Дијаспора

„НАГРАДАТА ЗА ЖИВОТНО ДОСТИГНУВАЊЕ ЗА 2022 ГОДИНА“ НА ОМД ОД ВАШИНГТОН ЗА СЛАВЕ КАТИН

1ka11

1ka11

На предлог на претседателот на организацијата „Обединета македонска дијаспора“ (ОМД) од Вашингтон, Соединетите Американски Држави, Методија А. Колоски, Управниот одбор, чиј претседавач е Стојан Николов, едногласно му ја додели глобалната „Награда за животно достигнување за 2022 година“ на познатиот публицист, журналист и аналитичар за македонската дијаспората, Славе Николовски-Катин. Наградата ќе му биде врачена на 5-та Глобална конференција на ОМД во Скопје, која се очекува да се одржи во јули 2022 година.

Во писменото известувањето од 11.01,2022 година, се вели дека со глобалната „Награда за животно достигнување за 2022 година“ на ОМД, највлијателната невладина организација на македонските иселеници, им се оддава признание на извонредни поединци кои дале значаен придонес за Македонија, македонскиот народ и општеството воопшто. Со голема  почит кон Славе Николовски-Катин и неговата посветена работа на Македонската заедница во дијаспората и неговите многубројни и значајни постигнувања, Управниот одбор на ОМД едногласно го избра за добитник на оваа награда за 2022 година.

Според ОМД, која се залага за оддавање почит на сите лица што дале свој придонес за Македонија, овогодишната наградата му се дава на Славе Николовски – Катин кој е познат само како Славе Катин и е публицист, журналист и аналитичар за македонската дијаспората. Тој не припаѓа на политичка партија, бидејќи е припадник на етничка Македонија, на Македонците во дијаспората и на Македонската православна црква-Охридска архиепископија (МПЦ-ОА), која како институција игра значајна улога во опфаќањето и сплотеноста на Македонците надвор од Македонија, особено во прекуокеанските земји САД, Канада, Австралија и во Европската Унија.

Славе Катин и’ е познат на македонската и на меѓународната јавност по неговите бројни публикации, новинарски и научни трудови кои се посветени, главно, на етничка Македонија и на животот на Македонците во дијаспората. Исто така, неговата работа и творештво се однесува и на низа други аспекти поврзани со македонската дијаспора, како и со културата, литературата, јазикот, историјата, журналистиката и религијата.

1ka112

Славе Катин е aвтор на шеесет публикации, од кои 22 со името Македонија, автор е на дваесет монорафии за познати и признати личности од дијаспората и Република Македонија, на десетина дела посветени на религијата и МПЦ-ОА, на десетина лексикографски изданина и на стотина научни трудови презентирани на различни симпозиуми и други собири во Македонија и во светот. Исто така, автор е на над четири илјади објавени новинарски текстови и други единици од науката, фељтони, репортажи, осврти, портрети, преводи од литературата и науката, јазикот, религијата и културата на англиски и на македонски јазик, како и на друг вид текстови и материјали што се објавени во земјата и во светот, од кои дел можат да се видат или да се прочитаат на неговата Веб – страница: www.slavekatin.com   

Како плоден автор, новинар, преведувач, публицист и бранител на македонската вистина со повеќедецениска кариера, Славе Катин е еден од најпочитуваните и најценетите членови на Глобалната македонска заедница. Тој оставил траен и пријатен впечаток на секоја личност што тој ја запознал. Неговата експертиза за Македонија, за Македонската православна црква-Охридска архиемископија и за Македонската дијаспора се за почит. Со објавувањето на бројните дела на полето на религијата, културата и историјата за Македонија и македонскиот народ, неговата цел е да се претстави и афирмира  македонската вистина, особено во дијаспората.

Глобалната „Награда за животно достигнување“на ОМД им оддава признание на извонредни поединци кои дале значаен придонес за Македонија, македонскиот народ и општеството воопшто. Како почит на посветената работа на македонската заедница и признание за неговите многубројни достигнувања, Управниот одбор на ОМД едногласно го избра Славе Катин да биде добитнок на ова највисоко признание на организацијата  Обединета македонска дијаспора (ОМД), со седиште во САД и Канада и со ограноци во Европа и Австралија.

Како плоден автор, новинар и преведувач со повеќедецениска кариера, Славе Катин е еден од најпочитуваните и најценетите членови на нашата Глобална македонска заедница. Тој оставил траен и незаборавен впечаток на секоја личност што ја запознал. Неговата експертиза за Македонија, за Македонските православни цркви во светот и за македонската дијаспора е за почит. Со објавувањето на бројните дела за дијаспората, религијата, културата и историјата на Македонија, тој има за цел во неговото творештво, пред се’,  да се претстави македонската вистина.

Достигнувањата и придонесите на Славе Катин се навистина многубројни и огромни. ОМД не може да најде подобар начин да го почитува и да се заблагодари занеговото постигнување како член на нашата Македонска заедница, затоа, Организацијата „Обединетата македонска дијаспора“ му ја додели глобалната „Награда за животно достигнување за 2022 година“, меѓу другото,се вели во известувањето на претседателот на ОМД,  Методија А. Колоски.

1Dusan Ristevski ДУШАН РИСТЕВСКИ – МАКЕДОН

Најново од: Дијаспора

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

Македонците во Њујорк го кренаа знамето среде дожд и невреме за 35 години независност

Можат да се обидуваат да нè избришат. Но, и во еден ваков бурен и мрачен ден… ние сме тука. Над сто Македонци и пријатели на Македонија се собраа во срцето на Њујорк, покажувајќи дека љубовта кон татковината е посилна од дождот и невремето. На 26 септември 2026 година, и покрај дождот и силното невреме што […]

Никола Тесла – светски научник чии пронајдоци ја променија модерната цивилизација

Големиот научник Никола Тесла се почитува и слави и во Хрватска и во Србија и во Соединетите Американски Држави и во целиот свет. Тоа го потврдуваат современите проучувачи на ликот и делото на Никола Тесла, кои го нарекуваат “Човекот што го измислил дваесеттиот век“ и “светецот – заштитник на модерниот електрицитет.“ Никола Тесла беше научник, […]

Вратени 16.952 текста објавувани од 2009 до 2026 година на порталот „Македонска нација“

Зачуван е најголемиот дел од богатата архива на порталот — текстовите повторно се достапни за читателите, а со нови материјали продолжуваме да го збогатуваме македонското историско и културно наследство. Во април 2026 година порталот „Македонска нација“ стана недостапен. Не знаеме со сигурност дали стануваше збор за хакерски напад или за друг проблем. За да продолжиме […]

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

To top