оппечатена на македонски и англиски јазик, а е посветена на македонскиот национален  борец, деец, политичар и прв претседател на Президиумот на АСНОМ – Методија Андонов – Ченто, кој се именува и како прв претседател на Македонија, првата слободна македонска држава..Таа е една од значајните публикации на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ и „Австралиско – македонскиот театар“ од Сиднеј, чиј рецензент е новинарката Фиданка Танаскова од Скопје, додека преводот на англиски јазик е на Ристо Стефов, од Канада.

На промоцијата на монодрамското дело „Ченто“, Славе Катин потенцираше дека  во изминатиот период од триесетина години, Македонците во Австралија направија успешни обиди на полето на театарот. Така, театарски групи од македонски доселеници и бројни Македонци родени на петтиот континент, од повеќе градови ширум Австралија презентираат интересни театарски претстави кои оставија видливи траги на полето на театарската уметност.

 Една од тие македонски театарски групи која успеа да ја отпечати публикацијата „Ченто“ и да ја претстави пред публиката е „Австралиско-македонскиот театар“ од Сиднеј. Овој театарски состав е формиран во 2007 година со цел да ја промовира македонската драмска и театарска уметност и да ги обединува луѓето со македонско потекло кои се активни и креативни во драмските, сценските, театарските продукции и творештвото.

Издавач на монодрамата „Ченто“ е „Македонското литературно друштво „Григор Прличев“од Сиднеј. Тоа е една од најзначајните македонски асоцијации во Сиднеј и пошироко во Австралија како прво литературно друштво од таков вид во дијаспората. Друштвото беше формирано на 31 март 1978 година од група ентузијасти и вљубеници во македонскиот мајчин јазик, литературата и културата, чиј прв претседател беше токму Душан Ристевски.

Монографското дело „Творештвото на Славе Катин“ од Душан Ристевски – Македон, пак, беше промовирано од проф. Филип Ангелковски, познат и признат активист во македонската заедница во Канада и долгогодишен диригент на „Црковниот хор“ во црквата „Свети Климент Охридски“. Во своето излагање тој се осврна на ликот и делото на Славе Катин, кој во делото на Ристевски е застапен со неговите шеесет публикации. 

1dus2  1dus3

Меѓу другото, Ангелковски рече дека оваа јубилејна публикација, отпечатена по повод 80-от роденден на Славе Катин, е издание на книгоиздателството „Македонска искра“ од Скопје и на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, Австралија. Таа е отпечатена на 400 страници, на македонски и на англиски јазик, чиј рецензенти се проф, д-р Вера Стојчевска-Антиќ и Александар Донски.

Авторот Душан Ристевски – Македон пишува дека македонското иселеништво е „алфа и омега“ за творештвото на  Славе Катин, т.е. македонските иселеници се една од главните теми во неговиот творечки опус. Со тоа усеал да не се прекине  врската помеѓу македонските  иселеници ширум светот и родната земја етничка  Македонија како земја од каде потекнуваат иселениците или нивните предци. 

Истовремено, преку неговите дела, Славе Катин ја запознава и јавноста во Македонија со животот и дејноста на македонските сонародници во дијаспората, со што практично неговиот творечкиот опус посветен на иселеништвото претставува траен мост помеѓу Македонците од дијаспората и народот во нивната некогашна татковина Македонија. Затоа со право се вели дека Славе Катин е еден од најдобрите познавачи на македонската дијаспора. 

Монографско дело „Творештвото на Славе Катин“ започнува со првиот дел кој е насловен како „Македонско иселеништво“. Во него се претставени шеснаесет негови дела во кои педантно и со сите најважни податоци се посветени на повеќе сегменти од општествениот живот на македонското иселеништво. Вториот дел од книгата е именуван како „Црковното живеење“ и во него се опфатени девет негови публикации  кои содржат богати податоци за црковно-националниот живот на македонските иселеници и други сегменти кои, на еден или друг начин, се поврзани со религијата.

Третиот дел од книгата е насловен како „Лексикографски изданија“ и во него се застапени девет англиско-македонски речници за возрасни со различни содржини и тоа: лимнолошки, библиски, ветеринарен, биотехнички и други. Четвртиот дел од книгата е посветен на историските изданија и истиот е насловен како „Публикации со историска содржина“, во кој се објавени текстови за книги како самостоен автор или како коавтор. Петтиот и последен дел од книгата носи наслов „Монографии“ и во него се застапени деветнаесет дела кои се посветени, главно на  истакнати личности од македонското иселеништво, како и познати и признати личности од севкупниото живеење во Република Македонија.

