Дијаспора

АНСАМБЛОТ „ТОМОВ“ НА ОЛИМПИСКИТЕ ИГРИ ВО ЛЕИК ПЛЕСИД (10)

0100a

0100a

Според моногравското дело „Томов“, што е отпечатена во 2007 година, на македонски и на англиски јазик, во издание на Книгоиздателството „Македонска искра“ од Скопје 1-320, од авторот на овие редови Славе Катин, во 1980 година, Ансамблот “Томов” имаше чест да даде претстава за спортистите на Зимските олимписки игри во Леик Плесид 

Пред тоа, кога се случи силен земјотрес, Ансамблот веднаш организираше добротворен концерт, а приходот беше наменет за жртвите од земјотресот. Ансамблот одржал бројни концерти во општински установи, во старечки домови и болници за ветерани во Њујорк и неговата околина, а секоја година учествуваше со народни ора во манифестацијата “Словенска културна недела” 

Она што ги збогати и внесе живост во изведбите и настапите од 1980-та беше постепеното лиферување на касети со снимени ора и нивна замена со вокални и инструментални мелодии во живо. Создавањето на народниот оркестар “Томов”, додаде зачин на спонтаност и дури неочекувана програма. Музичарите напорно учеа и се трудеа да ги совладаат таквите селски инструменти како тапан, гајда, тамбура и фрула, а танчерите почнаа и продолжија да вежбаат и да пеат во балкански стил.

По првото јавно деби на Ансамблот “Томов” – настап на Денот на благодарноста во 1975 година со изведба на “повардарје”, репетициите брзо продолжија во текот на зимата. До пролетта 1976 година, Георги (Џорџ) Томов почувствуа дека Ансамблот е подготвен за свој целовечерен настап кој беше одржан во Колеџот “Хантер” во Менхетен.

Беа додадени сплетови за да ги презентираат различните ора од Посавина, во источна Хрватска, брзото оро со скокање линџо од Далмација и буњевачко, орото трио од Суботица, во близина на границата со Унгарија. Силното албанско влијание беше евидентно во шота, оро на додворување од косовскиот регион. Сплетот ора од Србија ги прикажаа бројните разновидни движења – од спокојниот, прецизен моравец до галопирачките ритмови на катанка, орото на коњаници.

01001a

Ансамблот „Томов“ на Олимписките игри 

Како што Ансамблот се стекнуваше со слава, Алберт Кеј, директор на Асоцијацијата за концертни уметници беше ангажиран да ги организира резервациите. Почнаа да пристигнуваат покани од сите делови на Њујорк, како и од други држави и патувањата започнаа.

Внатрешната организација се прошири за да го процесуира распоредот за проби и за настапи, кој стануваше се’ поинтензивен. Зад сцената, повеќето одговорности – технички, аудио и осветлувањето – беа формално сконцентрирани врз уредникот. Кулисите на сцената беа специјално дизајнирани и направени за подобро расположение на публиката, како и за истакнување на народните носии. Танчерите ги научија техниките на ефикасно сценско шминкање и земаа театарски часови за да го засилат својот сценски настап.

Тие, исто така, научија да се грижат за своите сложени, автентични народни носии за да можат брзо да се пресоблекуваат со помош на неколку вешти помошнички за народни носии, бидејќи тоа беше подвиг така бргу да се манипулира со елеци, појаси, блузи, кошули, туники, престилки, колани, панталони, влечки, чизми, шапки, цвеќиња, пердуви, огрлици и шалови. 

Ансамблот “Томов” беше на турнеја во Македонија, а потоа и во балканските земји во 1979 година, како и повторно во 1981, 1985 и 1990 година на покана на македонската влада. Овие турнеи без возбудлива можност за танчерите и музичарите на Ансамблот “Томов” да одат “на лице место” да гледаат и изведуваат балкански ора во нивната изворна средина.

Вдолж и попреку патувајќи низ земјата, со 19 ковчези за народните носии и со веселиот возач на автобус, членовите на Ансамблот научија не само за “селското оро” и за “лесното”, туку исто така и за задоволството од пиење турско кафе и вињак и ракија, ценкајќи се на пазарите и излегувајќи на крај со екстравагантните свечени ручеци кои траеја и до ноќ.

На нивното прво патување, една македонска филмска екипа патувала со Ансамблот за да сними документарен филм за нив.

Танчерите биле снимени во прекрасни амбиенти во манастири, во текот на етничките паради, рецепции и на концертите. Во текот на турнеите, Ансамблот “Томов” настапи на Битолскиот фестивал каде имало карти само за стоење и нивниот настап бил емитуван на македонската ТВ во живо.

Врвна точка за самиот Георги (Џорџ) Томов бил двочасовниот настап во Струмица, неговото родно место. Околу 15.000 луѓе се собраа на градскиот плоштад, некои беа качени на дрвјата, стоеја на покривите и на прозорците за да ги видат ‘Американците’ на Томов, оние Американци кои ги биеше глас дека играат како вистински, чистокрвни Македонци.

01002a

Томов во Њујорк

Една од најнаградуваните изведби беше на Фолклорниот фестивал во “Риверсајд”, годишен настан во Њујорк на кој секоја сезона се прикажуваат најдобрите и најинтересни бројни и разновидни фолклорни друштва од градот. Ансамблот “Томов” се истакнувале по тоа што бил единствениот етнички ансамбл кој беше покануван да се појави во текот на шест сезони.

Токму во Риверсаид, Ансамблот имаше прв настап со две нови кореографии во последните години: сплет на влашки ора од Србија, во кореографија на Цига Деспотовиќ, кој вклучува енергични овчари и весели млади девојки, како  “барања”, кокетно оро од Хрватска. Во претстојната сезона, Томов дебитирал со “дарке” кое комбинира пеење и играње со цел да го претстави древниот балкански ритуал на пролетта.

Сезоните во Риверсаид исто така оставија траги за еволуцијата на оркестарскиот и за вокалниот ансамбл. Оваа програма вклучуваше не само изведба на ора и танцување, туку и интерлудии (меѓуигри) кои ја презентираа богатата ширина на балканската изворно народна песна. 

Ѓеорѓи Томов и Ансамблот со големи надежи и ентузијазам гледаа во иднината, бидејќи планираа да ја прошират програмата и настапите со цел на светот уште повеќе да им го презентираат богатството на македонската и балканската народна традиција.

Продолжува 

1slave 3 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Дијаспора

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

Дијаспората заборавени од историската слика за 8-ми септември

Идејата за самостојна Македонија не се роди непосредно пред референдумот во 1991 година. Таа долго живееше меѓу македонците во дијаспората, дури и кога јавното залагање за независност можеше да донесе прогон, затвор и уништен живот. По повод 8 Септември – Денот на независноста и 35-годишнината од создавањето на самостојната македонска држава, под покровителство на претседателката […]

Европратеничката Ирена Јовева – бранител на македонскиот јазик и македонскиот идентитет

Европската Унија е наднационален и меѓувладин сојуз на европски држави. Под ова име е основана во 1993 година, со Договорот за Европската Унија, познат како Договорот од Мастрихт. Сепак, голем број нејзини институции и механизми постоеле и претходно, врз основа на договорите што датираат уште од 1951 година. Активностите на Европската Унија опфаќаат бројни области […]

To top