Дијаспора

Интервју на мишо нетков со георге томов – дел II (32)

1mi6

904

Има луѓе предодредени, надарени. Целиот живот го минуваат во создавање, во творење на нешто свое, нешто автентично.

Го живеат својот животен сон, споделувајќи ја реалноста со својот народ без кој сонот не би постоел. Таков е нашиот јунак. Човек неуморен, со неверојатен творечки дух: скулптор, публицист, уметнички кореограф, основоположник на бројни македонски фолклорни асоцијации. Co еден збор – успешен амбасадор на македонското културно творештво на тлото на САД. Едноставен, скромен, човек од народот. Достоинствен и горд на древните македонски традиции. Тоа е Георги Томов, вели Мишо Нетков во своето интервју за МТВ.

Георги Томов: Во Америка постои една прекрасна книга која се вика Musical America, излегува еднаш годишно и овде во Америка ја нарекуваат „Библија за уметноста”. Тука, во неа, се главно, сите музичари од секој инструмент, оперски пејачи, секакви организации од цел свет кои претставуваат или се претставуваат да бидат претставени во светот.

Јас, за жал, во таа книга, бидејќи ми е секој ден во раката и ја употребувам за мојата секојдневна работа, во интернационалниот дел најдов само две македонски претставништва да бидат реклами-рани во светот. Тие се Охридското лето и Радио-телевизија Скопје. Жалосна слика. Не е само жалосно, туку и да се плаче Јас се надевам дека во Министерството за култура постои оваа книга.

Да видат дека во Македонија има огромен број фестивали кои се анонимни во светот. Тие треба да излезат од својата анономност. Вие знаете дека на Валандово може да ви дојдат 100-200 љубители на фолклорот од Европа и Америка да ги слушаат тие нови творби; Дека на Илинденски денови може да ви дојдат 500 души да го гледаат тој прекрасен македонски изворен фолклор; Дека на Охридско лето, па Скопско лето, па да не кажам; еве, за Оперските вечери што ги имате. Па тоа е жалосна слика што јас слушам дека е запоставено.

Денес, за Македонија да влезе во Европа, мора да и кажете дека имаме и култура и дека знаеме да организираме, дека имаме можности, имаме квалитети. Или вашиот Џез фестивал. Џез фестивалот во Америка го знаат. Цела Европа го знае, ама вие не го рекламирате. Рекламирајте го да ви дојдат туристи, љубители да го слушаат. Само на тој начин вие ќе можете да просперирате.

Јас се надевам дека  еден ден, сите оние кои доаѓаат да бидат министри за култура, треба да си најдат едно рамноправно место со сите други гранки за да можете да ја презентирате Македонија. Јас, малку подолго време, голем труд вложувам да се формира една институција во Њујорк која ќе биде претставништво на сите културни уметности во Македонија да се прикажат во светот.

9045Сандалович,  Ароновиќ и Георге

Една таква институција која ќе има една мала канцеларија во Њујорк ќе може да ги презентира не само групите, ансамблите, пеачи, инструменталисти, туку и уметници и сликари и скулптури и се што постои во Македонија. Само мораме малку посериозно да се зафатиме. Мораме малку, ако треба 5 центи или 5 денари да се дадат повеќе на културата – да се дадат за да може тоа да се презентира. Гледам овде Литванија Летонија, Словачка, Словенија – се извонредно застапени, тие си имаат свои претставништва.

Па ние, проштевајте, ама ниту по ништо друго не заостануваме зад нив. Ние имаме квалитетни уметници кои може секаде во светот и да ја презентираат нашата Македонија. Ние имаме позадина, имаме богата позадина. Историјата е на нашиот грб позади и не турка за да можеме да излеземе, не не задржува. Другите немаат многу такви „грбови” да ги туркаат, ама тие си прават. Самите си прават. Самите се буткаат, а нас не турка историјата и уметноста. Мене целиот живот што сум во Америка ми е посветен да можам на еден или на друг начин да ја презентирам таа македонска култура тука.

Стапувам во контакти со разни институции. Гледам да претставам многу македонски уметници тука во Америка оти знам, длабоко внатре, дека ние имаме можности, дека имаме квалитети, меѓутоа нашата организација е многу слаба. Ние, таму некако, штом се доаѓа на положба – се некако „смрзнува”, нема работа, нема активности.

Треба малку и дрско да се постават некои работи; треба, што велат Американците – пусх, пусх Значи, треба да се работи, не може да се стои. Годините изминуваат, ние си застануваме, се тапкаме во место. Дајте, излезете надвор од Македонија! Имате со што да се пофалите! Имаме прекрасни работи.

9046Шопска петорка

МТВ: Значајно е да се напомене и публицистичката дејност на Томов која што неминовно придонесува за натамошно ширење на македонското наследство на овие простори. Тој има објавено повеќе публикации кои најчесто содржат репортажи за Македонија, нејзините убавини и културно-историски вредности.

