Дијаспора

САД – ВТОРАТА ТАТКОВИНА НА БОШКО РАЈЧОВСКИ – ПЕЛИСТЕРСКИ (6)

99090

99090

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „БОШКО РАЈЧОВСКИ-ПЕЛИСТЕРСКИ“ ОД АВТОРОТ СЛАВЕ КАТИН

Името и делото на Бошко Рајчовски-Пелистерски е тесно поврзано со неговата втора татковина – Соединетите Американски држави (САД). Затоа во оваа пригода ќе дадеме кус историски преглед за САД, земјата во која живее, се развива, проширува, опстојува и постигнува напредок семејствотоРајчовци.

Соединетите Американски Држави – ветената земја, како ја нарекваат Македонците и другите доселеници, се сојузна република цо Северна Америка, сместена меѓу Атланскиот и Тихиот Океан, меѓу Канада и Мексико, составена од 50 сојузни држави и еден сојузенокруг. Заедно со Аљаска и Хаваите, таа е една од најголемите во светот, во која живеат над 250 милиони жители. Најголем број Американци се доселени од Европа, првенствено од Велика Британија и од Ирска, потоа од Германија, Италија, Русија од Октомвриската револуција), од Полска, Норвешка, Шведска, потоа има бројно црнечко население, Индијанци, Јапонци, Кинези, Македонија и други народи.

  Главен град е Вашингтон, кој се наоѓа во Сојузниот округ Колумбија и заедно со предградијата има над три милиони жители. Други важни метрополи се: Њујорк, Чикаго, Лос Ангелес, Филаделфија, Детроит, Бостон, Балтимор, Кливленд, Сан Франциско и други. Релјефот на САД е многу разновиден: континенталниот дел се дели на неколку големи географски области, различни по простор и природни богатства. Таму владее од континентална, суптропска, приморска, континентално-планинска и арктичка до умерено топла океанска клима. САД располага со големо богатство на планини, езера и реки. Најпознати езера се: Горното, Хјурон, Мичиген, Ири и Онтарио, а од реките Мисисипи, Мисури, Рио Гранде Колорадо и други.

Најстари познати жители на денешната територија на САД се Ескимите и Индијанците. Се претпоставува дека од Европјаните на Северноамериканскиот континент први дошле Норманите пред илјада години. Кристифор Колумбо ја откри Северна Америка во 1492 година, а во почетокот на 16 век почнаа да доаѓаат и првите европски колонисти од: Англија, Франција, Холандија, Шведска, Шпанија, кои, за да освојат простори, воделе војна со Индијанците.

Прва англиска колонија е Вирџинија, формирана во 1584 година, потоа Масачусетс во 1620 година, а во 1614 година е формирана Нова Холандија, со главниот град Нов Амстердам, кој во 1664 година се преименува во Њујорк.

990901

Детроит

САД имаат бурна и богата историја од своето формирање до денес. Така, покрај борбите со Индијанците, во 1775 година почнаа првите судири меѓу американските доброволни одреди и англиската војска, со што, всушност, почна борбата на Северноамериканскиот континент за независност.

Во 1783 година, со мирот во Версај, Англија и’ ја призна независноста на САД, со што настанаа крупни промени не само во САД, туку и во целиот свет. САД ги потресе Ѓраѓанската војна од 1861 до 1865, потоа светската економска криза 1929-35, Втората светска војна, особено војната со Јапонија и употребата на атомското оружје над Хирошима и Нагасаки до Виетнам и денешната криза во Ирак.

САД е една од водечке сили во тешка и лесна, прехранбена, земјоделска, автомобилска политичка и воена светска сила. 

Како наближувше крајот на  школувањето во Битола, така кај Бошко силно растеше желбата тој  откако ќе ја земе дипломата од Средното економско училиште, да замине во туѓина, да замине во Америка, да се приклучи во реката печалбари од Битолско-пресоанскиот регион.

Така и стана. На деветнаесет годишна возраст, тој во Љубојно се пакува и еден ден, се дели таговно со своите сакани родители, со сестрите, со своите најблиски роднини и пријатели, со своите другари и со возот ја напушта Битола, заминува од Македонија.

Неговата нова животна дестинација беше Америка, Мичиген, Детроит. Тој не беше сам, бидејќи  таму отиде кај своите роднини, тетка му Велика и гарантот за да може да замине во далечната прекуморска земја, Најдо Карапашов, роднина на Бошко, човек со авторитет, бизнисмен и почитуван граѓанин на САД.

По една година, на својот дваесетти роденден Бошко Рајчовски решава да се пресели и смета дека е најдобро тоа да биде домот на неговите братучед Јонче (Џан) Христов, Рајчовски, познат и признат Македонец во САД. Тој со неговата сопруга Милка, велешанка, учителка, оставија длабоки позитивни траги и спомени, особено Милка: како сопруга, мајка, пријателка, активист во македонската комуна, меѓу лиѓето. Бошко ја најде домашната топлина и љубов во семејството на Џан и Милка и се вработи во нивниот ресторант.                 

