Дијаспора

Дијаспората не може да се помири што власта стави параф на „Преспанскиот договор“

 

Потпишувањето на Преспанскиот договор го уништува македонскиот идентитет, а власта можеше тоа да го спречи – треба посилно и похрабро да ги браниме националните интереси – активистите од дијаспората согласни дека македонските власти можеа да најдат поинаков начин да се реши долгогодишниот спор, без да се даде толкава жртва.

Македонскиот активист во Германија Александар Бузлески вели дека неуспешниот Референдум и го покажа патот на власта дека не треба да го потпише Договорот од Нивици.

Безпредметно е да разговараме за успешноста на Референдумот, бидејќи е направена вештачки од марионетската власт. Дијаспората го изрази незадоволството и на улица и на социјалните мрежи. И во Германија беа организирани протести. Јасно е што мисли дијаспората во однос на тоа прашање. Дали Власта можеше да го избегне Договорот? Требаше. Требаше да се искористи пресудата од Хаг, со 14 спрема 1, требаше да се зголеми дипломатската активност на меѓународно ниво. Можеше да се искористи дијаспората и нејзиниот непроценлив потенцијал. Со добра умешност и добра дипломатија можеше да се избегне Преспанскиот договор – вели македонскиот активист во Германија, Александар Бузлески.

„Дијаспората е дел од државата, ние придонесуваме за Македонија и уверени сме дека имаме право да учествуваме во одлуките кои се од национално значење“, вели Ана Дукоска активист во САД, која многу пати организираше протести и повикуваше на обединетост пред да се потпише Договорот.

Години уназад, имаше преговори за промена на името и тие преговори не вродија со плод, како што тоа го направи оваа нелегитимна влада Преспанскиот договор. Сите кои живеат надвор од Македонија, има и можност и решение како и за Преспанскиот договор така и Договорот со Бугарија кој се спрема сега. Не треба да правиме отстапки и треба посилно и похрабро да ги браниме нашите национални интереси – вели активистката во САД, Ана Дукоска.

Протести се одржуваа и во Австралија, каде присуствуваа илјадници Македонци и јасно беа против потпишување на таков Договор. Активистот од Македонската заедница во Австралија смета дека Преспа 2018 го уништи македонскиот идентитет.

Имавме протести на кои присустуваа над 60 000 Македонци, дека не смее да се промени името. И во  Собранието и со Референдумот кој не беше успешен, но да кажам за Македонците во Австраија, и за сите Македонци во други места, имавме пуштено писма до Владата, се боревме да го зачуваме нашиот идентитет. Овде сите не нарекуваат северномакедонци, дека нашата држава е Северна Македонија. Не доведоа до една ваква состојба каде се наоѓааме посрамотени, деградирани, понижени, немаме достоинство бидејќи сите ни велат „Па вие доброволно го дадовте името“. Што е единствен случај во светот – вели активистот во Македонската заедница во Австралија Ицо Најдовски.

Гласни против Преспанскиот договор воп дијаспората не беа само македонците кои се иселиле од сегашна Македонија, туку и десетици илјади кои потекнуваат од Егејскиот дел од кои Македонија со потписот на Договорот од Преспа се откажа.

Адријана Алексиеска 

АЛФА Национална телевизија

Најново од: Дијаспора

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

Македонците во Њујорк го кренаа знамето среде дожд и невреме за 35 години независност

Можат да се обидуваат да нè избришат. Но, и во еден ваков бурен и мрачен ден… ние сме тука. Над сто Македонци и пријатели на Македонија се собраа во срцето на Њујорк, покажувајќи дека љубовта кон татковината е посилна од дождот и невремето. На 26 септември 2026 година, и покрај дождот и силното невреме што […]

Никола Тесла – светски научник чии пронајдоци ја променија модерната цивилизација

Големиот научник Никола Тесла се почитува и слави и во Хрватска и во Србија и во Соединетите Американски Држави и во целиот свет. Тоа го потврдуваат современите проучувачи на ликот и делото на Никола Тесла, кои го нарекуваат “Човекот што го измислил дваесеттиот век“ и “светецот – заштитник на модерниот електрицитет.“ Никола Тесла беше научник, […]

Вратени 16.952 текста објавувани од 2009 до 2026 година на порталот „Македонска нација“

Зачуван е најголемиот дел од богатата архива на порталот — текстовите повторно се достапни за читателите, а со нови материјали продолжуваме да го збогатуваме македонското историско и културно наследство. Во април 2026 година порталот „Македонска нација“ стана недостапен. Не знаеме со сигурност дали стануваше збор за хакерски напад или за друг проблем. За да продолжиме […]

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

To top