Дијаспора

ОРГАНИЗАЦИЈАТА “ОБЕДИНЕТИ МАКЕДОНЦИ” ВО ДЕТРОИТ (8)

1cr1235

1mad1

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „БОШКО РАЈЧОВСКИ-ПЕЛИСТЕРСКИ“ ОД АВТОРОТ СЛАВЕ КАТИН

Ретко кој народ, како нашиот– македонскиот, во историскиот ôд бил толку обесправуван. Востанијата што ги кревал, борбите што ги водел се праведни, бунтовите што ги кревал чесни и достоинствени. Задушувањето во крв на борбите и востанијата се меѓу најтегобните страници од минатото на и таквиот болен исход ја издигнало нивната честитост и достоинство, но, оставало  длабоки и трајни лузни во душата на Македонецот. Илинден 1903 година, на пример, е исто толку гордост, возвишие,  ама е и непребол. Организацијата, пак, “Обединети Македонци” од Северна Америка е нова македонска ѕвезда светозарна над американското небо.

Само година дена по возобновувањето на самостојноста на македонската стародревна Охридска Архиепископија, во демократската Канада, во метрополата Торонто на 28 април 1959 година, беше свикано сеопшто македонско национално собрание на кое е формирана македонската организација “Обединети Македонци”. Тој историски чин, кој што се случи во градот Торонто, претставува раѓање на новата воскресенска пролет за нашето иселеништво на овие простори и за негово целосно осознавање и обединување на национален и црковно – духовен план.

На северноамериканскиот континент македонските иселеници чинеа с#, да живеат заедно, не признавајќи ги насилствено наметнатите вештачки граници од балканските соседи. За да не се одродат, нашинците уште од своите први доселенички почетоци почнаа да се собираат во колонии. Тоа им овозможило да се помагаат, а потоа да ги создаваат свои селски здруженија. Во 1907 година е формирано првото селско друштво, а тоа беше од с. Ошчима. Леринско.

Овие друштва подоцна прераснуваат во реонски – околиски. Натаму се формираат одделни национални – политички патриотски организации и комитети, македонски народни сојузи, до првите црковни општини – почнувајќи од 1910 година. Во нив, воглавно, доаѓале до израз влијанијата на постарата тамошна емиграција, кои биле индоктринирани од соседните балкански народи, со цел да ги остварат своите асимилаторски аспирации.

1mad12

Бошко Рајчовски-Пелистерски е еден од организаторите на Организацијата “Обединети Македонци” во Детреоит, која се роди на 16 ноември 1968 година во Торонто, а се реализира на состанокот одржан на 7 јуни 1969 година во Детроит. Овој огранок на организацијата “Обединети Македонци” од Северна Америка беше единствен кај македонските доселеници кој беше активен во САД, благодарение, токму на Бошко Рајчовски-Пелистерски.  

Македонската организација “Обединети Македонци” е втемелу­ва­ч на програмата за перспективите на идниот можен развој на овие простори на македонското иселеништво и неговото организирање на патриотски, културен и црковен план. “Обединети Македонци”, претставуваа најзначајниот обедину­вачки фактор на Македонците и е многу важен чинител во презентирањето и афирмирањето на неотуѓивото свето македонско име, чест и слава, чувари на културното и духовно наследство на македонскиот народ. “Обединети Македонци” од Торонто, всушност, е прва македонска национална патриотска организација која во своите редови и на значајни манифестации (посебно на големиот ден Илинден) собира најголем број наши луѓе од сите делови на родната и мила Македонија.

Една од значајните програмски цели и задачи е и да организира културно-воспитни програми меѓу младите македонски генерации, со цел да ги запознава со нашата историја, јазик и култура, традиции, обичаи, како и да го презентира културно-просветниот развој на Македонија. Таа се појавува како бескомпромисен борец во одбраната на правата на Македонците загарантирани со одредбите на Обединетите Нации и Декларацијата за човекови права. Од сите значајни манифестации како и од востановените илинденски празнувања се испраќани резолуции до Организацијата на Обединетите Нации.

Тие умееле секогаш најчесно и напредано да се однесуваат кон својата нова татковина, демократска Канада, и да допринесуваат за нејзиниот целосен просперитет, но исто така секогаш со љубов, почит и предано се однесувале кон достигнувањата и успесите на нашата татковина Македонија, и автокефалната Светоклиментова Македонска Правиславна Црква.

