Дијаспора

Нова книга : ЧЕТВРТА ГЕНЕРАЦИЈА НА АНГЛИСКИ ЈАЗИК

202112

202112

Нова книга : ЧЕТВРТА ГЕНЕРАЦИЈА НА АНГЛИСКИ ЈАЗИК

Деновиве, во издание на компанијата BOZPAC LTD, од печат излезе историското книжевно дело „Четврта генерација“ од авторите Благоја Божиноски и Владо Крстевски на англиски јазик. Оригиналот на книгата „Четврта генерација“ на македонски јазик излезе од печат во 2012 година.

Преводот на англиски јазик го направи Елизабета Стрезов, во уредништво на Елизабета

Колупачев Steward, а со корекција на Адам Аргировски.

Оваа извонредно историско дело кое ја претставува Македонската заедница во Њукастел, а го опфаќа периодот од 1924 година кога во Њукастел се доселил првиот емигрант од Македонија, а тоа бил Лазар Порковиќ од битолското село Цапари. Секако поради економски и политички причини ветровите подоцна ќе ги довеат и другите емигрантски групи како оние од 1935 до 1939 година, а најголемата група на македонски емигранти ќе допатува меѓу 1950 до 1970 година, чија бројка се проценува дека изнесувала околу 4000 Македонци.

Токму оттогаш почнуваат да се организираат Македонците во Њукастел на сите полиња и да почнат да градат цркви, клубови, да отвораат училишта и се друго што им е потребно за да се вклопат во мултиетничкото австралиско општество. Спрема записот објавен во списанието „Копнеж“ од 1985 година во кое се вели дека се регистрирани 578 македонски фамилии кои живеат во Њукастел и во подрачјето на Хантар Вали.

Честитки за авторите на ова историско дело Благоја Божиноски и Владо Крстевски кои на 470 страници објавиле стотици записи и уште толку фотографии, со кои трајно го овековечиле животот на Македонците во овој прекрасен австралиски град.

Ова дело би било пожелно да го поседува не само во секоја фамилијарна витрина, туку него треба да го има и во сите витрини на книжевните институции и библиотеки, а посбно, би било пожелно него да го има и во Институтот за национална историја на Република Македонија.

Ivan Trposki Иван Трпоски

Најново од: Дијаспора

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

Македонците во Њујорк го кренаа знамето среде дожд и невреме за 35 години независност

Можат да се обидуваат да нè избришат. Но, и во еден ваков бурен и мрачен ден… ние сме тука. Над сто Македонци и пријатели на Македонија се собраа во срцето на Њујорк, покажувајќи дека љубовта кон татковината е посилна од дождот и невремето. На 26 септември 2026 година, и покрај дождот и силното невреме што […]

Никола Тесла – светски научник чии пронајдоци ја променија модерната цивилизација

Големиот научник Никола Тесла се почитува и слави и во Хрватска и во Србија и во Соединетите Американски Држави и во целиот свет. Тоа го потврдуваат современите проучувачи на ликот и делото на Никола Тесла, кои го нарекуваат “Човекот што го измислил дваесеттиот век“ и “светецот – заштитник на модерниот електрицитет.“ Никола Тесла беше научник, […]

Вратени 16.952 текста објавувани од 2009 до 2026 година на порталот „Македонска нација“

Зачуван е најголемиот дел од богатата архива на порталот — текстовите повторно се достапни за читателите, а со нови материјали продолжуваме да го збогатуваме македонското историско и културно наследство. Во април 2026 година порталот „Македонска нација“ стана недостапен. Не знаеме со сигурност дали стануваше збор за хакерски напад или за друг проблем. За да продолжиме […]

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

To top