Дијаспора

СЛАВИЦА РИСТЕСКА ДОБИТНИК НА НАГРАДА ЗА ДОБРОВОЛНА РАБОТА

Dusan Ristevski

СЛАВИЦА РИСТЕСКА ДОБИТНИК НА НАГРАДА ЗА ДОБРОВОЛНА РАБОТА

На 21 јануари, по повод националниот ден на Австралија, членот во долниот дом и заменик-говорник во парламентот на државата Нов Јужен Велс, а од неодамна и Министер за Мултикултурни прашања, Mark Coure MP, на Славица Ристеска и додели награда за нејзината повеќегодишна добротворна работа во македонската заедница.

Инаку Славица Ристеска е познат општественик во Сиднеј. Во Македонија заврши Филозофски факултет на одделот по Историја на Универзитетот „Кирил и Методиј“ во 1988 година, а во Австралија го продолжи своето пос-дипломско студирање, се здоби со Диплома по историја на Сиднејскиот универзитет во 2003 година и магистрира на Универзитетот Дикан во 2015 година во одделот за промоција на здравството и младите.

Од нејзиното доселување во Австралија во 1988 година па до денес Славица е активно вклучена во општествена дејност во македонската заедница: наставник и професор по македонски јазик во гимназијата во Когра за последните 30 години;  општествен работник за млади каде успешно водеше програми за мотивирање на младите Македонци; здравствен работник вработена во Државната здравствена служба во Бенкстеон за последните 16 години каде одигрува водечка улога на воспоставување на програми за млади и родители.

Исто така повеќе години (1999-2008) Славица работеше и како новинар и водител на Радио програмата „Пеј Македонијо“; активно е вклучена во Македонскиот просветно-школски одбор од 1988 година каде повеќе години зазема функција на заменик претседател и е член во Литературното друштво „Григор Прличев“ каде често се јавува како промотор на книги и како член во Жири комисија на наградниот конкурс за Прличева награда. Инаку Славица е плоден поет и публицист, често во македонските весници објавува просветни записи од областа на здравството, младите, јазикот, историјата и општествените активности во заедницата. Со поезија е застапена во повеќе антологии и е автор на збирката поезија „Судбина во круг“ (2020) издадена од Литературното друштво „Григор Прличев“.

1Dusan Ristevski Душан Ристевски-Македон

Најново од: Дијаспора

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

Академик Ферид Мурат – американски нобеловец и пријател и Македонија

Академикот Ферид Мурат е познат лекар и фармацевт во Соединетите Американски Држави. Најголемиот дострел на полето на науката го постигнал во 1998 година, кога ја добил Нобеловата награда за физиологија и медицина. Тој е роден во Вајтинг, Индијана, мајка му е Американка родена во Алтон, Илиноис, а татко му е Албанец од село Лакавица, Гостиварско. […]

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

To top