Дијаспора

АКТИВНОСТИТЕ НА ГЕОРГИ (ЏОРЏ) ТОМОВ ВО МАКЕДОНСКАТА ЗАЕДНИЦА (20)

1tom

1tom

Георги Томов ги започна своите црковни активности во стариот објект на Македонската православна црковна општина “Св. Кирил и Методиј” во Пасаик. Таа беше една од позначајните македонски црковни општини на северноамериканскиот континент. Во неа се одвиваа голем број активности што значеле живот за Македонците во новата средина. Тука, според некои податоци, живеат повеќе илјади Македонци од сите делови на Македонија, а најбројни се од Охридско-струшкиот, од Преспанско, од  Битолскиот крај кои биле членови на оваа црква.

Идејата за изградба на македонски дом во Њу Џерси беше дамнешна. Но, на 23 декември 1972 година беше одржано основачко собрание на кое беа донесени повеќе решенија за формирањето на црквата. Потоа, Светиот синод на Македонската православна црква, со писмо од февруари 1973 година ја извести црковната општина во Пасаик дека црквата била прифатена под јурисдикција на МПЦ. На 15 март 1973 година црквата “Св. Кирил и Методиј” од Пасаик беше регистрирана кај американските власти во Њу Џерси. На 27 мај истата година, надлежниот архиереј, во една руска православна црква, ја отслужи првата света литургија на македонски јазик.

Со одлука на членовите и управата беше купен објект во Пасаик, кој беше преуреден и адаптиран за потребите на македонските верници. Потоа, на 24 ноември 1974 година и официјално беше осветена од тогашниот надлежен архиереј, митрополитот Кирил, во присуство на неколку илјади Македонци од повеќе соседни градови.

Зградата на црквата се наоѓаше во еден постар кварт на Пасаик и претставуваше значаен пример на старата американска архитектура. Меѓутоа, на 27 февруари 1992 година од непознати причини беше опожарена и до темел изгорена, со што Македонците останаа без објект.

Тие години во рамките на црквата работеше женска секција, неделно училиште, црковен хор и библиотека, како и КУД “Гоце Делчев”. Потоа, во 1993 година Македонците од Њу Џерси донесоа решение за изградба на нова македонска православна црква во градот Сидер Гроув, како продолжување на традициите на изгорената црква “Св. Кирил и Методиј” во Пасаик. Новото место од 10 хектари, заедно со времената сала беше купено во 1994 година во Сидер Гроув, како најпогодно бидејќи во негова близина има повеќе гратчиња во кои живеат Македонци.

1tom2

По купувањето на местото донесен е план за изградба на црквата во стилот на “Св. Богородица” во Калишта. Планот на црквата беше земен од Македонската православна црква “Св. Никола” во Кентон, Охајо, но со зголемени димензии. Потоа, на 7 август 1993 година беше осветен камен-темелникот од тогашниот архиепископ охридски и македонски Михаил. На свеченоста присуствувале и повеќе поканети гости, меѓу кои и тогашниот пртседател на Република Македонија, Киро Глигоров, амбасадорот на Република Македонија во САД и други гости од локалната власт.  Денес е изградена црквата со две камбанарии и парохиската куќа, како и сала, паркинг и простор за спортски центар.

Во рамките на црковната општина активно работи КУД “Гоце Делчев”. Потоа постојат фудбалскиот клуб “Македонија”, Комитетот за човекови права, неделно училиште, женска секција, црковен хор, библиотека и неколку музички состави. Оваа црковна општина ги има издадено билтените во 1982 и 1998 година, како домаќин на Црковно-народните собири на Американско-канадската македонска православна епархија.

За активностите во македонската комуна во Њујорк и Њу Џерси, во кои Георги Томов е нераскинлив дел и дава голем придонес, пишува и иселеникот Ламбе Мартиновски од Њу Џерси. Во својот текст под наслов “Највесела Гоцева вечер 97 во Гарфилд” објавен весникот “Вечер” од Скопје во бројот од 4 април 1997 година.

Во текстот се вели дека по повод 125-годишнината од раѓањето  и 94 години од смртта на легендарниот Гоце Делчев, Апостолот на душата на Македонската револуционерна организација, кој се бореше за независноста и самостојноста на Македонија, а во организација на Мацедониан Хјуман Рајтс Мувмент – ја организира највеселата Гоцева вечер 97 во местото Гарфелд, Њујорк, САД.  Прославата се оддржа во прекрасната Руска црква на 15 март. Беше презентирана најбогата културно-забавна програма, што ја воодушеви многубројната публика, којашто ја поздрави претседателот на Организацијата Хјуман Рајтс г. Наум Наумоски.

По интонирањето на американската и македонската химна, се прочита реферат за македонскиот великан, идеолог и Илинденец  Гоце Делчев, што го подготви Ѓорѓи Кондовски, потпретседател на МПЦ “Свети Кирил и Методиј” од Сидер Гроф – Њујорк.

Беа изведени два рецитала, едниот од учениците на семакедонското училиште со рециталот под наслов “Бојот започна горе Крушево на Мечкин Камен”, а во вториот во изведба на возрасни активисти: Вера Сврговска, Танка Дуклеска, Коље Дуклески, Душко Будимоски и Славко Горгоски.

Потоа настапија две фолклорни групи, и тоа од МПЦ “Св. Кирил и Методиј” и “Македонка” од МПЦ “Свети Никола” од Њу Џерси со сплет од народни ора од Егејскиот, Пиринскиот дел и од Република Македонија. Играорците беа облечени во такви носии кои во овие краишта се носеле пред неколку векови. Кореографи на овој убав македонски фолклор беа господата Ѓорѓи Томов и Славко Горгоски. Оваа вечер ги обедини Македонците од овие краишта и ја сплоти нивната работа и соработка.

