Дијаспора

ГОСТУВАЊЕ НА АНСАМБЛОТ „ТОМОВ“ ВО ТОРОНТО (25)

1boa41

1boa41

Во продолжение ги поместуваме текстот за фолк предавањето на Георги Томов во Торонто од Лилиан Либер (Lilian Leiber) и интервјуто објавено во списанието „Онтарио фолкданцер“ (“Ontario Folkdancer”), Том 24, број 4 од 15 јуни 1993 година  и во број 5 од 1 септември 1993 година, во кои се вели:

,,Опуштете се, правете грешки. На тој начин вие ќе научите”, беше советот на Георги Томов. А, наученото е токму она што ние го постигнавме на неговата главно македонската работилница на 17 април 1993 во Торонто.

Георги држеше часови за едно хрватско оро (Славонско коло) и за шест македонски ора (Жална мајка, Скудринка, Беровка, Кољино оро, Кирчино оро и Женско чамче). Некои беа потешки од другите, но сите беа достижни за 50-60 учесници, особено откако Ѓеорѓи стручно ги сецираше шемите на ритмот и на работата со нозете во лесно сфатливи сегменти.

Беше очигледно од почетокот дека за Георги чекорите и ритамот се наједноставни и најважни детали на играорството и дека да се направат вистинските чекори во вистинските ритмови не е исто што и ,,правилно” да се одигра едно оро.Она што е најважно во шемата на нештата на Томов е како се игра едно оро.

Да се одигра едно оро на ,,правилен” начин значи дека секој дел од телото е прецизно токму на право место и во прав смер во секој миг додека трае орото. И додека ние бевме зафатени да ги научиме чекорите и ритмовите, Георги Томов беше зафатен со давање инструции, поттикнувајќи и намамувајќи не’ внимателно да гледаме на бројните фини точки на стилингот кој тој ни ги опишуваше и демонстрираше.

Па така, за да се започне Славонското коло, главата треба да е подигната, рамената наназад, погледот кон лицето спротивно во орото, левото стапало кон смерот на играњето, а десното кон центарот; сега одете, рамномерно. На сето ова му претходи демонстрација на разликата помеѓу ,,одејќи играјќи” и ,,играјќи одејќи”, а проследено со чести демонстрации и на ,,правилни” и ,,неправилни” начини на држење на главата, рацете, стапалата, торзото, а особено на задникот, кај секој чекор од орото.

1boa412           

Играорците може, се разбира, да не се сложуваат за тоа дали постои тако нешто како ,,правилен начин” на играње (јас, на пример, повеќе ја сакам верзијата на Женско чамче што ја научив во моето ,,село” отколку верзијата што Георги не’ учеше). Но, ако го прифатиме концептот дека она што ние го учиме е орото кои се играло (или се игра) во специфично место – филтрирано, се разбира, преку перцепциите и склоностите на учителот – тогаш предупредувањето тоа да се одигра на ,,правилен” начин значи да се одигра онака како што се играло таму. Дали ние сакаме на тој начин е едноставно прашање на личен вкус.

Георги Томов е топол, привлечен учител кој поттикнува. Неговиот акцент врз фините детали на стилингот ги чини и наједноставните ора да бидат интересни и предизвикувачки дури и за оние од нас кои танцуваме со години. Наспроти неговот оинсистирање на ,,правилен начин”, негова намера не е рекреативните играорци да ги претвори во клонови на Георги Томов. Тој признава дека сите ние сме обдарени со различни физички таленти и ограничувања и дека секој од нас ќе реагира на музиката на начини кои суптилно влијаат врз ,,правилниот начин” на кој ние го играме орото.

За оние од нас, кои уживаа во часовите на Георги во минатото, работилницата е прекрасно носталгично патување; бевме во можност да ги усовршиме оние ора за кои бевме сигурни дека ги знаеме и да ги научиме оние ора што не сме ги виделе порано. За оние кои се запознаваа со Георги, неговите ора и неговиот стил на подучување за прв пат, беше големо задоволство што на располагање имаа совладливо менí од привлечни ора, подучувани со кристална јасност.