Георги Томов: Има еден фолклорен магазин, „Надеж”, кој излегува во 60.000 примероци во Денвер, Колорадо. Сопственикот на тој магазин ме замоли ако можам да направам една репортажа за македонскиот фолклор и за Македонија воопшто. Таа репортажа ја напишав и беше обја-вена во 1973. По неколку месеци бев повикан во југословенскиот Генерален козулат во Њујорк каде ме прашаа дали имам роднини во Македонија. Јас реков „да”.

Ми рекоа дека е многу голема грешка направена што во тој магазин јас напишав статија за етничка Македонија каде ги вклучувам Егејскиот и Пиринскиот дел од Македонија, како и дел од Албанија. Беа многу груби. Меѓутоа им реков дека јас сум американски граѓанин и јас во Америка имам слобода на пишување и слобода да зборувам што сакам. Според тоа, велам, тоа се факти и си останав на моето.

МТВ: „За изминатите години живеење и работа на македонскиот иселеник Георги Томов во САД се дознава една целина која го лансира на површина и го прави амбасадор на македонската култура и фолклор кој и денес продолжува да ги популаризира културните вредности на Македонија онаму каде што оди, а тоа ги вклучува САД, Канада и Австралија.”

Тоа се зборови на неговиот менаџер, г-динот Albert Kay, во последното писмо до Архивот на Македонија каде што Томов има подарено свој материјал и му е отворен личен фонд по име „Ѓеорѓи Томов-фолклорист” уште во 1992, признание и привилегија што не им се достапни на секој смртник.

Алберт Кеј (Albert Kay): Мојата компанија e Albert Kay Association of Concert Artist – Управа на концетни уметници.  Ние сме меѓународна компанија и многу сме среќни што Џорџ Томов е еден од нашите клучни кадри. Лично, се познавам со Томов веќе 35 години. Прв пат го запознав кога танцуваше во „Танец” и во КУД „Ладо” кои имаа турнеја низ САД и низ целиот свет. Кога емигрираше во САД, го убедив да се приклучи во нашата компанија и од тогаш одлично работи. Џорџ е истакнат стручњак за фолктанцот кој донесе голема слава на мојата компанија и на неговата родна земја.

Многу пати држел предавања на многу американски и канадски универзитети и во музеи. Сметам дека е најистакнатиот амбасадор на Македонија, зашто преку неговите предавања и настапи, донесе податоци за неговата татковина во многу места во Соединетите Американски Држави и во Канада.

Толку ја сака Македонија, што не можам да ви опишам. Кога е надвор од компанијата, 99% од времето го минува во проекти за промовирање на доброто на неговата татковина која многу ја сака. Секогаш е голема радост за мене и за моите соработници кога ќе добиеме весник од Македонија и кога ќе видиме статии за г-дин Томов. Тој навистина го заслужува признанието што го добива и мислам дека Република Македонија има прекрасен амбасадор за културата и фолклорот, а тоа е Џорџ Томов.

Георги Томов: И така, со тоа што го формирав Ансамблот, јас дојдов до голем број народни носии и располагам со еден голем фонд. Co отворањето на новата сала во Црквата Св. Кирили и Методиј или како го викаме Културен центар, ќе гледаме да ги сместиме тие народни носии и накити да бидат изложени и прикажувани за американската публика.

Јас се надевам дека моето присуство меѓу нашите тука и понатаму ќе биде корисно за Македонците и за Македонија и според тоа, сакам да кажам, дека не мислам да се вратам во Македонија. Оти на вас не ви е потребен еден пензионер повеќе таму, туку еден постар и искусен човек меѓу Македонците во Америка кој може да и послужи повеќе на Македонија воопшто, на мисијата за неа овде во светот.

Продолжува 

1slave 3 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Дијаспора

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

Македонците во Њујорк го кренаа знамето среде дожд и невреме за 35 години независност

Можат да се обидуваат да нè избришат. Но, и во еден ваков бурен и мрачен ден… ние сме тука. Над сто Македонци и пријатели на Македонија се собраа во срцето на Њујорк, покажувајќи дека љубовта кон татковината е посилна од дождот и невремето. На 26 септември 2026 година, и покрај дождот и силното невреме што […]

Никола Тесла – светски научник чии пронајдоци ја променија модерната цивилизација

Големиот научник Никола Тесла се почитува и слави и во Хрватска и во Србија и во Соединетите Американски Држави и во целиот свет. Тоа го потврдуваат современите проучувачи на ликот и делото на Никола Тесла, кои го нарекуваат “Човекот што го измислил дваесеттиот век“ и “светецот – заштитник на модерниот електрицитет.“ Никола Тесла беше научник, […]

Вратени 16.952 текста објавувани од 2009 до 2026 година на порталот „Македонска нација“

Зачуван е најголемиот дел од богатата архива на порталот — текстовите повторно се достапни за читателите, а со нови материјали продолжуваме да го збогатуваме македонското историско и културно наследство. Во април 2026 година порталот „Македонска нација“ стана недостапен. Не знаеме со сигурност дали стануваше збор за хакерски напад или за друг проблем. За да продолжиме […]

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

To top