Дијаспора

РАДИО ДРАМАТА „ПРЕПОЛНЕТАТА ЧАША – ЛОКДАУН“ ОД ДУШАН РИСТЕВСКИ – МАКЕДОН ПОСТАВЕНА НА АВСТРАЛИСКА ВЛАДИНА ВЕБ-СТРАНИЦА!

Donski111

1Donski Александар ДОНСКИ

Неодамна во издание на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј излезе од печат радио-драмата „Преполнета чаша – локдаун“ од познатиот и реномиран драматург и поет Душан Ристевски.

Драмата е објавена на англиски и на македонски во хартиен формат, а симена е и како радио драма во продукција на South Eastern Sydney Local Health District and Shopfront Arts Co-Op, во изведба на членови од  Австралиско-македонскиот театар од Сиднеј, а во режија на Душан Ристевски – Македон. Всушност, оваа радио драма претставува адаптација на драмата „Преполнета чаша“ која беше поддржана од програмата на Georges River Council COVID-19 Recovery Grants Program во 2020 г.  Радио драмата е поставена на австралиска владина веб-страница и истата може да ја слуша на: NSW Multicultural Health Communications Service website

Во оваа драма Душан Ристевски – Македон повеќеслојно ја обработува, скенира и анализира состојбата во едно македонско семејство од Австралија од аспект на нивното справување со пандемијата со вирусот Ковид – 19.

Семејството  се состои од три генерации (баба и дедо, мајка и татко и брат и сестра) кои живеат заедно и како такви ги затекнува пандемијата која мошне сериозно ја погоди Австралија што резултираше со строги карантини (lockdown).

Авторот умешно прави психолошка анализа на сложените односи помеѓу ликовите, т.е. нивните карактери кои се целосно издржани, во кои доминираат судирите. Овие судири исто така се повеќеслојни и сложени и тие содржат: генерациски судири, судири помеѓу двата пола, судири помеѓу оние што се ЗА и оние што се ПРОТИВ вакцинирањето, судири поради ставот кон сериозноста на самата болест и придржувањето кон мерките за заштита и т.н. Секоја од страните во овие судири рамноправно е претставена со своите аргументи, така што на читателот останува да заклучи која страна е во право. Како стилски украс на сето ова е и повремениот хумор, што е составен дел од многу драмски творби на искусниот драматург Душан Ристевски – Македон. 

Освен судирите, авторот убедливо ги прикажува и обработува и останатите појави поврзани со карантинот: паѓањето во депресија, па дури и желба за самоубиство, стравот од смртен исход на болеста, физичката неактивнист што резултира со дебелеење, материјалните загуби (отпуштањето од работа, откажувањето на веќе закажани настани и другите финансиски удари како директна последица од „локдаунот“), носталгијата по времето од пред пандемијата, но и обидите за прилагодување на состојбата преку забавни игри и вежбање. Иако драмата конкретно опишува македонско семејство кое живее во предградие на Сиднеј, таа има универзална димензија и вредност и слободно може да се однесува за кое било слично семејство во светот за време на оваа светска пандемија. На крајот, по бурните расправии, дилеми и дискусии, сите членови на семејството донесуваат одлука да се вакцинираат. И во овој случај авторот се покажува како добар психолог поради тоа што како мотив за ваквата одлука кај секој поединечен член на семејството наведува лични причини, а не некоја идеалистичка „борба против пандемијата“, што впрочем апсолутно одговара на вистината за најголемиот број вакцинирани  во светот. Со ова „преполнетата чаша“ на ова македонско семејсво од Сиднеј сепак не претекува. Во секој случај пред нас имаме уште една успешна драма од Душан Ристевски – Македон –  драма во која преку навидум секојдневните реплики и конверзација на нејзините ликови, студиозно е обработена сериозната тема посветена на внатрешните премрежја низ кои поминаа и сѐ уште поминуваат стотици милиони луѓе ширум светот.

Најново од: Дијаспора

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

Македонците во Њујорк го кренаа знамето среде дожд и невреме за 35 години независност

Можат да се обидуваат да нè избришат. Но, и во еден ваков бурен и мрачен ден… ние сме тука. Над сто Македонци и пријатели на Македонија се собраа во срцето на Њујорк, покажувајќи дека љубовта кон татковината е посилна од дождот и невремето. На 26 септември 2026 година, и покрај дождот и силното невреме што […]

Никола Тесла – светски научник чии пронајдоци ја променија модерната цивилизација

Големиот научник Никола Тесла се почитува и слави и во Хрватска и во Србија и во Соединетите Американски Држави и во целиот свет. Тоа го потврдуваат современите проучувачи на ликот и делото на Никола Тесла, кои го нарекуваат “Човекот што го измислил дваесеттиот век“ и “светецот – заштитник на модерниот електрицитет.“ Никола Тесла беше научник, […]

Вратени 16.952 текста објавувани од 2009 до 2026 година на порталот „Македонска нација“

Зачуван е најголемиот дел од богатата архива на порталот — текстовите повторно се достапни за читателите, а со нови материјали продолжуваме да го збогатуваме македонското историско и културно наследство. Во април 2026 година порталот „Македонска нација“ стана недостапен. Не знаеме со сигурност дали стануваше збор за хакерски напад или за друг проблем. За да продолжиме […]

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

To top