Дијаспора

БОШКО РАЈЧОВСКИ – ПЕЛИСТЕРСКИ И НЕГОВАТА ИСЕЛЕНИЧКА САГА (1)

12321 1

12321 1

Бошко Рајчовски-Пелистерски е познат и признат иселеник, новинар, поет и општественик во македонското иселеништво. Тој е уредник и водител на програмата „Оро македонско“. Тој е роден во 1945 година во печалбарското Љубојно во Долна Преспа, каде го заврши осумгодишното училиште. Потоа, како ученик во Економското училиште во градот на конзулите Битола во 1964 година заминува за Детроит, САД, а денес   живее на Флорида.

Во аналите на иселеничката информативна дејност е запишано дека Бошко е легендата на радио часот „Оро македонско“ во Детроит, кој започнал да работи во 1972 година и се емитува секоја недела по еден час во Детроит и Чикаго. Исто така, во април 1977 година, тој го започна својот ТВ час под името „Македонско ТВ-шоу“. И ТВ-емисијата и радио часот на Рајчовски беа и се вистински афирматори на македонската и пошироко на балканската вистина и музички достигнувања. Секако, тие беа и се прилика и можност за афирмација на новинарските способности на Бошко Рајчовски-Пелистерски.

Инаку, радио часот „Оро македонско“ во минатото и денес е лозинка, еден вид мост меѓу иселениците од старата и новата татковина со блокот вести и информации за настаните во родната македонска земја. Преку овој радио час македонскиот јазик и песна се слушаат на сите простори во Детроит и пошироко

Радио часот „Оро македонско“ ја прослави својата 50-годишнина, што главниот уредник Бошко Рајчовски-Пелистерски лично  со голем сентимент, го доживеа како многу важен овој радио јубилеј. Програмата има стандардна шема – се емитува секоја сабота, а од 2017 година во недела, по два часа, во период кога повеќето луѓе се во своите домови и можат преку слушањето радио да се пренесат со мислите во родниот крај, во Македонија.

Со неговата активност и посветеност  да се афирмира духовниот живот и православието,  и тој е еден од иницијаторите  за формирањето на  Македонската  православна црква „Света Богородица“ во Детроит,  која е  една од најголемите и најубави духовни  храмови на Северно-американскиот континент.

                     12321 1

Бошко Рајчовски-Пелистерски и Славе Катин

Тој е автор на тристихозбирки и тоа: „Дамари“ (во  коавторство со Јосиф Грежловски-Гандето), отпечатена во Детроит во 1968 година, како и на стихозбирките  „Блиски сводови“ (1973) и „Тој не се врати“(2000). Бошко Рајчовски-Пелистерски е и прв член на Друштвото на писателите на Македонија од иселениците, а за стихозбирката „Тој не се врати“, ја доби наградата „Македонска веда“, признание на Матицата на иселениците од Македонија. Тој настапувал четири пати на Струшките вечери на поезијата на ,„Мостови“.

За животот и делото на Бошко Рајчовски-Пелистерски, авторот на овие продолженија во порталот „Македонска нација“, Славе Катин го подготви неговото автобиографско дело кое е печатено двојазично – на македонски и на англиски јазик. Оваа монографија,, всушност, е огледало на вистината за иселеникот, поетот, општественикот, новинарот и патриотот Бошко.Тој е уредник и водител на програмата „Оро македонско“ која ја прослави својата 50-годишнина, што тој лично  со голем сентимент, го доживеа како многу важен овој радио јубилеј. Програмата има стандардна шема – се емитува секоја сабота, а од 2017 година во недела, по два часа, во период кога повеќето луѓе се во своите домови и можат преку слушањето радио да се пренесат со мислите во родниот крај

Монографијата „Бошко Рајчовски – Пелистерски“ излезе во издание на реномираната издавачка куќа „Македонска искра“ од Скопје, а како дел од печатарската активност на „Киро Дандаро“ од Битола. Ова дело е презентер на голем број аспекти поврзани со дијаспората, со културата, литературата, јазикот, журналистиката, историјата, науката и религијата, како и со животот на Бошко Рајчовски-Пелистерски, но и на низа други аспекти.

Автор на ова дело е Славе Николовски-Катин, кој е познат на македонската и меѓународната културна и научна јавност со своите бројни публицистички, новинарски, автобиографски и научни трудови. Поради пријателството со Бошко, Катин вложи голем труд и средства од издавачката куќа, сé со цел да напише дело за еден негов соселанец, дело кое ќе значи огледало на активностите на Преспа, како и огледало на биографските дијагонали, опсервации  и придонес, на  главниот лик и воопшто на семејството Рајчовски.

За ова многу темелно и луксузно биографско  издание кое е отпечатено во боја, и содржи повеќе од 250 страници, рецензенти се: амбасадорот на УНЕСКО м-р Јордан Плевнеш од Скопје,  примариурс д-р Иван Апостолов од Флорида и професор Синиша Ристевски, свештеник од Детроит.

12321 2

Ова значајно автобиографско дело, за првпат е печатено двојазично – на македонски и на англиски јазик, новинарката Фиданка Танаскова ќе напише дека, всушност, е огледало на вистината за иселеникот, поетот, општественикот, новинарот и патриотот Бошко Рајчовски-Пелистерски.

Тоа е значајно постигнување на Славе Катин во неговата истражувачка работа за македонското иселеништво. Животната приказна за љубанчанецот од Детроит и Флорида, заедно со семејството Рајчовски,  е своевиден биографски блик, се потпира на фактографија која извира од  многудеценискиот животек, од вруточниот животен опус на Македонците во дијаспората, со кои се гордее нивната стара татковина – Република Македонија.