Откако заврши културно-уметничкиот дел на програмата, започна општата веселба со музичките такти на групата “Легенда” која успеа да ги дигне на нозе сите присутни лица. Значајно е да се спомне, дека на оваа Гоцева вечер се собра доброволен прилог, како хуманитарна помош за Македонците во Егејскиот и Пиринскиот дел на Македонија, но и за оние во Мала Преспа, во Албанија.

Оваа веселба траеше до раните утрински часови. Да не се заборави и прославата на роденденот на оваа веселба: г. Георги Томов, кореограф, го прослави својот 65 роденден со голем број букети цвеќе и многу роденденски честитки од присутните гости. Му беше посакано тој и натаму да го води ФД “Гоце Делчев” и се разбира – да живее уште многу години, зашто по негова заслуга ова друштво стана познато и годинава е покането од Матицата на иселениците од Република Македонија.

Инаку, името и делото на уметникот, играорец и вљубеник во македонското црковно живеење Георги Томов е тесно поврзано со првиот македонски манастир во САД и Канада посветен на големиот маченик св. Ѓорѓи. Тој претставува место за организирање пикници и средби, а датира од 1977 година. Идејата првпат ја иницирал познат македонски иселеник – донатор од Ресен г-динот Ѓорѓи Танев. По неговото име и манастирот го доби името Св. Ѓорѓи.

                    1tom3  1tom4

Црквата „Свети Никола“ во Тотова“, Њу Џерси.   Романот „Александар Македонски“ од Урлих Вилкен е превод од англиски на македонски јазик на Славе Катин, е  издание на „Мисла“, Скопје, 1988, 1-387,

Манастирот “Св. Ѓорѓи” се наоѓа надвор од централното градско подрачје и е сместен во месноста Рандолф, една од чистите, скапите и перспективните месности со безброј дрвја и река. Манастирот се состои од црковен храм што може да прими околу 300 лица, две помали Сали и други помошни простории. На влезот од манастирот има икона од поголеми димензии посветена на св. Ѓорѓи. Олтарот, пак, на манастирот е збогатен со повеќе икони донесени од Македонија, а подарени од бројни македонски доселеници.

Камен – темелникот на манастирот беше поставен во септември 1978 година, а по две години, започнаа градежните работи, кои траеа четири години. Но, се чини, најзначаен датум за манастирот “Св. Ѓорѓи” беше 16 септември 1984 година, кога беше завршена изградбата и извршено осветување на овој македонски духовен и културно-просветен дом. На тој ден се овековечија неколкугодишните напори и саможртви на македонските верници од Пасаик и другите места. Тоа беше голем настан за македонските доселеници и овековечување на уште еден македонски дом во САД.

По опожарувањето на црквата “Св. Кирил и Методиј” во Пасаик и изградбата на црквата “Св. Кирил и Методиј” во Сидер Гроув, подолг период манастирот “Св. Ѓорѓи” ги задоволувал религиозните и културните потреби на Македонците од Рандолф,  Сидер Гроув, Пасаик и други места во околината каде што живеат македонски доселеници. Тука Георги Томов одржал многу значајни концерти со друштвото “Гоце Делчев”.

Членовите на манастирот “Св. Ѓорѓи”, заедно со членовите на црквата “Св. Кирил и Методиј” од Сидер Гроув, се учесници на парадата што секоја година се одржува на Денот на независноста на САД, 4 јули. Притоа, играорците на КУД “Гоце Делчев”, предводени од Георги Томов, заедно со поголем број македонски доселеници се добитници на повеќе награди за најдобра флота, на дефилето што се одржува во Рендолф.

Исто така, во Њу Џерси постои и Македонската православна црква “Св. Никола” во Тотова. Инаку, Тотова е едно од низата гратчиња споени едни со други и нанижани како еден град во Њу Џерси. Таму живеат народи од целиот свет, меѓу кои и од Македонија. Ги има најмногу од Охридско, Битолско и Прилепско, а во последниве години нивниот број се зголемува со доселеници од Неготинско, Кавадаречко, Скопско и други места.

По опожарувањето на црквата “Св. Кирил и Методиј” во Пасаик и заради зголемениот број доселеници и оддалеченоста на местата на нивното живеење, била формирана Македонската православна црква Св. Никола во тотова. Имено, група македонски доселеници донеле решение да се гради новата македонска црква “Св. Никола” во градот Тотова. Притоа, во почетокот на 1992 година било купено место на кое имало голем хангар кој требало да се реновира во храм. За таа цел биле обезбедени средства и на 14 август 1992 година почнала изградбата на црквата.

Истата година била регистрирана кај локалните власти во Њу Џерси. На 14 август 1994 година црквата била завршена и осветена од архиепоскопот Михаил. Осветувањето се доржало на многу свечен начин, во присуство на девет свештеници од девет македонски цркви од САД. Потоа започнала да се гради салата во продолжение на постојниот објект. На 14 август 1999 година било извршено осветувањето на салата, а за Велигденските празници во 2000 година била целосно завршена. Црквата располага со огромна и убава сала што го носи името Македонски културен центар “Александрија”.           

Продолжува 

1slave 3 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Дијаспора

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

Академик Ферид Мурат – американски нобеловец и пријател и Македонија

Академикот Ферид Мурат е познат лекар и фармацевт во Соединетите Американски Држави. Најголемиот дострел на полето на науката го постигнал во 1998 година, кога ја добил Нобеловата награда за физиологија и медицина. Тој е роден во Вајтинг, Индијана, мајка му е Американка родена во Алтон, Илиноис, а татко му е Албанец од село Лакавица, Гостиварско. […]

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

To top