Исто така и драмското дело  „Последниот Македонец“, дело на познатиот драмски писател Душан Ристевски-Македон беше промовирана од Зоран Карапанчев, познат и признат активист во македонската заедница во Торонто. Тој, меѓу другото рече дека публикацијата  „Последниот Македонец“ е издание на Литературното друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, ракописсо кој се потврдува нараснатиот научен интерес за пристап кон театарската уметност и кон историјата на македонскиот народ и Македонија, кој има посебно место кај иселениците од етничка Македонија, раселени по светот, особено на петтиот континент – Австралија. Ова дело се  осврнува на судбината, вистината и на историскиот развоен континуитет на македонскиот народ од етничка Македонија.

Драмскиот текст „Последниот Македонец” се јавува во овие немирни и судбоносни времиња за Република Македонија.. И како резултат на овие тешки историски моменти за Република Македонија, за Македонците во етничка Македонија, како и за македонското иселеништво ширум светот се случуваат различни дејствија. Секако, за историско одбележување додека сето ова се случува во Република Македонија, треба да се одбележи дека во Сиднеј, Австралија се прикажува истоименото драмско остварување „Последниот Македонец” од драматургот, писателот, новинарот, публицистот и доблесниот патриот Душан Ристевски-Макед со врвните многубројни артисти од Австралиско-македонскиот театар од Сиднеј.

Инаку, Душан Ристевски – Македон е познато име, поет, драматург и афирматор на Македонците во Австралија. Автор е на шест стихозбирки, шеснаесет драми и монодрами (сите изведени од „Македонскиот театар“ од Сиднеј), а неговата поезија е застапена во повеќе антологии во Австралија, Македонија и Америка. Исто така, тој е основоположник на Македонското литературно друштво „Григор Прличев” (1978), на списанието „Повод” (1978), на Австралиско-македонското добротворно друштво (1982) и на Австралиско-македонскиот театар (2007) од Сиднеј. Затоа, се смета дека Душан Ристевски – Македон е еден од најактивните и најценетите македонски општествени дејци во Австралија.

Душан Ристевски е роден на 22 февруари 1954 година во Битола, градот на конзулите. Од 1973 година живее и работи во Сиднеј, Австралија. Завршил Виша социјална школа во 1985 година, дипломирал на Факултетот по социологија во 1991 година и во 1996 година магистрирал на Факултетот по социологија и хуманистика во Сиднеј. М-р Душан Ристевски е личност која е на распетието меѓу родната земја Македонија и втората татковина – Австралија. Затоа, патот од Сиднеј до Скопје и назад го поминал повеќе пати. Речиси секоја година доаѓа во Македонија, во Скопје, во Битола, во Буково… 

М-р Душан Риатевски -Македон се доселил во Австралија – една од најразвиените ин­дус­триски и економски сили која има значајна улога во светот. Австралиската нација, која на картата на светот постои околу 250 години, а која е составена од ­многу нации и етнички групи, претставува пример за многу на­роди и земји. Етничките групи со своето заедничко жи­веење го градат познатиот австралиски мул­ти­на­ционален мозаик на културите на народите што жи­веат на петтиот континент.

1dus89Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Дијаспора

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

Дијаспората заборавени од историската слика за 8-ми септември

Идејата за самостојна Македонија не се роди непосредно пред референдумот во 1991 година. Таа долго живееше меѓу македонците во дијаспората, дури и кога јавното залагање за независност можеше да донесе прогон, затвор и уништен живот. По повод 8 Септември – Денот на независноста и 35-годишнината од создавањето на самостојната македонска држава, под покровителство на претседателката […]

Европратеничката Ирена Јовева – бранител на македонскиот јазик и македонскиот идентитет

Европската Унија е наднационален и меѓувладин сојуз на европски држави. Под ова име е основана во 1993 година, со Договорот за Европската Унија, познат како Договорот од Мастрихт. Сепак, голем број нејзини институции и механизми постоеле и претходно, врз основа на договорите што датираат уште од 1951 година. Активностите на Европската Унија опфаќаат бројни области […]

To top