Монографијата за Бошко Рајчовски е летопис за мошне големото семејство Рајчовски. Најголемиот број од фамилиите од сојот Рајчовски од втората декада на минатиот век претежно живеат и работат во Соединетите Американски Држави, особено во најголемиот град на државата Мичиген – Детроит. А Бошко кој во зима живее во Флорида, другиот период во Детроит, во лето доаѓа во Македонија, во Преспа, во Љубојно.

Тој е извонреден родољуб, роднокраен вљубеник, докажан активист, истакнато поетско и новинарско перо и македонски родољуб. Затоа, со право може да се рече дека ова дело на Славе Катин, е траен документ и вистинско сведоштво кое го овековечува богатиот личен и семен летопис на познатото семејство чии корени се од Љубојно-Преспа, а кои се рашириле и во Соединетите Американски Држави.

Монографијата е посветена на 50-годишното литературно творештво на Бошко Рајчовски-Пелистерски. Ова дело е поделено на 5 глави (чаптери) во кои се опфаќа родната земја Македонија, потоа втората татковина – Соединетите Американски Држави, активностите на Бошко на поетски и новинарски план, како и  лозата на семејството Рајчовски. Посебен простор во книгата е посветен на  нивните корени на неговото родно село Љубојно – Преспа, на САД, на македонскиот радиочас „Оро македонско“ од Детроит, на неговото литературно творештво и трите стихозбирки.

Делото „Бошко Рајчовски-Пелистерски“ е поткрепено со огромен број факти, цитати и докази, кои фрлаат светлина врз   низа аспекти не само на поетскиот и немирен дух на Бошко, туку и на  македонскиот народ од Преспа, од Детроит. Делото претставува интересно четиво и сончева светлина за оние кои сакаат изворно да се запознаат со животната приказна на иселеникот Бошко Пелистерски, на Љубојно, Преспа, Македонија, Соединетите Американски Држави.

Продолжува

1slave 1 Пишува: СЛАВЕ КАТИН 

Најново од: Дијаспора

Гордана Димовска: Клучни информации за гласањето во Викторија

Денес, сабота, 28 ноември 2026 година, се одржуваат редовните  шеесет и први државни избори во сојузната држава, Викторија. Се одржуваат континуирано од 1856 година, кога Викторија воспоставила дводомен парламент со одговорна влада. Тие доаѓаат по изборите во ноември 2022 година (60-ти парламент), а новоизбраните 88 пратеници во Долниот дом и 40 членови во Горниот дом […]

Македонскиот фестивал на културата во Williamstown ги обедини Македонците во Викторија

Како што е познато во Австралија секоја година се одржуваат фестивали на храната и масовно се прифатени од Македонската заедница во било кој град да се одржуваат. Во Викторија, Фестивалот на македонската култура во Вилиамстеон е секогаш со радост дочекуван затоа што е место каде се слави нашата култура, традиција, јазик, оро и песна. Токму […]

Друштва и асоцијации на македонските иселеници во САД од 2000 година до денес

Македонците во Соединетите Американски Држави се организирани во македонските православни цркви и во различни друштва и асоцијации. Така, според делото „Македонците во САД и во Канада“ од авторот на овие редови, во период од 2000 –та година до денес се формирани голем број македонски друштва и друг вид асоцијации во САД. Овие значајни македонски асоцијации […]

Илјадници наши иселеници летово во Македонија

Фиданка Танаскова Посети и дружење за незаборав Д-р Ицо Најдовски Перин од Мелбурн помина два месеца во родната земја, исполнети со средби, патувања и дружење. Летово, во своја Македонија, на балканската крстосница во јужниот дел на Европа, допатуваа илјадници наши сонародници од различни генерации, кои низ годините заминале на разни страни од светот. Оживеаја многу […]

Градот Мелбурн им се извини на Македонците

Градскиот совет ги покани македонските играорци повторно да настапат на парадата Мумба во 2027 година, со дозвола да го истакнат знамето со Ѕвездата од Кутлеш.   Градот Мелбурн на 16 ноември 2026 година официјално ѝ се извини на македонско-австралиската заедница поради одлуката со која во март на македонските учесници на парадата Мумба им беше забрането […]

Мито Алексовски од Полска во 2010 година: Името Македонија му припаѓа на македонскиот народ

Името и другите државни вредности на Македонија не се приватни сопствености на политичарите а, ни на било која партија. Тоа се сопствености на целиот македонски народ. Исто така тоа не е стока за продавање и не постои  начин не можат да бидат тема на политички разговори или дипломатски трговии. Кој го прави тоа е предавник […]

Се одржа Јубилејна „Егејска вечер“ и семакедонската средба во Штип

Јубилејната „Егејска вечер“ и семакедонската средба во Штип ги собраа Македонците од Грција, Бугарија и Албанија, како и Македонците од Егејска Македонија кои денес живеат во Република Македонија. Од средбата беше упатена порака за зачувување на македонскиот идентитет, поцврсти врски меѓу заедниците и поголемо внимание од институциите кон нивните права. Едмонд Темелко, поранешен градоначалник на […]

Апел на Друштвото на Македонците во Полска од 28 мај 1994 година

Друштво на Македонците во Полска Гдањск, 28 мај 1994 година До Претседателот, Владата и Парламентот на Република Македонија АПЕЛ Ние, Македонци – бегалци од егејскиот дел на Македонија, здружени во Друштвото на Македонците во Полска, апелираме до Претседателот, Владата и Парламентот на Република Македонија да не се откажуваат од името „Република Македонија“, знамето, сонцето – […]

To top