Дијаспора

ОБЕДИНЕТА МАКЕДОНСКА ДИЈАСПОРА ДОНИРАШЕ ОПРЕМА НА ДОБРОВОЛНОТО ПРОТИВПОЖАРНО ДРУШТВО АРХАНГЕЛ ОД БИТОЛА

1opre1

1opre1

Во изминатиот период се воспостави прекрасна соработка помеѓу ОМД Обединета Македонска Дијаспора и противпожарното друштво ДПД Архангел од Битола. Донирана беше опрема која ги зајакна капацитетите на ДПД Архангел со која пожарникарите од Битола ќе работат  во служба на граѓаните на Македонија во интервенции за гасење на шумските пожари како и за превентивно делување.

Сведоци сме на страшните пожари низ Македонија во летните периоди во текот на изминатите години, и сведоци сме на недостигот од оперма за пожарникарите да можат поуспешно да се изборат со огнените стихии. Оваа донација ќе направи голема промена кон поголема сигурност, заштита и превенција во пресрет на пожарите во Битолскиот регион и на територија на цела Македонија.  Донирани беа дрон и техничка опрема за раководење со дронот, лаптоп, моторни пили, телескопска моторна пила, дувалки, високопритисна пумпа за вода, специјални обувки и специјални маски кои до сега не беа на располагање. 

Ова е навистина значајна донација и сакаме да ја искажеме нашата огромната благодарност до г-динот Мето Колоски, претседател на ОМД, кој срдечно и искрено ја реализираше оваа донација со цел да помогне на Македонија преку поддршка на нашата организација, истакна Роберто Илиевски, претседател од ДПД Архангел Битола. 

Од 2004 година, ОМД е водечкиот мост помеѓу татковината и дијаспората, и партнер на општеството во Македонија. Скоро секоја година ОМД завзема хуманитарни активности во Македонија, но оваа година особено поради пожарите.  Мето Колоски им се заблагодари на сите членови и донатори на ОМД, оти без нив, и партнерите во Австралија, организација Буц фор Балканс, оваа донација немаше да се реализира. Посебна благодарност во името на ОМД до сите членови на ДПД Архангел Битола за нивната посветеност, енергија, труд, и силна работа борејќи се против пожарите кои ја зафатија Македонија минатово лето, изјави Мето Колоски.  

Процесот на донација беше помогнат преку партнерот на ДПД Архангел и ОМД, Маја Сталеска, која ја водеше активноста, како и огромната подршка од Директорката на ПримеПоинт, Билјана Марковиќ Стаменова.

1omd1

Најново од: Дијаспора

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

Македонците во Њујорк го кренаа знамето среде дожд и невреме за 35 години независност

Можат да се обидуваат да нè избришат. Но, и во еден ваков бурен и мрачен ден… ние сме тука. Над сто Македонци и пријатели на Македонија се собраа во срцето на Њујорк, покажувајќи дека љубовта кон татковината е посилна од дождот и невремето. На 26 септември 2026 година, и покрај дождот и силното невреме што […]

Никола Тесла – светски научник чии пронајдоци ја променија модерната цивилизација

Големиот научник Никола Тесла се почитува и слави и во Хрватска и во Србија и во Соединетите Американски Држави и во целиот свет. Тоа го потврдуваат современите проучувачи на ликот и делото на Никола Тесла, кои го нарекуваат “Човекот што го измислил дваесеттиот век“ и “светецот – заштитник на модерниот електрицитет.“ Никола Тесла беше научник, […]

Вратени 16.952 текста објавувани од 2009 до 2026 година на порталот „Македонска нација“

Зачуван е најголемиот дел од богатата архива на порталот — текстовите повторно се достапни за читателите, а со нови материјали продолжуваме да го збогатуваме македонското историско и културно наследство. Во април 2026 година порталот „Македонска нација“ стана недостапен. Не знаеме со сигурност дали стануваше збор за хакерски напад или за друг проблем. За да продолжиме […]

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

Академик Ферид Мурат – американски нобеловец и пријател и Македонија

Академикот Ферид Мурат е познат лекар и фармацевт во Соединетите Американски Држави. Најголемиот дострел на полето на науката го постигнал во 1998 година, кога ја добил Нобеловата награда за физиологија и медицина. Тој е роден во Вајтинг, Индијана, мајка му е Американка родена во Алтон, Илиноис, а татко му е Албанец од село Лакавица, Гостиварско. […]

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

To top