Дијаспора

ПОЧИНА АТАНАС КОЛАРОВСКИ – МАКЕДОНСКА ФОЛКЛОРНА ЛЕГЕНДА ВО ДИЈАСПОРАТА

1sani1

1sani1

На 9 март 2022 година , во Скопје, на 95 години, почина фолклорната легенда Атанас Коларовски. Тој беше роден во Драчево, Скопско на 9 август 1926 година, а беше познат и признат кореограф, фолклорист ширум светот, особено во Соединетите Американски Држави и Јапонија. Атанас беше добитник на повече награди и признанија, меѓу кои на  „Наградата за животно достигнување за 2013“ на Обединетата македонска дијаспора (ОМД) од Вашингтон, САД, за постигнувањата на полето на фолклорот во дијапората

Атанас Коларовски, беше знаменит игроорец и кореограф од првата генерација на Државниот ансамбл „Танец“ од Скопје. Уште со формирањето на ансамбл „Танец” на 24.март 1949 година, тој станал негов член и речиси дваесет години бил уметнички директор, кореограф и игроорец – солист.

Коларовски беше личност која целиот свој живот го посветил на фолклорот и на зачувувањето на македонскиот идентитет, културата и традициите. Неговата љубов кон македонскиот фолклор започна во Втората светска војна и траела шест децении, со што тој станал синоним на најголемиот, најпознатиот македонски и со светски глас, Државниот ансамб „Танец“  од Скопје, од Македонија.

Атанас Коларовски беше роден на 9 август 1926 година во селото Драчево, кое денес е предградие на Скопје, Република Македонија. Инаку, семејството Коларови беше исклучително богато со многубројните талентирани музичари кои доаѓале до израз во тогашното село познато по својата  љубов кон македонската музика, песна и оро. Според Атанас нивното големо семејство често се собирало на вечери. Во отсуство на современи извори на забава, тие свиреле на народни музички инструменти, пееле  песни и играле македонски ора, со цел забавата да им биде незаборавна.  Атанас не само што беше одличен играорец и пееше, туку и уште од најрана возраст свиреше на кавал и хармоника, заедно со другите членови на семејството. Голем број членови на семејството Коларови ја продолжија професионалната кариера во музиката и танцот во слободна Македонија и пошироко.

За време на воените години, 1944 и 1945 година, Атанас тренирал со Армискиот хор и учел и изведувал песни и игри од целиот Балкан, вклучувајќи песни и ора од словенечки, босански, хрватски, српски, албански, бугарски и, се разбира, најмногу од неговата родна македонска традиција. Ова биле важни години за обука и изведување за него како дел од партизанската армиска музичка група која настапувала за војниците, како дел од градењето морал во последните денови од Втората светска војна и првите денови на Федеративна Социјалистичка Република Југославија. Тој дополнително ги усовршил своите вештини како музичар, играорец, учител и кореограф, како член на македонскиот национален фолклорен ансамбл Танец во теот на 1950-тите и 60-тите години. Во тој период бил вклучен и во фолклорните ансамбли „Кочо Рацин“ и „Карпош“, како и трупите „Благој Сосолчев“ и „Владо Тасевски“, како и на  „Етничкиот и танцов театар“..

Од 1970 година Атанас Коларовски се преселил во Соединетите Американски Држави, во градот Сиетл, во државата Вашингтон каде што ја продолжил својата активност како инструктор, пренесувајќи им го богатството на македонскиот музички и играорен фолклор на голем број генерации, вљубеници во балканскиот и македонскиот фолклор од целиот свет. Значајно е да се потенцира дека Атанас Коларовски е автор на повеќе врвни кореографии за „Танец“, меѓу кои и на антологиските „Драчевка”, „Калајџиско” и „Невестинско”.

Над 60 години Атанас Коларовски ја предава својата избрана уметност и занает, македонското оро. Затоа, пред неколку години, фестивалот на народниот живот во Сиетл му оддаде признание на Атанас за неговото животно дело како главен придонесувач во богатиот културен живот на неговата родна заедница во Сиетл, кој беше всушност неговиот втор дом

Атанас Коларовски како учител и како уметник/изведувач им ги пренесувал македонски народни песни, музика и игра на илјадници луѓе ширум светот. Тој беше главен амбасадор на добра волја на македонската култура повеќе од половина век. Атанас Коларовски ја изразуваше важноста на танцот и музиката за да се спротивстави на омразата и непријателството што потхранува толку голем дел од етничкиот конфликт што е толку вообичаен денес на Балканот и на многу други места низ светот. За оние кои учеле песни и ора ја повторувал македонската изрека: „Кој игра и пие, зло не мисли“. „Оној што пее и танцува нема лоши мисли“.

