Дијаспора

ДАНА СКЕНДОВА И БЛЕР СКОТЛАНД – АФИРМАТОРИ НА МАКЕДОНИЈА ВО КАНАДА (2)

1del1

1del1

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „СЕЌАВАЊА“ НА ДАНА СКЕНДОВА – СКОТЛАНД ОД ТОРОНТО 

Судбината Дана Скендова – Скотланд била, да ја напушти Македонија во немирните времиња исполнети со прогони, неправди, страв и се’ она што може да го донесе војната и недемократските системи. Патот ја однел на повеќе балкански простори, за на крајот да се пресели во Канада, каде Дана со своето семејство живее повеќе од педесет години. 

Меѓутоа, иако ова доблесна Канаѓанка од македонско потекло со семејството живее во демократска Канада, во нејзината втора татковина, таа остана доследно на својата вековна македонска национална припадност и на своите дедовски корени во Македонија.

Животната приказна на Дана Скендова-Скотланд е, истовремено и еден вид сторија и историска вистина на Македонија, а преку неа и на македонското иселеништво. Тоа е особено изразено со нејзината Автобиографија за нејзиниот животен пат, каде сублимирано се проектира најновата фаза на историјата на една скромна иселеничка која е на распетие меѓу Македонија и Канада. Со тоа значењето  на оваа автобиографија, која ја подготви авторот на овие редови Славе Катин, ги надминува рамките на обично дело за животот на едно македонско семејство надвор од Македонија.

Со право може да се рече дека Дана Скендова Скотланд е голем приврзаник и почитувач на втората татковина–демократска  Канада и родната Македонија и дека таа е  еден вид мост меѓу Македонија и Канада. Тоа се потврдува со зборовите на Дана, дека треба човек да се бори за својата иднина, да ги чува семејните обичаи, традициите, религијата, мајчиниот јазик, културата и сите други придобивки со цел да остави трајни белези за идните  генерации, кои треба    да ги продолжат древните македонски вредности.

Дана, покрај тоа што е вљубеник во Торонто, во канадскиот живот, демократските процеси и слободи, таа е голем роднокраен поборник и вљубеник во македонскиот поетски пишан збор, во македонското духовно живеење и македонската заедница. Во исто време со своето скромно поетско постигнување е позната, докажана и призната  во македонската заедница во Торонто, особено преку Литературното друштво „Браќа Миладиновци” што е во рамките на МПЦ „Свети Климент Охридски” во Торонто. 

Во автобиографијата на Дана Скотланд се прави обид да се фрли светлина врз нејзиниот животен пат. Трудот е компониран во неколку дела, во кои секој има по повеќе глави, претставувајќи хронолошка и тематска заокружена целина, иако во основа тие меѓусебно се надоврзуваат и се дополнуваат. Во делото се поместени голем број фотографии и други материјали кои треба да придонесат за поцелосно запознавање на нејзината многустрана значајна личност.

Дана Скотланд е медицинска сестра и е хуманист, човекољубец, помагач и волонтер во многу организации. Така, таа, меѓу другото, е Член во Комитетот за контрола (архивски секретар) на црквата „Свети Климент Охридски”, Член на Женската секција на Македонската православна црква „Свети Климент Охридски”, во “Македонски детски фонд,, член на Организацијата „Обединети Македонци”,на Македонско историско друштво на Добротворното друштво „Неволјани” и на Женското здружение „Неволјани”. Дана Скотланд, меѓу другото  е добитник на Награда за волонтирање 1993 – 10 години од Канадско-македонското здружение

За авторот на овие редови посебно значење е и еден друг факт. Тоа е познанството, пријателскиот однос и добрите релации на нашите родители од пред педесетина години до денес. Затоа и мојата лична благодарност кон Дана и нејзиното семејство за укажаното внимание и чест да ја уредам, преведам и отпечатам оваа значајна автобиографија, дело со дел од интересната животна сторија на Дана Скендова – Скотланд и нејзиното почитувано семејство, која се чита во еден здив.

