Дијаспора

СУДБИНАТА И ВИСТИНА ЗА ЕВРЕИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА (3)

1vaw

1vaw

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ИЗРАЕЛ И МАКЕДОНИЈА“ НА СЛАВЕ КАТИН

Кога се пишува за мрачен дел од историскиот развој на Евреите во Македонија треба да се каже дека тоа има една друга димензија. Имено, судбината се поиграла со Евреите во април 1941 година, кога бугарската војска, која била сојузник на Силите на оската, навлегла во Македонија и окупирала голем дел од територијата.

Така, на 4 октомври 1941 година, Бугарите вовеле закон со кој меѓу другото им забраниле на Евреите да бидат на каков било начин вмешани во општеството. Малку подоцна, Бугарите ги собрале речиси сите Евреи од Битола и ги преместувале во посиромашни и помизерни делови за живеење.  Наскоро, во 1942 година, Бугарите во Македонија и Егејска Македонија (северна Грција) започнале со депортирање на Евреите.

Во ноќта меѓу 10 и 11 март 1943 година, биле уапсени сите Евреи во Македонија и затворени во Монополот, во Скопје, кој тогаш бил привремен концентрационен логор. Според евиденцијата на тогашните бугарски и германски фашистички окупаторски власти, биле уапсени 7.144 Евреи, потоа транспортирани во тогаш окупираната Полска, во логорот на смртта Треблинка, каде што биле егзекутирани.

Во спомен и сеќавање на погубените Евреи, во Скопје е изграден Музејот на холокаустот, кој по музеите во Ерусалим и Вашингтон е трет музеј во светот и прв во Европа посветен на жртвите на холокаустот.

Во оваа пригода сакаме да потенцираме дека. како македонски Канаѓани, или како канадски Македонци сме патувале во многу места во светот. Сме виделе и сме истражиле многу земји, нивните истории, култури, народите и нивните религии, политиките и сите аспекти од нивниот живот. Во текот на нашите патувања и посети на над педесет земји, научивме многу од нивните народи, култури, истории од секоја земја поединечно. Многу од земјите треба посебно да се почитуваат, некои не‘ импресионираа повеќе, некои помалку, а ни една земја во светот не’ не восхити со своите постигнувања како што тоа го направи Израел и еврејскиот народ.

Инаку, според некои непотврдени информации и прабабата Кира на Славе Катин имала еврејско потекло и поради тогашните состојби на Евреите во Грција пребегала од Солун во селото Нивици, во Преспа.. Потоа се омажила за Ристо Грпчев во Наколец во Преспа, каде ја родила ќерката Ката, која се омажила за Алексо Грежлов во Љубојно, а по која авторот на овие текстови, нејзиниот внук од ќерката Сандра, Славе Николовски (Грежловски) го носи надимакот Катин.

Во исто време да се патува по „Светата земја“ е голем предизвик, зашто таквото патување е повеќе од секое друго; таму се патува низ библиската земја, во земјата на пророците и патријарсите, низ земјата на царевите, земјата на апостолите… Да се чекори по земјата на Христовото детство, по бреговите на реката Јордан, на Галилејското Езеро и на Мртвото Море, по земјата осветена од Исуса Христа е ретко доживување за секој христијанин, за секој човек без разлика на неговите религиски убедувања и верувања.

Прв пат, но не последен го посетивме Израел во 2001 година, а спомените ни се враќаат постојано и многу пати од тогаш до денес. Сме имале средби, другарувања и разговори со голем број Евреи не само во Израел туку и ширум светот. Затоа увидовме некои посебности во убавината на двете земји и народи, а во исто време огромни сличности во нивните судбини, минато, сегашност и иднина, како и предизвиците со кои тие се борат со текот на вековите.

Што е тоа и зошто Израел напредува многу повеќе во споредба со Македонија, во многу аспекти од животот; на економски план, во религијата, културата, земјоделството, армијата, соседството, дијаспората… Тие беа прашањата кои не‘ заинтригираа, а кои се обидовме да ги елаборираме во ова дело. Сакавме да видиме како Израел ги решава прашањата и проблемите, слични на оние што Македонија се соочува денес. Како и што треба да се учи од Израел и еврејскиот народ, што би помогнало на Македонија и македонскиот народ за подобрување на иднината на државата, нејзината економија и живот во целина? 

Исто така, преку репортерските записи од патувањата по „Светата земја“ во кои се дадени бројни податоци, нашата цел во ова дело е да ги запознаеме Македонците во Татковината и во дијаспората со историскиот развој на Израел, периодот на Исус Христос, со јудаизмот и христијанството, како и со вистината за Израел и Евреите.

Од друга страна, пак, нашите намери се на Евреите да им презентираме дел од историските факти за Македонија и македонскиот народ од времето на Филип и Александар Македонски до денес. Потоа, нашата цел е да го прикажеме историскиот развој на Македонската православна црква, на Македонците во соседните земји и во дијаспората, на Евреите во Македонија, со што читателот ќе може да добие поцелосна слика за судбината и вистината на македонскиот народ и на Македонија

Од нивното тело, значи, се издвоиле главните светски религии. Тие се, за жал, први меѓу најпроколнатите, најмасакрираните, најраселуваните и најистребуваните народи на Земјината топка. Антисемитизмот со векови е жива филозофија, а и денес опстојува во арапскиот свет.

Иран и други милитантни исламисти сонуваат да ја збришат еврејската држава од светските мапи. За своето парче земја, значи и денес Евреите стравуваат и одвреме-навреме војуваат, па, сепак, никогаш не се доведува во прашање нивниот идентитет. Зашто, идентитетот не е ниту закопан во земјата, за да мора да се откопува, ниту, пак, треба да се бара во светите книги, во Тората, Коранот, Библијата, во стотиците камени гробови на царевите и благородниците погребани во подножјето на Маслиновата Гора

На почетокот од минатиот век, Евреите од Јафа, старото утврдување на морето, поради честите конфликти со Арапите со кои живееле, решиле да излезат од стариот град и крај брегот почнале да го градат Тел Авив. Денес Тел Авив е административен центар на Израел. Таму се наоѓаат сите странски амбасади, но, сепак, Тел Авив не е главниот град на светата држава Израел.

Сетот (со исклучок на САД) не го признава Ерусалим за престолнина на Израел, иако таму е Кнесетот, израелскиот Парламент, Владата и клучните министерства. Најмоќните земји светиот град го сметаат за спорен, зашто Арапите имаат претензии кон Источен Ерусалим, каде што се мнозинство. Но Евреите немаат проблем со таквиот однос на Запад. Се плашат само доколку загубат дел од териториите каде што сега се Палестинците, да речеме Западниот брег, кој е под нивна окупација, може да им биде загрозена државата. За идентитетот не се плашат.   

Продолжува 

1slav kat Пишува Славе Катин

Најново од: Дијаспора

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

Академик Ферид Мурат – американски нобеловец и пријател и Македонија

Академикот Ферид Мурат е познат лекар и фармацевт во Соединетите Американски Држави. Најголемиот дострел на полето на науката го постигнал во 1998 година, кога ја добил Нобеловата награда за физиологија и медицина. Тој е роден во Вајтинг, Индијана, мајка му е Американка родена во Алтон, Илиноис, а татко му е Албанец од село Лакавица, Гостиварско. […]

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

To top