Како резултат на неговите фолклорни постигнувања во светот, кога ансамбл „Танец“ прославуваше седум децении од неговото успешно постоење на  26 јуни 2019 година, на Атанас Коларовски како претставник на првата генерација играорци и две децении негов раководител, му беше врачена посебна благодарница, што беше голема чест и задоволство за него

Се чини најзначајното признание Атанас Коларовски го доби од Обединетата македонска дијаспора (ОМД) од Вашингтон, САД, која е врвна меѓународна невладина асоцијација, чија главна цел се интересите и потребите на лугето со македонско потекло и македонски заедници ширум светот. Таа е „Наградата за животно достигнување на ОМД за 2013 година“. Оваа награда му беше врачена на Атанас Коларовски на 25 август 2013 година, кога ОМД ја одржуваше 4-та глобална конференција во Скопје, а по повод 100 години од Букурешкиот договор и поделбата на Македонија.

Ко-основачот и член на Управниот одбор на ОМД, Александар Митрески, при неговото врачување на наградата за животно дело на ОМД на Коларовски, меќу другото рече:

„Често Атанас Коларовски го нарекував „амбасадор на културата на Македонија“. Тоа тој  го потврдил со неговите патуваше низ светот предавајќи фолклорно танцување. Луѓето кои можеби никогаш немаше да дознаат за Македонија ја засакаа и ја ценат нејзината историја и култура, токму од делото на полето на фолклорот што Атанас го ширеше ширум светот, особено во Соединетите Американски Држави и Јапонија, каде со децении се бореше за македонската фолклорна вистини“

На свеченоста се обрати и првиот учител, кореограф и инструктор на младите фолклорни ентузијасти Олга Сандоловиќ, родена Велов, специјалист за бал­кан­ски игри и многу познат учител за фолклорот во Се­вер­на Америка, која за Атанас Коларовски го кажа следното:

„Отсекогаш сум го нарекувал Атанас Коларовски културен амбасадор на Македонија. Додека патуваше низ светот предавајќи фолклорно танцување, луѓето кои можеби никогаш немаше да дознаат за Македонија ја засакаа и ја ценат нејзината историја и култура. Имав чест да рославам два родендени на Атанас во Јапонија со стотици јапонски танчери – многумина со македонски носии, бидејќи го сакаше и ценеше јапонската народна играорна заедница. Ќе му недостига, но ќе живее во танците и во нашите срца“, рече македонската придружничка на ОМД, Олга Сандоловиќ, која се приклучи во доделувањето на наградата за животно достигнување на ОМД на Атанас Коларовски.

На тој голем настан за Атанас Коларовски, македонската фолклорна легенда, во хотелот „Александар палас“ во Скопје присуствуваше државниот врв на Република Македонија, што беше голема чест и почит за Обединетата македонска дијаспора (ОМД) од Вашингтон, САД. Во таквиот свечен амбиент, во своето обраќање Атанас Коларовски се заблагодари на  присутните, на Обединетата македонска дијаспора  и неговото семејство, при што, меѓу другото рече дека каде патувал насекаде по светото го водела  изреката “Во цел свет каде и да одиш, не се плаши, не се срами, Македонец да си“. 

1slave 1 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Дијаспора

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

Македонците во Њујорк го кренаа знамето среде дожд и невреме за 35 години независност

Можат да се обидуваат да нè избришат. Но, и во еден ваков бурен и мрачен ден… ние сме тука. Над сто Македонци и пријатели на Македонија се собраа во срцето на Њујорк, покажувајќи дека љубовта кон татковината е посилна од дождот и невремето. На 26 септември 2026 година, и покрај дождот и силното невреме што […]

Никола Тесла – светски научник чии пронајдоци ја променија модерната цивилизација

Големиот научник Никола Тесла се почитува и слави и во Хрватска и во Србија и во Соединетите Американски Држави и во целиот свет. Тоа го потврдуваат современите проучувачи на ликот и делото на Никола Тесла, кои го нарекуваат “Човекот што го измислил дваесеттиот век“ и “светецот – заштитник на модерниот електрицитет.“ Никола Тесла беше научник, […]

Вратени 16.952 текста објавувани од 2009 до 2026 година на порталот „Македонска нација“

Зачуван е најголемиот дел од богатата архива на порталот — текстовите повторно се достапни за читателите, а со нови материјали продолжуваме да го збогатуваме македонското историско и културно наследство. Во април 2026 година порталот „Македонска нација“ стана недостапен. Не знаеме со сигурност дали стануваше збор за хакерски напад или за друг проблем. За да продолжиме […]

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

To top