Исто така, во монографијата се дадени податоци за нејзиниот сопруг Блер Атол Мур Скотланд кој бил роден во болницата „Свети Јосиф” во Торонто, на 26 јуни 1940 година, и бил помладиот син на Џорџ Скотланд и Елена Харви Скотланд, кои биле од Шкотска.

1del12

Блер учел во државното училиште „Свонси”, но ја имал таа привилегија да го посетува колеџот „Свети Андреј”, приватно училиште за момчиња во Аурора. Колеџот „Свети Андреј” бил во интернат и секое утро учениците морале да стануваат рано, да го наместат креветот, да ги светнат чевлите, да одат на молитва во капела, а потоа да појадуваат. Секоја недела учениците оделе в град да присуствуваат на служба во некоја црква по нивен избор.

Уште од рана возраст Блер имал дарба за спорт и токму тука имал можност да учествува и да игра во многу спортски тимови како што се:  крикет, ватерполо и фудбал. Амбицијата на Блер во тоа време, според писмото од директорот, била да стане одбранбен играч во фудбалскиот тим. Морал да оди на лекарски преглед пред да учествува во каква било спортска активност и откако утврдиле дека има срцев шум, не му дозволиле повеќе да спортува.

За Блер немало здравствени правила што ќе го спречат да учествува во кој било спорт бидејќи тој е роден спортист. Во младите години играл хокеј каде бил голман. Учествувал на спортските натпревари „Хамберсајд” и бил одбранбен играч во фудбалската екипа на средното училиште и шампион во пинг-понг. Преку бизнисот, членовите на неговото семејство биле членови на „Вестон голф” и „Кантри клуб” и како јуниор Блер бил брилијантен во голф и ветувал голема иднина, но, за жал, го напуштил интересот за овој спорт, но продолжил да игра колку што можел почесто. 

Блер живееше и дишеше за спортот и имаше радиофоничен спикерски глас. Можеше да ги рецитира составите на тимовите и статистиката за секој играч во Големата лига, бејзбол, фудбал, хокеј, и за тековните и за многуте години наназад. Секогаш зборуваше за неговата желба да стане спортски коментатор.

Сепак, по завршувањето на средното училиште, Блер се приклучил во семејниот бизнис на татка си и брат му и останал таму додека компанијата не се продала во 1984 година. По продажбата на компанијата, Блер работел во фирмата „Декорал пеинтинг”, како менаџер на канцеларијата, во „Симпсон” со скратено работно време, а потоа 25 години работел во „Сеарс”до неговото пензионирање во јуни 2012 година.

Блер не знаеше ништо за Македонија и за македонскиот народ. За една недела, направи истражување и набргу доби низа сознанија за историјата на македонскиот народ. Поради неговата љубов кон Дана, Блер го прифати народот, културата и религијата. Се запиша во македонско училиште и две години учеше со професорката Софија Росовска и таа навистина беше импресионирана од неговата трудољубивост.

Научи да чита и пишува македонски, но јазикот му беше предизвик. Уживаше во музиката и играше ора. Имаше голем апетит и ја ценеше храната, посебно домашно вино и зелник. Работеше во градината и, освен цвеќињата, научи како да сади пиперки и домати, главни продукти во секој македонски дом, а исто така во нивниот дом растеше и здравец (цвеќе што носи здравје во куќата). Всушност, Блер стана вистински амбасадор за Македонија.

Продолжува 

1slave 1 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Дијаспора

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

Академик Ферид Мурат – американски нобеловец и пријател и Македонија

Академикот Ферид Мурат е познат лекар и фармацевт во Соединетите Американски Држави. Најголемиот дострел на полето на науката го постигнал во 1998 година, кога ја добил Нобеловата награда за физиологија и медицина. Тој е роден во Вајтинг, Индијана, мајка му е Американка родена во Алтон, Илиноис, а татко му е Албанец од село Лакавица, Гостиварско. […]

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

To top