Работилнициата се завршуваше со час по пеење во траење од еден час, што го држеа Марти Рипсон и Венди Шеарер, наставници по пеење и истакнати пејачи во Ансамблот ТОМОВ. Текстовите им беа дистрибуирани на 30-35 членови-ентузијасти, со тоа што и восиките и ниските делови од песните беа вежбани дел по дел додека целата група не беше способна да го испее секој дел од почеток до крај. За моето око како гледач/публика, беше очигледно дека секој целосно уживаше; а за моето уво како гледач/публика, резултатите од еден час вежбање навистина беа многу импресивни.

Се’ на се’, прекрасна работилница. Зарем не ви е мило што бевте таму? Зарем не ви е жал што ја пропуштивте?“, пишува Лилиан Либер

1boa413

Во студиото „Томов“

Едит С. Клеин, пак,  за ансамблот „Томов“ напиша: Аматерското играорно друштво ,,Томов”, со седиште во Њујорк, презентираше една многустрана програма – и, иако фокусот јасно беше врз македонија, бевме почестени со една турнеја по четири републики од поранешна Југославија. Првата половина од програмата беше отворена со сплет ора од Повардарјето на Македонија, потоа продолжи со словенечки спет, македонски свадбарски сплен, српско машко оро и со сплет ромски ора.

Втората половина од прогрмата се состоеше од еден храватски и три макеонски сплета. Во прекините/интерлудиите за пресоблекување на народните носии, настапија пеачките и инструменталните секции. Освен за егејско-македонскиот сплет на Кете Илиевски, чија верзија ја имав гледано во изведба на извонредна полупрофесионална група на скопската телевизија, целата кореографија беше лично дело на Томов.

Членовите на оваа друштво се амбицизни и трудољубиви, а македоснките сплетови беа особено добро уиграни и компетентно изведени под цврстата рака на нивниот директор. Последниот сплет од програмата, во кој беа прикажани ора од Источна Македонија, очигледно беше ремек дело на Ансамблот – жива слика на која се опишани жетварските дејсности и другите аспекти на животот на село.

 Групата покажа добар осет за сценски настап, на која í требаа неколку прибори или декорации за да се поддржи или играњето или спектакуларната кулиса – стилизиран црвен и црн мурал со балкански фолклорни мотиви. Музичките избори беа извонредни, особено оние во изведба на вокалистката Мелинда Хант која е способна да ги репродуцира македонските и бугарските пеачки стилови како да е родена за таа задача. Целата програма беше со одмерени чекори и брзина, доволно живи и брзи, за да може вниманието на публиката да се задржи во текот на целиот настап.

Продолжува 

1slave 3 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Дијаспора

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

Македонците во Њујорк го кренаа знамето среде дожд и невреме за 35 години независност

Можат да се обидуваат да нè избришат. Но, и во еден ваков бурен и мрачен ден… ние сме тука. Над сто Македонци и пријатели на Македонија се собраа во срцето на Њујорк, покажувајќи дека љубовта кон татковината е посилна од дождот и невремето. На 26 септември 2026 година, и покрај дождот и силното невреме што […]

Никола Тесла – светски научник чии пронајдоци ја променија модерната цивилизација

Големиот научник Никола Тесла се почитува и слави и во Хрватска и во Србија и во Соединетите Американски Држави и во целиот свет. Тоа го потврдуваат современите проучувачи на ликот и делото на Никола Тесла, кои го нарекуваат “Човекот што го измислил дваесеттиот век“ и “светецот – заштитник на модерниот електрицитет.“ Никола Тесла беше научник, […]

Вратени 16.952 текста објавувани од 2009 до 2026 година на порталот „Македонска нација“

Зачуван е најголемиот дел од богатата архива на порталот — текстовите повторно се достапни за читателите, а со нови материјали продолжуваме да го збогатуваме македонското историско и културно наследство. Во април 2026 година порталот „Македонска нација“ стана недостапен. Не знаеме со сигурност дали стануваше збор за хакерски напад или за друг проблем. За да продолжиме […]

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

To top