Во својот постојан нагорен од, кога станува збор за организирање на македонските цркви, најсилното нешто во своите програмски определби беше тоа што уште во самото начело застанаа на линијата за создавање на автентични македонски православни црковни општини кои ќе бидат во духовно и канонско единство на својата родна мајка Светоклиментова Македонска православна црква.

1mad14

Организирањето на најкултурни, патриотски, културно-просветни манифестации, разни академии и историски јубилејни чествувања се дело на “Обединетите Македонци”. Тие во почетните години ги организираа и црковно-духовните манифестации. Востановените импозантни традицио­нални илинденски пикници се нивно дело. Посебно место заземаат донесуваните резолуции на овие пикници кои се испраќани до Обединети­те нации и не само на таа адреса.

Голем е уделот и од огромно значење е чесната поддршка и на “Обединетите Македонци” во формирањето, организирањето и регистрацијата на Американско-канадската македонска православна епархија. Таа под ова име беше регистрирана и официјализирана пред американските државни власти во градот Албами во државата Њујорк во 1981 година. Овој огранок на организацијата “Обединети Ма­­кедонци” од Северна Америка бил единствен кај македонските доселеници кој бил активен во САД.

Делото што го остварија “Обединетите Македонци” и што продолжуваат да го надоградуваат и прошируваат е големо, свето, неменливо. Затоа, тие треба со право и по заслуга, да заземаат посебно, многу значајно, место во страниците од нашата понова историја.

Новата организација “Обединети Македонци”, пак, е формирана на 5 мај 2000 година, исто така, во Детроит. Таа е самостојна, но соработува со денеш­на­­­­та организација “Обединети Македонци” од Торонто. Целите на оваа орга­ни­зација се меѓу другото, да работи за националното единство на Ма­ке­донците каде би­ло во светот, без разлика на нивното религиозно верување, политичко ми­слење или член­ство.

Бошко Рајчовски –Пелистерски, меѓу другото е и член на “Американско-македонската асоцијација”.Оваа асоцијација е фор­мирана од група  познати и признати патриоти и бизнисмени. Тие ма­ке­дон­ски доселеници, чиј број е претежно од тетовскиот крај, ја регистрирале асо­­цијацијата во ноември 2001 година. Таа, меѓу другото, има за цел да ги збли­­жи САД и Република Македонија на политичко и економско поле. Во состав на асоцијацијата со успех работи “Македонски фонд за помош”. Таа била ор­га­низатор на мирните собирања, како и на многубројните средби, разговори, три­бини и посети на расселените Македонци од Тетовско, што се одржаа во октомври 2001 година во Република Македонија. “Американско-македонската асоцијација” извршила силен притисок кај македонските и кај американските власти во врска со етничкото чистење на Македонците и враќањето на нивните огништа во Тетовско.

Продолжува 

1slave 1 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Дијаспора

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

Македонците во Њујорк го кренаа знамето среде дожд и невреме за 35 години независност

Можат да се обидуваат да нè избришат. Но, и во еден ваков бурен и мрачен ден… ние сме тука. Над сто Македонци и пријатели на Македонија се собраа во срцето на Њујорк, покажувајќи дека љубовта кон татковината е посилна од дождот и невремето. На 26 септември 2026 година, и покрај дождот и силното невреме што […]

Никола Тесла – светски научник чии пронајдоци ја променија модерната цивилизација

Големиот научник Никола Тесла се почитува и слави и во Хрватска и во Србија и во Соединетите Американски Држави и во целиот свет. Тоа го потврдуваат современите проучувачи на ликот и делото на Никола Тесла, кои го нарекуваат “Човекот што го измислил дваесеттиот век“ и “светецот – заштитник на модерниот електрицитет.“ Никола Тесла беше научник, […]

Вратени 16.952 текста објавувани од 2009 до 2026 година на порталот „Македонска нација“

Зачуван е најголемиот дел од богатата архива на порталот — текстовите повторно се достапни за читателите, а со нови материјали продолжуваме да го збогатуваме македонското историско и културно наследство. Во април 2026 година порталот „Македонска нација“ стана недостапен. Не знаеме со сигурност дали стануваше збор за хакерски напад или за друг проблем. За да продолжиме […]

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

To top