Дијаспора

БОШКО РАЈЧОВСКИ – ПЕЛИСТЕРСКИ НА РАСПЕТИЕ МЕЃУ ДЕТРОИТ И ФЛОРИДА (12)

1gra1

1gra1

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „БОШКО РАЈЧОВСКИ-ПЕЛИСТЕРСКИ“ ОД АВТОРОТ СЛАВЕ КАТИН

Според географските податоци, Соединети Американски Држави е федерална уставна република која се состои од педесет држави и еден федерален округ. Државата е сместена претежно во средишниот дел од Северна Америка, а нејзините 48 континентални дршави и Вашингтон се наоѓаат помеѓу Тихиот и Атланскиот Океан, граничејќи се со Канада на север и Мексико на југ. Федералната држава Алјаска се наоѓа на северозападниот дел на континентот, граничејќи со Канада на исток и со Русија на запад преку Беринговиот Проток. Федералната држава Хавана, пак, е архипелаг во средниот Тихи Океан. Соединетите Држави исто така имаат под нивна јурисдикција и неколку терирории и островски подрачја во Карибикот и Тихиот Океан.

Често пати се вели дека Америка е земјата на бизнисот и религијата. Тоа се потврдува со фактот што на тие богати простори век векуваат еден крај друг многу­бројни народи и нации од сите расни групи со различни ре­ли­гии и од сите континенти во светот. Меѓу нив, зна­чајно место имаат и Македонците, кои ги уживаат си­те права и слободи за развивање на своите на­цио­­н­ални чувства, на својата култура, религија и на сè она што  што го донеле и го чуваат од етничка Македонија и ја карактеризира нивната самостојност и са­мобитност.

Во минатото Маке­дон­ците на северноамериканскиот континент биле во по­­по­дре­дена по­ложба во споредба со емиграцијата на соседните зем­­ји на Балканот. Затоа биле пос­тојана цел на ту­ѓи­те пропаганди. Соседните земји, со свои­те освојувачки и аси­ми­ла­тор­ски апетити, насто­ју­ва­ле со сите сили и пер­фидни средства, да ги придобијат и да се наметнат на неорга­ни­зи­ра­ни­­те Македонци, со цел да ја деформираат и да ја потиснат нивната нацио­нал­на свест. Така заразени од туѓите проп­а­ган­ди, за жал, како религиозни луѓе некои се приклучиле кон (про)бугарски, (про)српски, (про)грчки пра­во­слав­ни цркви и други организации и клубови.

Ме­ѓу­тоа, положбата рапидно се смени по консти­ту­и­­­ра­ње­то на Република Македонија и осо­бено по об­но­ву­вањето на Охридската архие­пис­ко­пија во ли­цето на Македонската православна црква. Како резул­тат на тие придобивки, Ма­ке­дон­ците во Соединетите Американски Држави формираа многу македонски пра­вославни црк­ви, манастири, црковни општини македонски друштва, клубови и различни асо­ци­јации, отворија радија и ТВ-програми, започнаа да печатат весници, списанија и други инфор­ма­тив­ни гла­сила на македонски јазик.


1bos12 Детроит

Тоа при­донело во но­вите средини тие да се претстават како за­себна на­ција, со своја држава, со длабоки корени, со национална црква и со сите дру­­ги атрибути на еден народ во светот. Македонските иселеници за­ста­­наа на страната на вистината, со цел да го афир­ми­­­раат македонскиот народ и Република Маке­до­нија.

Америка отсекогаш била „ветената земја” за Европејците, односно народите од оваа страна на океанот. Тие се населувале на тој богат и по многу нешта карактеристичен континент од почетокот на освојувањето до денешни дни. Процесот на до­се­лу­вање непрекинато трае и, веројатно, ќе продолжи и во ид­нина. Во овој долг период на доселување, ако Њу­јорк станал центарот за Евреите и Италијанците, Лос Анџелес за Кинезите, Чикаго за многу народи и нации, тогаш Детроит е средиштето на Ма­ке­дон­ците од сите делови на Македонија.

Детроит, каде Бошко Рајчовски – Пелистерски за првпас стапна на емиканската земја е центарот на ав­то­мо­бил­ска­та индустрија и на други важни компании, затоа и станал „мека” за Македонците. Најголем број нашинци нашле сигурна егзистенција токму во автомобилските компании, а одреден број, особено доселениците од Тетовско отвориле фурни, ресторани, слаткарници, дуќани и средни индустриски капа­ци­те­ти, во кои работат голем број доселеници од Ма­ке­донија и пошироко од Балканот.