Инаку, животот и делото на Бошко Рајчовски-Пелистерски е тесно поврзано со неговата втора татковина – Соединетите Американски држави (САД), особено со Детроит. А, Детроит, метрополата во која живееат Бошко Рајчовски-Пелистерски и неговото семејство е велеград и пристаниште на излезот на реката Детроит во државата Мичиген.

 По големина е петти град во САД и претставува светско средиште на автомобилското производство Тој е центар И седичте на компаниите “Форд” , “Крајслер” И “Генерал Моторс”, потоа на индустријата за авиони, тенкови, електрични машини И е еден од најразвиените трговски центри. Него го формирале Французите, а во состав на САД е од 1796 година. Детроит е, исто така, еден од центрите на црнечкото население, а претставува и значаен културен и спортски центар на САД.                  

Уште во 19 век во Детроит почнале да се доселуваат Македонци од сите краишта на Македонија, а  според некои податоци нив повеќе ги има од десетици илјади и тоа од Прилепско, од Леринско, од Охридско, од Гостиварско, но најбројни се од Тетовско, од Преспанско и од Битолско. Велат дека Вратница – Тетовско и Љубојно – Преспанско небаре се преселиле во Детроит. Во овој повеќе милионски град, особено во Хемтремик и Стерлинг Хаитц, Македонците отвориле многу фирми, ресторани, агенции, фабрички погони.

Таму ечат неколку македонски радио часови, а има и македонска телевизиска програма, има фолклорни групи, спортски клубови. Затоа обично се вели дека Македонците во Детроит се чувствуваат како дома, бидејѓи целосно ги зачувале обичаите и традиции, како во “стариот крај” – во Македонија

Активностите за организирано опфаѓање на Македонците во Детроит и од околните места почнаа уште пред Втората светска војна со формирањето на Македонско-американскиот нароред сојуз (МАНС). Меѓутоа, како резултат на големосрпските и големобугарската пропаганда, вистиско македонско црковно живеење за Македонците почна дури во седумдесетите години од минатиот век.

Имено, во 1974 година се формира Иницијативен одбор за организација на македонска православна црква под јуриздикција на Македонската православна црква  (МПЦ), што значеше еден нов општествен живот.

990902

ПМЦ „Св. Богородица“ во Детроит

Првата работа во Детроит поприлично го осоколува младиот дојденец од Љубојно во Детроит.  Тој почнува да заработува, да се запознава и дружи со различни луѓе. Веќе му станува тесно во ресторантот, а негов предзвик беше  големата американска автомобилска индустрија Крајслер. Се вработува во еден од светските гиганти во Детроит, каде веќе имало голем број Македонци. Таму Бошко и работеше и печалеше и се радуваше и тагуваше.                                                                                                                                                                                                                                                                                                                    Верен и останува на фабриката Крајслер рамно 33 години. Тука го почна тука и го финишира својот работен век. Од таму замина во пензија, со сите почести. Го испратија и со љубов и со пари и Американсци и Македонци и белци и црнци. Доаѓа дома како млад пензионер, со мала тага за поминатите години, но среќен за придобивките.

Во домот најголемата награда му бише парти-изненадувањето од неговите деца, кога дома го дочекаа сите весели, распеани и задоволни со голем транспарент на кого пишуваше:  “Честита пензија тато”! Тоа беше радостен и доста трогателен момент, кој го развесели и растажи по малку тато  Бошко.

Продолжува 

1slave 1 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Дијаспора

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

Македонците во Њујорк го кренаа знамето среде дожд и невреме за 35 години независност

Можат да се обидуваат да нè избришат. Но, и во еден ваков бурен и мрачен ден… ние сме тука. Над сто Македонци и пријатели на Македонија се собраа во срцето на Њујорк, покажувајќи дека љубовта кон татковината е посилна од дождот и невремето. На 26 септември 2026 година, и покрај дождот и силното невреме што […]

Никола Тесла – светски научник чии пронајдоци ја променија модерната цивилизација

Големиот научник Никола Тесла се почитува и слави и во Хрватска и во Србија и во Соединетите Американски Држави и во целиот свет. Тоа го потврдуваат современите проучувачи на ликот и делото на Никола Тесла, кои го нарекуваат “Човекот што го измислил дваесеттиот век“ и “светецот – заштитник на модерниот електрицитет.“ Никола Тесла беше научник, […]

Вратени 16.952 текста објавувани од 2009 до 2026 година на порталот „Македонска нација“

Зачуван е најголемиот дел од богатата архива на порталот — текстовите повторно се достапни за читателите, а со нови материјали продолжуваме да го збогатуваме македонското историско и културно наследство. Во април 2026 година порталот „Македонска нација“ стана недостапен. Не знаеме со сигурност дали стануваше збор за хакерски напад или за друг проблем. За да продолжиме […]

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

To top