Дијаспора

ПАТУВАЊЕ НА АНСАМБЛОТ „ТОМОВ“ ВО ОХРИД (28)

1ohe1

1ohe1

Фолклорниот ансамбл „Томов“ од Њујорк имаше успешни турнеи низ Македонија, за кои бројни написи беа објавени во разни информативни гласила. Во продолжение ќе поместиме серија написи од членовите на Ансамблот објавени во магазинот „Њузлетр“.

Ансамблот „Томов“ од Њѕјирк предводен од видниот македонски иселеник Џорџ Томов беше составен исклучително од Американци, ентузијасти, играорци, пејачи и музичари, а само уметничкиот директор и кореограф беше Македонец. Ѓорѓи (Џорџ) Томов, кој беше меѓународен професор и бард на историјата на македонскиот танц и на ората, што се основа на нашата цивилизациска меморија, ги преплави светските фестивали и сцени со својата бесконечна љубов и стана легенда на македонската дијаспора и на македонската интернационална судбина.

Ансамблот за народни игри и песни “Томов” со успех работеше во велеградот Њујирк. Ансамблот е формиран 1974 година со цел да ги прикажува на американскиот континент богатите игри и песни од Балканот, посебно од Македонија. Тој беше составен исклучиво од Американци, ентузијасти, играорци, пејачи и музичари, а само уметничкиот директор и кореограф беше Македонец.

Тоа беше единствен ансамбл во светот од ваков вид. Поголем број од членовите по занимање се професори, инженери, научници, кои своето слободно време го посветувале на убавите игри и песни од богатата македонска и балканска фолклорна традиција. Оригиналните игри на ансамблот “Томов” и’ се познати на македонската јавност уште од 1979 година.

Ансамблот „Томов”, во своето постоење имал постигнатно огромни резултати околу ширењето на македонската култура. Секоја година одржувал од 6 до 14 концерти во најпознатите светски сали: Карнеги хол и Линколн центарот во Њујорк, во Бостон, Вашингтон, Чикаго и многу други поголеми и помали градови во САД и Канада; настапувал на повеќе телевизиски станици во САД; учествувал на свеченото отворање и затворање на Зимските олимписки игри во Лејк Плесид, во 1984 година, и на специјалистичкиот концерт за свеченото отворање на островот Елис во 1990 година; има учествувано и на многу фолк-фестивали во Америка.

1ohe12

Старата чаршија во Охрид 

Овој текст на Џон Брандо се однесува на патувањата до Охрид. Во него се вели: „Наредното утро, на 5 јули, требаше да заминеме од Охрид и со автобус да одиме за Скопје за да стигнеме на време за ручек во нашиот хотел. За жал, ноќта пред тоа, кога дел од нашата група ги следеше зурлаџиите до езерото за да играат оро, една од девојките го оставила својот паричник во кој биле нејзиниот пасош, парите, итн., до едно дрво во темнината, но не можела да го најде кога сакала да се врати.

Тие отишле до хотелот и го разбудиле Георги (околу 2 часот по полноќ) за да му кажат што се случило. Ништо не можеше да се стори во тој дел од ноќта. Рано наредното утро, Ѓеорѓи отиде во полиција. Тие му рекоа дека пред нешто да се стори, исчезнувањето треба да се огласи во весници, а потоа да се чека 24 часа. Потоа, треба да се оди во Белград кој е главен град, со слики и слично за да се добие замена за пасош. Пасошот не се користи само за патување од една во друга земја, туку и секој пат кога се пријавувате во хотел, пасошот мора да се предаде. Пасошот ви е исто така потребен и при плашање со патнички чекови. ѓеорѓи одеше ваму-таму цело утро, обидувајќи се да најде излез од лошата ситуација.

Во меѓувреме, во хотелот, ние што останавме бевме спакувани и чекавме, спремни да се качиме во автобусот. Се разбира, имаше големи поплаки за доцнењето. Не знам како оние што се жалеа ќе сакаа Георги да реагираше. Тој сигурно немаше да си замине и да ја остави девојката сама да го реши проблемот. Тој нé извести дека веќе телефонирал повторно да ручаме во хотел Бисер во Струга на нашиот пат за Скопје. Не ги знам деталите како пасошот конечно беше заменет со нов, но дел од оваа епозода што ме ожалости беше личната загуба на Георги.