Детроит е велеград на езерото Ири – една од петте метрополи во Соединетите Американски Држави и седиште на ав­то­мо­бил­ски­те компании „Форд”, „Крајслер” и „Џенерал моторс”. Тоа е град на авионската и електронската индустрија, кој уште во 1796 година го формирале Французите. Исто така, Детроит е еден од големите центри на афроамериканското население, како и значаен културен, административен и спортски центар на тие аме­ри­кан­ски простори.

Флорида, пак, ккоја за Бошко Рајчовски – Пелистерски е вториот дом   е  интересна и значајна од север со границата на државата Џорџија, па до југ кај Флоридскиот Мореуз, кој е еден од најважните морски теснеци на Западната хемисфера. Често се вели дека богатите Американци не случајно ја одбрале Флорида, каде живеат претежно во есен и зима.

Таму има безброј убави интересни и по многу нешта карактеристични простори, за кои е потребно многу време за да се видат. Меѓутоа, одличната инфраструктура, поврзаноста со главните и споредни сообраќајници патувањето го прават пријатно и интересно.  

1oli1

Според пишаните материјали, меѓу другото, се вели дека Флорида е сојузна држава на САД, на полуостровот Флорида, помеѓу Атланскиот Океан и Мексиканскиот Залив, чиј главен град е Телахаси, но се чини Мајами е најзначајниот град, како и градовите Џексонвил, Темпа и прочуените  морски капалишта Мајами Бич, Палм Бич и Дејдона Бич. Флорида е пространа рамница, со песочни брегови и суптропска клима, со многу благи зими и топли лета.

Низ Флорида течат многу реки со бавен тек. Има голем број мочуришта и езера, а поголемо е езерото Окичоби. Туризмот е најразвиена гранка во САД, но, исто така, во Флорида е развиена и прехранбената, дрвната и други индустрии. По производство на минерални фосфати е прва во Западната хемисфера.

Инаку, Флорида ја открил шпанскиот истражувач Понсе де Леон во 1513 година. Под Шпанија била до 1763 година, потоа под Англија Се’ до 1983 година, кога повторна потпаднала под Шпанија. Во 1819 година Соединетите Американски Држави   ја откупиле од Шпанија, меѓутоа долготрајната битка меѓу Соединетите Американски Држави    и семинолските Индијанци оставила траги. Флорида е сојузна држава на Соединетите Американски Држави    од 1845 година. 

Таа е интересна и значајна од север со границата на државата Џорџија, па до југ кај Флоридскиот Мореуз, кој е еден од најважните морски теснеци на Западната хемисфера. Тој ја дели Флорида од Куба, а со тоа дели два различни света.

Во монденските летувалишта на Флорида – Форт Лодердел, живее Бошко Рајчовски – Пелистерски. Тој во текот на есента и зимата се преселуваат во Флорида. Инаку, Бошко Рајчовски – Пелистерски. во летниот период доаѓа во Македонија, во Љубојно и во Охрид, каде има свои живеалишта.

Продолжува

1slave 1 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Дијаспора

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

Македонците во Њујорк го кренаа знамето среде дожд и невреме за 35 години независност

Можат да се обидуваат да нè избришат. Но, и во еден ваков бурен и мрачен ден… ние сме тука. Над сто Македонци и пријатели на Македонија се собраа во срцето на Њујорк, покажувајќи дека љубовта кон татковината е посилна од дождот и невремето. На 26 септември 2026 година, и покрај дождот и силното невреме што […]

Никола Тесла – светски научник чии пронајдоци ја променија модерната цивилизација

Големиот научник Никола Тесла се почитува и слави и во Хрватска и во Србија и во Соединетите Американски Држави и во целиот свет. Тоа го потврдуваат современите проучувачи на ликот и делото на Никола Тесла, кои го нарекуваат “Човекот што го измислил дваесеттиот век“ и “светецот – заштитник на модерниот електрицитет.“ Никола Тесла беше научник, […]

Вратени 16.952 текста објавувани од 2009 до 2026 година на порталот „Македонска нација“

Зачуван е најголемиот дел од богатата архива на порталот — текстовите повторно се достапни за читателите, а со нови материјали продолжуваме да го збогатуваме македонското историско и културно наследство. Во април 2026 година порталот „Македонска нација“ стана недостапен. Не знаеме со сигурност дали стануваше збор за хакерски напад или за друг проблем. За да продолжиме […]

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

To top