Дијаспора

ВО КВИНБЕЈН ПРОМОВИРАН РОМАНОТ „ВО ПОТРАГА БЕЛИОТ ЛЕБ“ ОД ПИСАТЕЛКАТА ВЕЛИКА ЏАНГАЛОВСКА ГАТСИС

1kni12

1kni12

На 2.4. 2022 година во црковните простории на македонската православна црква „Свети Илија“ во Квинбијан, Австралија, се одржа  промоција на втората книга на писателката Велика Џангаловска Гатсис, романот под наслов „Во потрага по белиот леб“. Организатор на промоцијата беше Наум Трајчевски, кој воедно е и претседател на литературното друштво „Ванчо Николески“ од овој град, каде членува и писателката. Промотивна реч имаше Наум Трајчевски, а на промоцијата зборуваше и Сузана Митева, која е долгогодишна водителка на македоската радио рграма во Канбера. За богатата трпеза беше задолжена Дана Трајческа. На промоцијата беа присутни гости и љубители на книгата и пишаниот македонски збор од Мелбурн, Канбера и Квинбијан, а имаше и претставници од македонската Амбасада во Канбера на чело со амбасадорката, која исто така се обрати на присутните. Промоцијата заврши во свечена атмосфера, а на крајот сите гости се фатија и заиграа македонско оро.

Велика Џангаловска Гатсис е родена на 14. 12. 1956 година во стариот дел на Скопје во тогашното така наречено Ново мало. Потекнува од сиромашно и работничко семејство. Основното образование го започнува во основното училиште „11 Октомври“ во Скопје, а средното во хемиското училиште „Марија Склодовска Кири“ исто така во Скопје, насока чиста хемија. На возраст од дваесет и седум години се преселува во Австралија каде и денес живее со семејството.

Пишува проза и поезија, а има добивано и награди. Активен член е уште од самото основање  на литературното друштво „Ванчо Николески“ од Квинбејн и на литературното друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј.

Во 2020 година  го објавува својот прв роман, наречен „Курбан“, инспириран од вистинит настан.

1kni1

Во врска со романот „Во потрага по белиот леб“ Велика истакнува:

-„Во потрага за белиот леб“ е мојот прв напишан роман. Го пишував со голема љубов и му посветив многу внимание. Бев инспирирана од карактерот на мојот сопруг Христос Гатсис, кој со својата добрина кај секого влева сигурност и почит. Неговиот карактер го пренесов на главниот јунак од романов наречен Камен. Измачен и сиромашен Камен тргнува во далечна земја за подобра иднина, но патот до ветената земја не е секогаш послан со црвен ќилим, а работењето и живеењето таму е проследено со многу одрекувања, тешка работа и понижувања… Инаку, романот е плод на мојата фантазија но тоа не ни дава за право да помислиме дека сите доживувања на ликовите Камен и неговата сакана Мара не можеле да бидат и вистински. „Во потрага за белиот леб“ е приказна за една голема и непреболена љубов на двајца млади, кои се нашле во погрешно време на погрешно место, а што ќе биде понатаму ќе дознаете ако го прочитате романот. На крајот ја изразувам мојата голема благодарност до сите оние кои и помогнаа моите досега објавени  два романи да излезат од печат. Најмногу благодарам на синот Сем и снаата Морган Гатсис, како и на ќерката Хелен и зетот Алан Гасанов за моралната и финансиската помош за реализација на овој проект. Голема благодарност и до Душан Ристески кој е претседател на македонското литературното друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, кои се издавачи на двата романи. Благодарност и до рецензентот и техничкиот уредник Александар Донски и до Бубе Донска која ги изработи кориците на двата романи.

Во својата рецензија Александар Донски, меѓу другото, пишува:

„Без многу заобиколување веднаш ќе кажеме дека пред нас е еден извонреден  роман од писателката Велика Џангалоска-Гатсис што ќе остави соодветен впечаток на читателите. Романот „Во потрага за белиот леб“ нуди повеќеслојна oпсервација не само на животот на главниот лик Камен од повеќе негови аспекти, туку и на животот во Македонија од крајот на XIX и почетокот  на ХХ век. Авторката Велика Џангалоска-Гатсис има неспорен талент за осмислување и креирање возбудлива содржина неприкосновено и вешто манипулирајќи со фабулата, успешно водејќи го читателот низ сите фази, почнувајќи  од воведот, преку заплетот, кулминацијата, пресвртот, па сѐ до расплетот. Во овој социјално-љубовен трилер, делови од фабулата ненадејно блеснуваат пред читателот оставајќи го по малку збунет, но потоа постепено, низ дополнителни објаснувања и логичен след на настаните, сѐ си доаѓа на свое место.“

doomМакедонска нација

(М.Н.)

Најново од: Дијаспора

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

Македонците во Њујорк го кренаа знамето среде дожд и невреме за 35 години независност

Можат да се обидуваат да нè избришат. Но, и во еден ваков бурен и мрачен ден… ние сме тука. Над сто Македонци и пријатели на Македонија се собраа во срцето на Њујорк, покажувајќи дека љубовта кон татковината е посилна од дождот и невремето. На 26 септември 2026 година, и покрај дождот и силното невреме што […]

Никола Тесла – светски научник чии пронајдоци ја променија модерната цивилизација

Големиот научник Никола Тесла се почитува и слави и во Хрватска и во Србија и во Соединетите Американски Држави и во целиот свет. Тоа го потврдуваат современите проучувачи на ликот и делото на Никола Тесла, кои го нарекуваат “Човекот што го измислил дваесеттиот век“ и “светецот – заштитник на модерниот електрицитет.“ Никола Тесла беше научник, […]

Вратени 16.952 текста објавувани од 2009 до 2026 година на порталот „Македонска нација“

Зачуван е најголемиот дел од богатата архива на порталот — текстовите повторно се достапни за читателите, а со нови материјали продолжуваме да го збогатуваме македонското историско и културно наследство. Во април 2026 година порталот „Македонска нација“ стана недостапен. Не знаеме со сигурност дали стануваше збор за хакерски напад или за друг проблем. За да продолжиме […]

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

To top