Подоцна, кога насамо разговаравме со Георги, Вендел и јас дискутиравме за искушенијата и маките да се биде водач на група и тој ни призна нам дека тој ден тој морал да плати за 50 порции ручек во Струга, исто така морал да плати и за оние 50 ручеци во хотелот во Скопје во кој имаше претходно резервирано, а во кој ние не успеавме да отидеме. Никому ништо немаше кажано за тоа. Прашав како може да посака било кога да води група повторно, а тој рече: ,,Работите ќе бидат подобри идната година…”

1ohe13 

Охрид

По живописното патување со автобус од Струга до Скопје, пристигнавме во хотелот Панорама на падините на ридот од кој имаше прекрасен поглед кон целиот град. Во 1963 година, силен земјотрес го разрушил поголемиот дел од градот, убивајќи повеќе од илјада лица. Го посетивме Етнографскиот музеј и бевме преплавени со чувства од величенствените народни носии изложени таму. Во новиот дел од градот, има продавници во кои се продаваат извезени кошули (почнувајќи од 20 долари).

Во стариот дел од градот, има продавници за опинци, но не од стариот стил. Една вечер, еден пријател на Георги донесе куп македонски народни носии во хотелот и многумина од нашата група купија носии од него. Друг приајтел на Георги од КУД ТАНЕЦ ни одржа играорна работилница едно попладне во хотелот, на отворената терасата надвор. Врвниот настан при наштио престој во Скопје беше величенствениот македонски излет што роднините на Георги ни го приредија.

 Ноќта пред тоа, набиле пет јагниња и во пекарата – откако лебот беше испечен околу 3 часот утрината – јагнињата беа ставени во релна да се печат. Наредното утро, родините направија салати и разни јадења, вклучувајќи мали колачи во шербет со мед за десерт. Отидовме со автобус на едно излетничко место (јавен тревник) каде тие беа донеле ќебиња што ги распослаа на земја за да седиме, секакви видови пијалоци, итн. Јадевме големи парчиња од мекото, тенко, сочно, сеуште топло јагнешко месо и од сите други прекрасени јадења додека не се заситивме.

Слушнав како еден го прашува другиот до себе: ,,Дали сакаш да се измиеш и избришеш?” А одговорот беше: ,,Ми треба бањање и сушење!” Потоа, Георги пушти народна музика на магнетофонот и ние игравме на тоа отворено место. Привлековме голем број попатни минувачи кои беа заинтригирани од различните ора што ние, необична група Американци, ги игравме. Како и самиот Георги, и неговите роднини се многу гостољубиви, дарежливи, со топли срца и мили.

Продолжува 

1slave 3 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Дијаспора

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

Македонците во Њујорк го кренаа знамето среде дожд и невреме за 35 години независност

Можат да се обидуваат да нè избришат. Но, и во еден ваков бурен и мрачен ден… ние сме тука. Над сто Македонци и пријатели на Македонија се собраа во срцето на Њујорк, покажувајќи дека љубовта кон татковината е посилна од дождот и невремето. На 26 септември 2026 година, и покрај дождот и силното невреме што […]

Никола Тесла – светски научник чии пронајдоци ја променија модерната цивилизација

Големиот научник Никола Тесла се почитува и слави и во Хрватска и во Србија и во Соединетите Американски Држави и во целиот свет. Тоа го потврдуваат современите проучувачи на ликот и делото на Никола Тесла, кои го нарекуваат “Човекот што го измислил дваесеттиот век“ и “светецот – заштитник на модерниот електрицитет.“ Никола Тесла беше научник, […]

Вратени 16.952 текста објавувани од 2009 до 2026 година на порталот „Македонска нација“

Зачуван е најголемиот дел од богатата архива на порталот — текстовите повторно се достапни за читателите, а со нови материјали продолжуваме да го збогатуваме македонското историско и културно наследство. Во април 2026 година порталот „Македонска нација“ стана недостапен. Не знаеме со сигурност дали стануваше збор за хакерски напад или за друг проблем. За да продолжиме […]

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

To top